Aj ako sakate kazete mi dali so ova dieta otkako ke prestanesse vrakaat kg Odnapred blagodaram [mod-kirilica:1it1yg2x][/mod-kirilica:1it1yg2x]
epa so ogled na toa kako mojot organizam se brzo si vrakase ...poteshko se vrakaat no kako i sekoj shto bi ti rekol deka posle sekoj rezim bidejki e REZIM mora otposle da se pripazuva i popoleka da se vrakaat nekoi namirnici...kako i da e ne e teshka dietata samo jas ja drzev taa verzija kade namesto pola sholja jogurt(sho mi e non sens,jas ja imav vrzijata so kanche kiselo mleko)ali drugoto se e isto.pozdrav i da se obideme a?!?)) [mod-kirilica:23rt5ac4][/mod-kirilica:23rt5ac4]
Kакви крекери јадевте додека ја држевте диетата.?? Јас си земав од овие http://www.doma.com.mk/artikal.aspx?ArtikalID=6710
Мене од летото не ми се вратија,се до пред нова година,имав околу 2 и пол кг повеќе,ама бев пред добивање.Вчера се мерев,пак сум на саканите кг. Не знам до што е,повеќе фактори се во прашање.Ама јас и вежбав додека ја држев диетата и сеуште вежбам,а јадам се што ми душа сака,но и онака не сум лапач,па тоа е релативно малку.
Јас ја започна диетава вчера, ја имам држено многу одамна, првиот пат направив страшна утка, не ги јадев намирниците по редослед, туку од доматот и краставичката една салатичка за мерак, па двопекот со киселото млеко, мх, мераци, но дури и тогаш имаше резултати. Потоа ја истерав како што треба, но само 2 x 5 дена. Најголем проблем ми е делот наречен портокал, па домат по него, но правам пауза од некои 15-20 минути помеѓу таквите намирници и тоа е тоа. Ми одговара баш оваа диета, зашто се' ми е лесно достапно, а кога си на работа до 17 часот и немаш некој преголем избор и слобода да изведуваш со ваков или онаков оброк, нели? Овојпат планирам да ги истерам сите 3 недели со ред, почнав и да вежбам и да се масирам со антицелулитен крем. Се мислам само дали смее да се пие некоја чашка кафе плус, не можам ниту јас да се сетам - смееше или не? Да бидам искрена, кој навистина ја издржува диетава се пофалил со прекрасни резултати и ретко кому му ја пореметил крвта. Јас пак мислам дека обратно е-дека го регулира притисокот, шеќерите, итн, итн... Можеби грешам, поправете ме ако не е така. Многу сум доследна на диетите инаку, не менувам ама баш ништо, ако е двопек - ќе е двопек, ако е мелено јунешко - ќе е мелено јунешко...
Кога се придржуваш до се друго во диетата и не правиш никакви отстапки, имаш по една чаша кафе плус дневно од мене , мислам ако сакаш да си точно по сите правила не би требало, но јас правев многу отстапки освен што пиев кафе и не ги јадев по ред, правев некои замени на намирниците и пак имаше резултати. Инаку имам читано дека кафето го забавува процесот на слабеење па најверојатно затоа во оваа диета е ограничено.
како тоа дека кафето го забавува организмот,јас сум читела и не само тоа по мене знам дека го забрзува метаболизмот,
Го забавува процесот на слабеење, не метаболизмот, а не знам како тоа така имам прочитано, ама кога ќе почнеш да читаш ќе сретнеш многу контрадикторни работи, па така да,најдобро е да си го запознаеме својот организам и да видиме што му годи а што не.
Трендафилка,можеш да пиеш кафе колку сакаш.Јас сум кафе зависник пијам во просек 4 шољи на ден и тоа бабачко,па не ми беше проблем за диетава. И искрено,оваа диета е едниствена која ми помогна и тоа 7 дена во континуитет.Ништо лошо не ми се случи,симнав колку што требаше и ги немам качено пак,дупло,па дури и повеќе.Од тогаш варирам со тежината како и секој нормален човек во зима,плус-минус 2 и пол кг,можда и три да било,ама брзо паѓале и зависело од пмс повеќе,отколку нешто друго и пак си имам тежина како што треба и е пожелно,ма да жена ко жена и 45 кг многу би ми биле.
а јас па имам слушнато дека секоја шоља кафе 30% од изедената храна ја согорува..... т.е дека кафето согорува калории, и учествува во брзото слабеење edit- Јас сум кафе зависник пијам во просек 4 шољи на ден и тоа бабачко,па не ми беше проблем за диетава. и јас по 4 големи филџани, оние за чај дури
Денеска е 5-от ден, и освен едно кафе + во целата недела, една шумлива таблетка калциум денес, друго не мрднав од продуктите, ама баш ништо. Задоволна сум, се забележува разлика, се надевам дека во следните два дена нема да има јо-јо ефект (секако, доколку не јадам неконтролирано) и од понеделник продолжувам пак. На ум сум да ја истерам 6 циклуси, па ќе видиме... Инаку , диетата си нема маана, има доволно храна, плус јас помеѓу секоја намирница правам пауза некои 3-5 минутки, а јадам полека (или барем се учам да го правам тоа) и ми се фаќа некаде 30-40 минутки оброк, што е супер. И не пројавува никакви нус-појави... Засега Tу би континјуд...
^И мене диетава ептен ме бендисува и ја држев неколку циклуси и немав никаков проблем. Е сега и јас ко тебе Трендафилке некогаш си правев салатка од доматите или го ставав двопекот во киселото млеко ама сепак резултати имаше. Само кога бев на ендокринолог и разговарав со докторката за начин на исхрана и кажав дека јадам по оваа диета и не беше воодушевена од аспект дека не е добро за холестеролот да се јадат толку јајца во континуитет. И дека оваа диета е наменета за брзо симнување на килограми а не да се користи како режим на исхрана (што мене ми е потребно) но сепак мислам дека 6 циклуси не би требало да прават проблем! Со среќа!
Ова е третата недела од диетата и има резултати, не викам дека нема, но повеќе се забележува по облеката. Сега, се прашувам - дали да ја држам и наредните три недели? Некако ентузијазмот ми спласнува, многу бавно оди оваа недела и пол, или треба токму сега да се издржи - па наредните три недели ќе има екстра резултати? Или ќе си тапкам во место? Совет женски, молам. Само немојте, да велите - прекини ја и внимавај на исхраната. Да можеше така, ќе можеше и без диетава. Граница си е граница, мене ми е потребна.
Здраво на сите! Нова сум на форумов и ова ми е прв одговор и баш на тема диети Трендафилка, диетава ја држев минатата година, пред свадба и тоа без престан околу 2 месеци. Резултатот беше 11 кила помалку, а крвната слика после диетата ми беше подобра од било кога. Сите што ја држеле знаат дека најтешко е тоа што се се јаде одделно и последователно, ама па затоа од сите диети до сега оваа се покажа како најлесна. Бев секогаш најадена а резултати имаше, полека но сигурно Мое мислење и од искуство дека не мора да ја прекинуваш, колку што имаш нерви до тогаш терај ја. Крвна слика обавезно, ќе видиш и таму добри резултати, кај мене доктроката дури и изненадена беше
Трендафилка, и јас ти викам да си ја продолжиш! Во секоја диета, имаш брзи резултати првите 2 недели, и потоа нагло се смалува губење на килажа, т.е можно е и да се стопира слабеењето и тоа трае од прилика 10тина дена, ама затоа после тоа па нагло ќе симнеш кила! Најтешко е оноа реалното топење на масти Водата од организамот брзо се исфрла, ама мастите одат потешко! продолжи ја, дури и да слабееш пола кило на 5 дена, зашто реално подобро ти е пола кило да слабееш, отколку да се дебелееш!А верувај ми тоа пола кило ќе биде она реалното сало, а не водата како во првоте 5 дена од секоја диета. И јас сум иста ко тебе, не може граници да си наоѓам, тоа не е за мене! Или држам диета, или ќе си јадам нормално Ти имаш цврст карактер, и ќе видиш дека ќе издржиш барем уште 2 тури, па после ако веќе ти се здосадила диетава, најди си некоја друга!
Знам дека на почетокот пишував дека е лоша диетата,но најефикасна е. Јас завршив во болница ама ја држев диетата лето на 40 степени и плус легнував касно некаде околу 4 часот по полноќ па затоа и огладнував. Сега планирам пак да ја почнам, не можам веќе да се расправам со режими на исхрана, сакам да ги откачам ови 5-6 кг плус што ги имам, па затоа се решив пак да ја почнам. Но наместо крекери јас ќе јадам двопек, интегрален, не е толку калоричен бидејќи во 100 грам има оклу 360 калории, а со 3-4 парчиња дневно нема да ми се смени ништо, а и јас оваа диета ја знам со двопек и кисело млеко. Е сега иам дилема дали место плескавицата може да јадам варено телешко или варено пилешко? И дали менува телешкото да го замениш со пилешкото?