Здраво феминки, јас сум нов член на форумов, па би сакала доколку и вие сакате да размените мислење и ваш став на оваа тема. Завршив средно медицинско при " СМУГС Панче Караѓозов " смер медицинска сестра , исто така завршив и висока школа "Уким Медицински факултет " - смер медицинска сестра . Имам голема желба и мотивација да отидам конкретно во Германија, пред све да не се лажеме затоа што е платено, потоа затоа што сметам дека има подобри услови за живот, затоа што таму професијата како медицинска сестра е далеку поценета и попризнаена од тука , затоа што пред све таму те третираат како човек а не роба итн. Имам познавање на Германски трет степен А2.1 и знам дека не е доволно но планирам да продолжам таму на курс затоа што и онака е задолжителен . Би сакала некој да сподели искуство доколку е таму , на пример кои документи се потребни , на кој начин или преку која агенција е отиден, како е со кирии , станови, колку време е обуката ... И секако доколку некоја феминка има слични планови како мене ќе ги удружиме силите па може и заедно да заминеме . Би ни било од помош и на двете. Се надевам дека ќе споделите мислење и искуство на оваа тема . Поздравче .