Годинава сум матурантка, и се двоумам меѓу медицински или стоматолошки факултет. Инаку сум средно стручно-фармацевтски техничар.Татко ми е стоматолог со сопствена ординација, па затоа ми е пологично да одам стоматологија кога знам дека имам можност за вработување и разработена ординација одма по завршување на факс.Но, повеќе ме интересира медицината специфично дијагностицирањето на болести отколку работата со раце(иако не ми е некој голем проблем се вежбам).Планот ми е или да се запишам на УКИМ, или во Софија или Солун!Знам дека се учат скоро исти предмети и работата како заболекар е можеби полесна, но сепак се двоумам.Ви благодарам феминки за помошта.
стоматологија ти е логичниот избор. Медицински ако идеш мислам дека ќе мораш да специјализираш а тоа е скапо и може да учиш до 30години и после да се вработиш за мали пари. Општа медицина е слабо платена(ако си како вработена). А вака кај татко ти ќе имаш работа и ако сакаш во иднина да упишеш медицина нешто од испитите би требало да ти признаат. Размисли си и зависно од тоа колку од дома имаат можности(пари) да те издржуваат ако се одлучиш за медицински со специјализација Јас да сум со овој памет пред 16 години, би упишал стоматологија со специјализација ортодонција. Платена а чиста работа(работиш со здрави заби)