Ај сега од прва рака инфо. Која размислува за оваа процедура? Освен @nena2010 ни една друга не се изјасни.
Вајлд, оф топик си. И апсолутно не реков дека не поддржувам хомосексуални парови да имаат деца. Реков само дека е потребна заштита на мајчиството, и за среќа знам и бисексуални жени и лезбејки кои го делат моето мислење. Секоја жена ТРЕБА да има слобода да има сопствено дете кога посака, кога е спремна да се грижи за него, по сопствена желба. Ако посака. Нити е задолжително да имаш деца, нити мораш да имаш дете по секоја цена. Ама треба да ја имаш слободата да имаш дете ако сакаш. Тоа е целото мое мислење на темата. За сурогат - тема има цела посебна, кој го интересира моето мислење може слободно да отиде таму. Гајле ми е ти дали се слагаш, тотало излезе од темата.
Абе не е за цајканка. Темава е во подфорум бременост, не во подфорум ЛГБТ. На двете теми имам мислење и различно е. Сите се нешто имаат права а во пракса тој што има кеш ги има правата. И вон локална правна јурисдикција. Ама овој муабет не е за подфорум бременост.
Мене баш ми е интересно дека сперма има еве од Данска , од Германија, а дали би имало интерес еве за сперма од карикирам сега...Мозамбик, Кина, Јапонија? Настрана закони кои таму постојат за регулација, јасно е еве дека Данците добро регулирале... Но колку е во игра генетски избор, оп, си идеш и во каталог си бираш плав, плави очи , висок, факс завршен, спортист... сега не знам точно што пишува во изборот... Версус: темен, низок, не вежба, со средно или основно школо.. Мислам високиов Данец ќе има бар 30 деца некаде ако не е ограничен бројот колку сперма се користи од еден донор, а сиромавиот низок од Мозамбик ниедно ваљда. И ако донирале анономно, ваљда сакаат анонимни да се. Имаше скандали во УСА гинеколози со сопствена сперма оплодувале пациентки...гадотии...
Данецот во Европа, Мозамбиканецот во Африка Во принцип, со кого се врзани клиниките, така ќе биде. Ќе испаднат на крај пола Европа Украинци (јер ефтини ваљда). За анонимноста, пишав погоре од УК закон- дете има право да ги добие податоците за донорот по навршени 18. Мислам и Данска, Шведска е исто. Нема врска со алиментација, туку со потреба од припадност.
Ako ti repliciram na post na forum izrazuvam.mislenje na pisanoto i ne ti se obrakam.licno tebe nitu pa cekam da.vidam dali ti e gajle ili ne. Naucete sto e forum sto razgovor
Убава можност е за жените да се остварат како мајки и без да имаат партнер. Ама би требало и мажите да имаат опција да се остварат како татковци иако е потешко за нив без жена. Треба да си финансиски стабилен за да можеш да гледаш дете, не само како самохран родител, генерално треба да можеш да му пружиш основни работи на детето. Ама, мислам дека треба да се помине и психолошко тестирање пред да станеш родител, тоа за сите треба да важи, и за мажи и за жени. Жените кај нас поради менталитетот на работодавците тешко стигнуваат до високи плати и солидна кариера (има и исклучоци секако, ама не се толку бројни), па не знам колку би се решиле на ваков чекор. Освен тоа, на многумина им е битно што ќе кажат комшиите, па се додека не се откачиме од тоа размислување, тешко.
Научи се ти што е тема на форум. Зборуваме за сингле жени и деца, не за татковците и мајките "психопатки". Верувамс ите знаеме барем една жена на која животот и е уништен поради бивши сопруг кој ги користи децата против нејзе. Сите знаеме барем еден татко кој не плаќа алиментација или намерно се пишуваат на минималец за да им е минимална алиментацијата. Или се трудат на секој начин да докажат дека мајката е нспособна да се грижи за децата или финансиски тој може да им пружи повеќе за од кога ги добие да ги истави на баба им да ги чува, оти тој презафатен, нема жена сега да се грижи, а парата не стои - господинот бизнисмен сега ја нема домаќинката по дома, а парите фини. Оди во соодветна тема ако ти се дискутира за ова, научи што е тема на форум, а не фрустрации на секоја рандом тема да лечите за "кутрите татковци" и "како да им овозможите на мажите да се остварат како родители".
Знаете дека може да се цитирате во соодветната тема, не мора во оваа да пишувате оф-топици. Што се однесува до темава, мене ми е малку спорно што донорот не е познат кога се зема сперма од банка. Едноставно ние како луѓе сакаме да си ја знаеме историјата, гените, па кога ќе праша а мојот татко кој е, да не може да му се даде одговор... Или пак нешто здравствено да излезе и пак да не се знае целата друга половина од потеклото...
Zdravstveno se se znae, istorija familijarna na bolesti, genetski ispituvanja na materijalot i slicno. Duri i poveke medicinsko info imas nego za soprug. E nema da se znae ime prezime i lokacija
А што ќе се случи доколку е потребно нешто од медицински аспект од страната на таткото? Дали во такви случаи е можно да е исконтактиран и да пружи помош доколку е потребна? Или никогаш?
Се согласувам со @RainBow. Друго ние сме мала земја. Незнам дали има некое правило колку пати истиот донор може да се користи во иста земја. Зошто кај нас само неколку болници ја прават оваа процедура па донорите се тие што се.
Секако дека има законска регулатива. Дефинирано е во законот за биомедицинско потпомогнато оплодување. Ист донорски материјал смее да се користи најмногу до 2 живородени деца. Дополнително, интерна политика на клиниките е да не се користи истиот материјал кај друг пар, или друга жена.
Добра опција е за потенцијалните мајки кои се веќе материјално снабдени и потковани. За просечна млада жена која сака да стане мајка во Македонија ова и не е баш опција. Ама секој со своите можности, нели.
Не планирам деца и не се гледам себе како родител, но ако случајно некогаш се решам на ваков чекор можеби би размислила за оваа алтернатива. Е сега, има едно големо АМА. Гените што ќе ги носи тоа дете. Можеби само тоа би ме спречило да се решам на ваков чекор. Гледам дека погоре е објаснето дека овие работи се регулирани, но сепак непознатото би ме плашело.
Вака јас ко што го гледам, од генетски аспект, посигурно е така. Да го имав овој памет, на маж, пред дете да праиме ќе му барав генетска анализа и семејна историја на болести. Ама сепак, дете не е проперти ниту статусен симбол, ниту ми текнало дека сакам дете, пред да го сретнам маж ми, ниту би ми текнало без него, штознам Исто, не знам дали постои мајчински инстинкт или желба за дете, од чиста мира, можеби постои ама јас сум ја немала.
Биљарче, џабе бејби, еве мојава доста гени фенотипски изразени, гледам од моја страна, чак ствари со прескокнување на генерации кои се случуваат. Џабе муж ќе сум го 'тресела ' за гени до 5 колено, кога мојава генетика е 'интересантна'. Има и од него и од мене. Лотаријата била клучна. Ми велат личела на мене, мене баш и не ми личи иако има виткана коса како мене цурица, забите и некои други физички карактеристики. Јас лично би имала дете од непознат, да не сум го сретнела маж ми, а да сум сакала дете сама. Секако во контролирани услови, но ете пример, ќе одберев маж со 'европски' изглед, што не збори многу пофално за мене, ама тоа јеТ. Во Холандија физички најубави ми се лугето од мешана раса. За генетски, секој си носи оптеретување од некаде..