Ама јас имам одлична генетика , сиот инат и се што не чини од татко и е А со каков изглед би одбрала не е прашање за пофалност или непофалност, просто така сме профилирани. Од сите глумци во детство само плавушани ми се свиѓале, кога веќе можам да бирам, зошто да не изберам Шознам, овие што гледаат турски серии сега, сублиминално можеби поцрни мажи преферираат
Ги поддржувам сите што ќе се одлучат на овој потег Но имам едно прашање. Како може донорот да биде анонимен? Немора да се знае име и презиме, но барем националност, некои карактеристики за него, физички изглед, што е ако има психичко пореметување па се наследи тоа? Не е само роди го па што испадне испадне. Може глупаво е прашањево но ме интересира како иде тоа.
Мене малку нелогичен во ситуацијава ми е резонот што не смее да му го знае идентитетот на донорот за да не и' текне да бара алиментација. Сериозно тоа е причината? Не може правно да се среди тоа? Едноставно потпишуваш договор однапред дека нема да бараш алиментација. Јас не знаев за ова со идентитетот. Од она што сум гледала и читала, го знаат донорот и контактираат со него полу-редовно. Патем не се согласувам дека законот треба да го штити мајчинството. Размножување не те прави entitled на деца, без разлика дали си татко или мајка.
Веројатно и самите донори не сакаат да им се знае идентитетот за да не бидат гњавени понатаму, Сепак, не прават они дете кое сакаат да го исчуваат, само даваат материјал и толку.
Абе луѓе, донирање сперма, е речиси исто како донирање плазма или крв, гледано од перспектива на донор. Нема емотивно инволвирање со телесни течности, донираш материјал од икс, ипсилон причини. Знам кај мене имеше кампања за донирање јајце клетки, има предуслови и се алудира на хуманимот аспект. Некаква финансиска компензација е во игра, ама веројатно е минимална. И не можеш бесконечно да донираш за да ти биде тоа извор на приходи.
Луѓето донори најверојатно треба да исполнуваат одредени критериуми пред да почнат со останати анализи и истражувања. Прочепкав малце. Возраст од 18-38, некаде 34. Еден куп тестирања физички, лабораториски, днк. Историја на болести. Прочешлани 100 %. Добиваат минимален паричен надомест за покривање на направени трошици.Бираат дали може да бидат контактирани во иднина. Еден може најмногу 2 жени да оплоди. Веројатно има и предности и недостатоци. Од една странна мислам дека е голем залак за жена што живее во Македонија. Од друга страна убава можност за жена која сака да се оствари како мајка, не го нашла сеуште вистинскиот маж, а и нема време да бара.
Би требало интернава политика на клиникиве да биде законска регулатива. Инаку би било проблем да се родат две деца во различни семејства кои всушност ке бидат полубраќа или полусестри без да знаат. Тој дел е најпроблематичен,го сметам ко непочитување на детето. Разбирам дека е воведено поради желбата на жената да стане мајка,ке купи материјал и ке стане мајка,но каде е тука детето и неговите желби и потреби во иднина да си го знае потеклото.
Искрено се затрчав вчера да пишувам за правата на жената да може да се оствари како мајка, дека ова е еден преубав напредок во технологијата кој дава секому да може да се оствари како родител. И после го прочитав мислењето од @Cosmi и некако цел ден ми ѕвони во глава. Скроз си во право кога викаш дека тоа дете еден ден ќе сака да знае која е другата половина што го создала. Уште не можам да дадам мое концизно мислење затоа што не знам. Од една страна свесна сум колку деца растат со еден родител и израснуваат пресреќни, преполни со љубов, со некоја специјална врска меѓу мајката и детето. Буквално сите случаи што ги знам околу мене се деца кои се премногу сакани, со одличен однос и комуникација со родителот. Нема ништо поубаво од тоа да се роди дете кое ќе биде родено со многу желба, љубов, во вистинско време и со доволни финансии да може правилно да расте. Ама од друга страна не знам како би се осетило тоа исто дете доколку нема уште еден родител и чувствува некаква празнина. Пишувам и бришам цело време и пак не знам како да го финиширам мислењево затоа што од една страна постои личност што сака да се оствари како родител и сметам дека ако имаме технологија гревота е да не се искористи, ама од друга страна не знам дали е фер према детето, иако сметам дека еден родител и те како може да израсне здраво, среќно и исполнето дете. Не знам искрено.
И што е поентата на муабетов? По секоја цена треба да се мажам за детето да има физички татко? Добро, тоа би било идеално, ама ако таквиот идеален татко на мое дете не се појави, па нема да завршам со некој никаков само заради дете. Ако имам доволно љубов и желба за дете, се може да му објаснам. Какви работи треба да им се објаснат на деца кои се недајбоже болни, или родител им фали од икс други причини, или се случуваат икс лоши ситуации, па што. Не е право на родителство, желба е. Или ја имаш, или ја немаш. Или ти иде во склоп со партнер или сама по себе. Можеби и порив е, не се разбирам толку во биологија. И ич нема разлика, дали ако го сакам, ќе го напраам на one night stand или медицински потпомогнато. Оти, имам приметено дека некои жени, завршуваат во неславни бракови, заради идејата дека сакаат дете, а тоа пак ич не е за пофалба. За првиот дел на муабетот се согласувам, ама и се плашам. Ко што се лоши со законите, да им дадеш да го препишат ќе го згрешат
Не е поентата на муабетов во тоа да се мажиш за да има детето татко,физички или не. Туку во дискриминацијата. Желба на мајката да има дете е во ред. А желбата на детето да си го знае таткото ?? Ке има право на тоа,а ке биде спречено бидејки материјалот од што е создадено ке биде му биде непознат до крај на животот.
Точно е дека детето ќе сака да си го знае потеклото, но така ако гледаме и парови кои зачнуваат со донирана сперма и/или донирани јајце клетки, истиот проблем ги чека во иднина.
Не, јас барем не гледам на тоа така. Не е целта дека детето мора да биде од хетеронормативен брак и по класичен начин настанато. Туку дали тоа дете понатаму ќе осети празнина на втора родителска фигура. Маж, жена, сеедно. Искрено темава ја мислам откако Вајлд ја отвори и стварно не знам што да мислам. Не сакав да се истрчам со мислење. Можеби не сум ни доволно компетентна да зборувам за истата затоа што родителски нагон немам сеуште. Се ставам себеси во таа улога ако еден добијам желба а сум сигнл, дека ќе дадам од себеси за да имам дете. Познавајќи се би имала ако и само ако можам да му овозможам убаво и безгрижно детство. И навистина ќе направам се од себеси за да го заштитам од се и сешто. Мајка никогаш не може да даде премногу љубов, едноставно мислам дека нема граници. Ме буни и ми става мисла дали на тоа дете јас ќе му бидам доволна. Што ако не сум? Не би си простила ако осеќа некаква шуплина која јас колку и да сакам не можам да ја пополнам. Мислам дека тоа се пробува @Cosmi да го каже, ако добро ја сфатив. Менталитет, околина, Трајко и Петко не ме секираат, ќе го научам да ги игнорира таквите и ќе го заштитам од аждаи. Само тоа дали ќе сум јас доволна за детето ми е дилема во целава ситуација.
Не постои дискриминација Нема зошто да му биде непознато, пишав дека во УК, Шведска, Данска по 18 донорот може да биде контактиран. Е сега со какви политики и материјали располагаат локалните провајдери не знам, може и тоа имаше некој пишано. @KateKane дилеми од твојот тип имам и јас, покрај присутен татко во животот на дете. Дали јас правам нешто доволно добро за нејзе, дали може подобро, 1000 дали, 1000 ако...Нормално е. За моево дете, конкретно, уште 2 мајки и 2 татковци требаат, за да му биде доволно Секој ќе ги игра оние карти што му се паднале, нема друго.
Секако дека постои,да било во ред не би имало притисок да се донесе закон за укинување на анонимноста. Баш затоа и се сменил законот во Англија 2005 но во повеќето држави не е така,иако се чини дека почнува крајот на анонимноста. https://www.birminghammail.co.uk/whats-on/family-kids-news/how-trace-sperm-donor-dad-9428556 Во Данска има познати и непознати донори. Америка и Русија анонимни со исклучоци,Канада,Франција,Чешка, Шпанија и др.анонимни. https://www.iflg.net/is-sperm-donor-anonymity-a-thing-of-the-past/ https://www.bbc.com/news/uk-england-beds-bucks-herts-50209261 Кај нас не знам како е.ако соработуваат со Украина,таму донорот е анонимен. Но се поставува следно прашање доколку донорите не би биле анонимни и детето би имало пристап кон информациите,дали тоа би влијаело на одлуката да се стане мајка со донорски материјал?
@KateKane Апсолутно ти се валидни дилемите и грижите. Ама пола од родителите толку мисла да удираа на родителството како тебе ќе живеевме во многу поубав свет. Обично баш тие луѓе што родителството го сфаќаат како неедноставна, тешка и комплицирана работа разбирливо потешко се одлучуваат да имаат деца. А сите би се согласиле дека тие би биле подобри родители од пример две генерации наназад кога раѓале куп деца и викале ,,па што им фали". Во случајов мислам дека проблемот е што ова е релативно нова работа. Факт е дека семејствата веќе доаѓаат во секаков облик и мислам дека како што минува времето и како што ќе се стандардизираат и ваквите родителства, нема да е толкав голем проблем што едната страна од генетиката е непозната. Децата се табула раса. Ако како сингл родител овозможиш да не им фали втор родител (а можеш и тоа како), нема да им фали. И нема простор за осеќање вина тука. Дискусијата за ова според мене завршува со фактот што два родители не се од суштинско значење за развојот на едно дете. Можеби се олеснителна околност, ама есенцијалност не се. Генерално, процесов е најчист пример на планирано родителство, а според мене тоа автоматски е добар знак.
Да @Lella , се согласувам. И мислам дека држи вода тоа што го викаш. Во принцип истите грижи што ги имам и за раѓање дете при класичен начин, ги имам и за тука. Мислам дека таа грижа дали ќе бидам доволно добар родител нема никогаш да ми ја снема, без разлика на тоа како е тоа дете дојдено на свет. И за посвојување ако сум сингл истиве работи сум ги анализирала, пример што ако мене како сингл родител ми се случи нешто, што ќе биде после со детето и слично. Ама пак од друга страна се 'тешам' дека идеална ситуација нема апсолутно во ниту еден дом, кај ниту еден човек. Да се одлучиш на таков круцијален чекор а сите коцки да ти се наредени не знам дали воопшто може да има. Нормално е да осеќаш страв, мислам дека нема човек што е имун на тој страв, дали е во позитивна или негативна форма не е битно. Можеби сум офтопик затоа што прашањава ми се јас дали ќе чинам ко родител, а не конкретно за темава. И се знам себеси дека не би можела да речам не на нечија среќа, мислам се познавам доволно добро и знам каков став имам за работи што можат да усреќат некого. Никогаш и никаде не би му забранила на човек да е среќен, а знам колку жени вака се усреќиле. Сите мои лични демони, прашања и збунки апсолутно не треба да се кочница за друга жена да (не)може да е мајка. За да не терам офтопик целосно, апсолутно ја поддржувам оваа технологија, ама не знам дали јас лично би го направила тоа. Не ради тоа што е од 'епрувета' дете, туку затоа што јас уште имам неколку работи прво да си расчистам со себеси.