Како ќе му објасниш утре на детето дека не знаеш кој му е татко? Солза ми капна, многу трагично Светот оди напред, децата се учат на различности, две мајки, татковци, старатели... се од ова ќе е нормално, уствари веќе долго е. Едноставно е, имаш еден родител и толку. Како што има деца без родители, како што има деца во разно разни ситуации и комбинации, така и овде.
Затоа што мајката ако не сака да го гледа детето ќе треба да се откаже од него. А кога е жената таа што им донор, може на пример јас да сакам дете, немам маж, имам некој пријател кој би ми донирал сперма. Одиме на нотар каде што дава изјава дека знае дека ќе биде биолошки татко но, се откажува од било какви права и обврски над детето. Многу заебана работа е. А вака со купена сперма од донор анонимен, материјалот е испитан за било какви генетски болести кои би можеле да се пренесат на детето.
Помеѓу многу други дилеми ова ми е нјаголемата. Осоебно кога го гледав филмот со Џенифер Анистон кога направи дете од донор и дететнцето цело време пекаше за татко па собираше рамки со слики од модели.. Мислам дека оваа тема е мноогу осетлива и треба некој да е мнооогу психички спремен за да се одлучи на тоа. Од друга страна познавам и парови каде што мажот не може да има деца, се договараат жената забременува со донор, и си го гледаат детето како нивно.
А добро, ако напраиш случајно дете со некого, и нејќеш да го имаш во животот, тој може да ти се меша во родителството затоа што не е откажан од истото на нотар? Озбилно ова?
Па ако не се откажал правно од детето, да. За се ќе може да ти прави опструкции, дури и старателство и алемантации. Многу е заебано. И од рандом секс ако дознае дека има дете, врз основа на днк тест може да си бара права, и се и свашта. Аман бе како да не си слушнала за забременување со донор досега.
Не сум слушнала Мислам познато ми е како феномен ама немав појма што и како е правно регулирано. А верувам и на повеќето на земјава не им е познато. Зошто едноставно кога може комплицирано. Одиш, затруднуваш, раѓаш. Ама не, мажот требало да го прашаме . Златен Вудсток.
Братучедка моја си има едногодишно детенце, благодарение на ваквата можнст. Има 43 години, моментално нема партнер, и со ИВФ, со донирана сперма, си остана бремена. Целата процедура ја тераше во Систина.
Последнава година ја мислев и таа опција. Имам страв дека после 30 ќе ме остај менс., ирационален страв ама е тука и станва се посилен со секоја година. И така сама си имам ставено лимит дека до 30 ќе родам. Ако треба и без партнер зошто секогаш поќе сум сакала дете него партнер. Иако имам уште пола 20ти години, girl gotta think about her hypothetical baby. Не знам точно како е кај нас, познавам жена шо реши да сподели ова со мајка ми ( и другите родители) онака површно пред години дур чекавме да земиме децата од училиште. Така да чим има една, можи има поќе и можи има можност. Од друга страна, видов блага осуда. Не голема, али блага осуда од другите мајки кои чекаа деца. Малку поголема од татковците. Али не беше некоја голема осуда, имам видено народов за исто скроз океј работи како плука многу поќе така да од тој аспект ми личи како осудата да не беше толку голема. Поќе како да ги збуна, како да не разбираа ама оти има дете во сликата пробваа да разберат и уз пат благо осудија, шо ете ќе го препишам на непознавање.
Ќерка ми нема полни 15, па веќе размислува на тема дали некогаш ќе сака брак. Сега-за сега е во фаза: Сакам бебе, не сакам маж.
Јас сакам партнер шо ќе ми е другар, нели и во друга тема пишав. Така ќе сме на "иста страна" за важни работи и изнаоѓање компромис. То е важно на родителски фронт. Не би имала дете со некој шо нема да ми е другар и со кој нема да збораме ист јазик, само за да имам дете. Оти ќе му наштетам на детето со то. А, дете сакам. Зато и велам поќе сакам дете него партнер. А сакам да имам партнер во животот чисто зошто знам дека е убо, полесно и се има чувство на целост. Неслучајно го користам зборот партнер.
Дааа...ама ова моево потомство радикално е малку за жал Сака да направи интервенција за НИКОГАШ да нема дете. И велам , на твои години и јас не сакав дете ни под разно, бебиња и тодлери антипатични ми беа, па те родив тебе и те сакам најмногу од се...ц'к.. си утуви дека нема никогаш да сака и викам...ок е...заштити се на друг начин тогаш, не мораш јајцеводи да подврзуваш. Не се секирам ама знам дека мислења се менуваат, не сакам во иднина да направи нешто и да се кае по 10 години на пример.
Се менуваат мислења да, и јас не сакав дете можев да си се замислам без дете во животот, па еве си најдов партнер што си го сакам па некако и самата желба си дојде, го сакам сакам дете од него,нешто од нашата љубов што ќе го сакам највеќе...а до пред 2-3години не сакав,што не сум била мала, сега имам 32... Инаку на темата, тој што сака да се оствари како родител, а нема партнер, зошто да не го направи тоа? И тоа што пишувате да не бил анонимен донорот мене лично иако сум жена не ми се допаѓа, јас да сум маж и да сум донор за да "помогнам" нели жена да се оствари ко мајка, не би сакал д аме бараат после деца за да им бидам татко, ако сум сакал ќе си направам дете,а не да донирам...мое мислење. Друго по секоја цена со некој не би родила, поубаво на овој начин отколку ради реда дете колку да имам од некој, па грешат ќе роди колку да се оствари ко мајка, а тој ќе ја малтретира, па ќе им виси на врат иако разделени, па закани полицио,алиментации...не дека ние знаеме со кој ќе останеме,може мојов утре да биде ваков да се разделам па да не не остава на мир(не дај боже), ама барем сум направила од љубов, а раѓање со секој гилиптар колку јас да се остварам ко мајка, не фала, па не морам, не мора сите да станеме мајки!
Мојата сеуште се бара во која сексуална ориентација припаѓа. Еден ден е бисексуалка, другиот е non-binary, третиот е флуид. Како што рече и сама: Доправа ќе им се менуваат мислењата - се' што можеме да направиме е да ги спречиме да направат конечни одлуки за нешто за што би можело да се премислат во иднина.
Никакви предрасуди немам, јас лично би превзема ваков чекор доколку е потребно. Секакви ситуации постојат. Едноставно постојат жени кои неможат да си најдат партнер. Тоа не значи дека немаат право да се остварат како мајки. Подобро материјалот да е дониран отколку да најдат некој ради-реда колку за оплодување. Не ми треба некој таков кој во иднина може ќе бара старателство и ќе прави проблеми. Вака барем мајката ќе си има слободата во одлуките во врска со детето. Што се однесува до мислењето на други, ич не би ме интересирало. Јас си правам како што мене ми одговара, оговарање од комшии, роднини и познаници ми е најмал проблем.
После лопатата за снег, ова е уште една тема каде нема полова/родова нееднаквост. Ама е добра причина мажите кои сакаат да имаат дете а не сакаат да имаат партнерка да формираат 100тина невладини и да се бара рамноправност меѓу половите. Инаку фина е темава која @WildMk ја отворила, зашто се повеќе ја слушам меѓу другари/познаници кои сакаат да имаат дете ама не и сопруга. Зашто ако може Кристијано Роналдо да има деца од непозната сурогат мајка тогаш може и било кој друг маж во светот. Штета нашево државиче е далеку од вакви идеи, а неверувам дека Систина, Ремедика имаат донор-јајце клетки и мајки од странство за да може и ние мажите да се оствариме во улогата на татковци без сопруга/брачен партнер. Незнам, и не сум бил во ситуација сам како родител да растам и воспитувам дете /деца, но претпоставувам дека за сам чоек претставува тежок предизвик, но и веројатно најубавиот тежок предизвик во животот. Од мене подршка за сите кои сакаат да се остварат како родители, без разлика дали ќе се сингл мајки или сингл татковци.
Во право си. Требаше поинаку да ја формулирам темата. Ама искрено, не ми ни текна дека би имало интерес кај мажи да бидат самохрани родители со сурогат мајки, судејќи по она што го знам за македониските мажи (ништо лично).
Ne sum bas sigurna deka ne moze kaj nas zatoa sto i preku sistina i remedika moze da se kupi bioloski materijal i jajce kletki i sperma. Kolku sto znam surogat majka ni e zakonski regulirano znaci moze i toa. Taka sto skroz e ok cim moze zena sama da bide roditel zosto da ne moze i tatko da bide sam roditel. Sigurno kako sto moze da si najdes tuka donor na sperma sto nema da e tatko moze nekoja i da donira jk a da ne e potoa majka. Samo procedurata za doniranje jk e pomacna i komplicirana pa zatoa retko koj donira od altruisticki pobudi i normalno da kupis jk e poskapo od kupuvanje sperma. Pred nekoj den citav deka vo anglija donele odluka vo bolnicite da ne se koristi teminot majka/tatko veke tuku roditel sto e gender neutral poim.