Медицински индуцирана бременост кај сингл жени

Дискусија во 'Бременост' започната од WildMk, 23 февруари 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Озбилно?
    Па треба да бараме да се смени законот.
     
    На Pacient srna и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  2. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    И јас се чудам ама изненаден сум од бројката на мажи од 35до45 кои имаат ваква желба...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Не е чудно, знаеш...
    Некои едноставно не нашле соодветна партнерка, ама тоа не би требало да е услов за да немаат поколение... барем во денешно време.
     
    На Роберт 7 и Pacient srna им се допаѓа ова.
  4. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    E ova e veke stvarno diskriminiracki i bezobrazno zatoa sto na single zena i ivf moze da i plati drzavata,t.e. da i dade vaucer.
     
    На Роберт 7 и WildMk им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    22.585
    Пол:
    Женски
    Секој кој сака да има дете, треба да има право на тоа, без оглед на начинот како ќе го добие.
    Во време кога ни е достапно се, ние уште затуцани...
    И додека некој таму раѓа и ги остава децата, друг копнее по дете.
     
    На Sofi.ja, Pacient srna и WildMk им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Васка Леонтиќ е еднороден родител и со гордост го потенцира тоа

    Сега ги разбирам сите мајки и имам поголема емпатија за разлика од претходно кога не бев родител, особено за оние што се еднородни родители. Ова во последно време често го именувам и споменувам бидејќи има голема разлика и не е исто кога се вели самохран родител и еднороден родител или еднородни семејства – потенцира Васка.

    – Не е страшно, ниту тешко да се биде еднороден родител и мајка на 50 години. Страшно е кога заедницата во која живееме и општеството и институциите не се подготвени за еднородни семејства, ниту се зборува за нив. Оваа тема прва ја започнав во јавноста со отворениот пристап за мојата одлука, а најстрашно е што не ги препознава потребите на многу родители како нас, а не има многу. Изненадени се зошто реагираме на нивната неподготвеност, а кога принудно ќе им ја објасниме ситуацијата, воодушевено реагираат што сме го направиле овој чекор и тогаш следува браво за храброста од страна на женскиот пол. Но не е истата ситуација и со машките соговорници, тие што имаат смелост да продискутираат ме прашуваат зошто и се многу зачудени, просто не им се верува – додава Васка.
     
    На Bejb15, Kaja991, Happyinlove и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.907
    Пол:
    Женски
    Моја сега познаничка, а порано другарка ми имаше зборувано дека ѝ е преку глава од заглавување со недостојни и несериозни мажи. Сакала деца, ја газеле веќе годините (36 имаше) и ќе направела некоја таква процедура. Не морало да заглавува во нефункционални бракови за да стане мајка, и сметаше дека сама повеќе ќе ужива во мајчинство. Бидна што бидна после 3 години ми кажа дека е бремена. Јас дека бев блиска со неа ја прашав како поминала процедурата. Она се изнасмеа, вика бесплатно, од бившиот дечко било бебето, непланирано, но сепак и се стоплило срцето кога видела две цртки. Дури рече дека ѝ олеснило што имале раскинато 2-3 недели пред да дознае. Не се венчаа, човекот сакаше, таа не. И сама си го гледаше малото. После 1 год гледам и второ родила, но не знам што и како, знам само дека е сингл и со две деца, сама си ги гледа.
     
    На Anna82, tina2018 и WildMk им се допаѓа ова.