1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет - УКИМ vs Медицински факултет - УГД

Дискусија во 'Образование' започната од LovelyGirl, 1 декември 2011.

  1. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Што мислите за Медицински факултет на Уким и за Медицински факултет на УГД, колку се спремни професорите, дали на УГД може да се стекне со знаење, колкави се шансите за вработување, и дали некоиј без загарантирана работа( значи да нема некој кој може да го вработе, тетка мајка итн.) може да се пробие секако да има знаење.

    Јас сум 4та година средно гимназија и една опција за запишување на факултет ми е медицинскиот, немам некој кој може по завршувањето да ме прима, ниту мајка ми ниту татко ми се доктори, ниту пак некои поблиски роднини, поради тоа ми е страв да се запишам, а подоцна да неможам да најдам работа и да волонтирам за 50евра кој што се многу малку за тој труд вложен.

    Што мислите вие? Дали со Медицински факултет на УГД ќе можам да се стекнам со знаење? Ако има некој што студира да објасни малку повеќе за фак., знам дека е тежок.
     
  2. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
  3. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Ах се извинувам.. инаку сакав да се направи споредба, но во ред е ако се избрише темата. :)
     
  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Гледам дека темава е малку подзаборавена но еве јас ќе се потрудам да напрабам компарација меѓу УКИМ и УГД..

    УКИМ- построг режим имаат, мислам дека се позатегнати и не може секој да заврши..Сепак треба повеќе учење, да се вложи напор и добро да се подготвиш пред се психички, до негде и да се откажеш од премногу дружење бидејќи ќе немаш мн време.. Се разбира, доколку го фатиш здраво факултетот. Е сеа, познавам личности кои се на медицински на УКИМ и мислам дека дури и малку го претеруваат дека е не знам колку тешко и се тоа.. Да, тешко е за учење, никој не го спори тоа но ако веќе си решил медицина се знае, ќе учиш..
    Тука професорите т.е. може да се наиде на професори кои се ептен тешки да те "сварат " па нема да те пуштат од кеиф..


    УГД- овде пак, бараат учење, никој не ти става за лепе очи 6 а камоли и 10.. Меѓутоа некои професори, нагласувам некои, знаат да бидат малку потолерантни и да ти дадат можност за 6.. За 10 ќе си научиш..
    На УГД има професори кои исто се многу принципиелни и бараат многу учење, барем по мене знам..
    Секако, бидејќи овој универзитет сеуште се развива, има поблаг режим па можеш некој предмет и така да го гурнеш НО, сепак ќе мораш нешто да напишеш или кажеш

    Во глобала е тоа, сепак според мене УКИМ како УКИМ бара повеќе напор и труд за разлика од УГД иако јас студирам таму но си кажувам како што е.
    Сепак, медицината е таква наука што доколку сам сакаш, ќе успееш да научиш и ќе се трудиш многу без разлика на кој универзитет си, бидејќи и на двата добиваш солидно знаење на коешто ќе треба да се потпреш во иднина..
     
    На libra89 и ilovemedicine им се допаѓа ова.
  5. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Медицината е медицина каде и да ја учиш, секаде е истото. :)
    Вработувањето во милата наша Македонија сите знаеме како се добива, така што според мене нема никаква улога од кој универзитет ти е дипломата. Студирам медицина на УГД и според мене компарацијата би изгледала вака:
    УГД: секој може да стигне до 6! (10 поени редовност + 10 поени вежби + 10 поени семинарска + по 6 поени минимум од двата колоквиуми за да имаш услов за завршен испит + 10 поени на завршен испит = 6). Бидејќи факултетот е во развој и сакаат да биде на високо ниво сите професори (барем мене што ми предаваа оваа година) се најврвните лекари во нашава земја (http://fmn.ugd.edu.mk/index.php?option= ... 37&lang=mk овде можеш да прочиташ биографии за сите). Асистентите (со мали исклучоци) се многу пристапни и без разлика дали имаш нешто нејасно, некое дополнително прашање или сакаш увид можеш во секое време да му напишеш меил на професорот или на асистентот (секој студент си има свој посебен меил) и да ти одговорат во најскоро време.
    Е сега, негативно е тоа што се полагаат завршни испити задолжително! Друго, прв семестар имав 7 предмети (анатомија 1, медицинска генетика, медицинска психологија, вовед во медицина, хемија, биофизика, изборен предмет (јазик)), а втор семестар 7 (анатомија 2, хистологија 1, општа биохемија, прва помош, болничко згрижување, социологија на здравје и болест, биостатистика со информатика) + спортски активности за потпис, без кој не можеш да запишеш нареден семестар. Значи 14 предмети во една година се стварно тортура+завршните испити. Друго негативно е што понекогаш се мнооогу неорганизирани, особено кога станува збор за професори одстрана (бидејќи напоменав дека врвните лекари ни се професори) предавањата и полагањата се прилагодуваат според нивните обврски и можно е ден пред полагање да се откажува или закажува испит.

    УКИМ- НЕЗАМЕНЛИВА ПРАКСА! Во општата болница во Штип никогаш нема да го видеш тоа што би можел да го видиш на клиника во Скопје. Инаку многу тешко се стигнува до 6, ако стигнеш до 6, лесно е да имаш и 10. Нема завршни испити. Се учат помалку предмети и помалку матријал отколку на угд и матријалот им се дели на 3 колоквиуми (знам за анатомија 1, тоа што тие го полагаа на трите колоквиуми ние го полагавме на прв и втор а за на завршен испит имавме плус матријал што на уким го немаа). Професорите се недостапни. За друго, би можел да кажи некој што студира медицина на уким, јас џабе ќе зборувам кога не знам. :)
     
    На libra89 и ilovemedicine им се допаѓа ова.
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Има, всушност. :)
     
  7. Caroline

    Caroline Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    9
    Victorya морам да кажам дека не се согласувам со тебе во врска со тоа дека на УКИМ се учат помалку предмети и дека нема завршни испити, бидејќи истите предмети ги имаме и на УКИМ и на УГД само можеби не се слушаат во исти семестри ваму и таму.
    И за незаменливата пракса, не се сложувам, не знам како е таму, но тука имам објаснето во темата за Медицински факултет, па ќе ти го ставам постот во спојлер.
    Постот е за УКИМ, кого не го мрзи нека го прочита цел, оние коишто студираат на УКИМ верувам дека ќе се согласат со секоја реченица во постот. Поздрав

    Точно е дека во нашата држава има неспособни кадри.
    Но тоа е поради тоа што државата тоа го дозволила и не создала услови за да се создадат СПОСОБНИ кадри.
    Како студент на медицина можам да кажам дека медицинскиов факултет е направен за никаде.
    Со еден збор да кажам ужас е.

    Како прво секоја година бројот на студенти е ограничен на 120 а потоа се примаат уште 100 плус.
    Ете не 100 ама плус 70-80. Плус уште некој зашто мајка, татко, баба, дедо, вујко,чичко, стрина, итн. му се врски , го пикнале и си е примен а никаде го нема на листа.

    Второ 90 % од сите што се примени ако не и повеќе се студенти кои си полагаат со врски некој со 6-ка, некој со 10-ка. (Зависно од тоа колку се влијателни врските)
    Останатите 10 % се студенти без врски, и што ги паѓаат предметите по неколку пати поради тоа што немаат "звучно" презиме или некој да зборне за нив. 5 % се студенти што стварно МНОГУ учат и ете успеале да си положат одма.

    Доколку не ја продолжуваат квотата секоја година, би влегле само татините и мамините мази кои на готово ќе си добиваат оценки без знаење а последниве 10 % не би ги ни имало па така кадарот би бил катастрофален.

    Трето и најбитно ПРАКТИЧНАТА РАБОТА НА ФАКУЛТЕТОВ СКОРО И ДА ЈА НЕМА.
    НАЈГОЛЕМ ПРОПУСТ НА ДРЖАВАТА БИ РЕКЛА. За да излезат способни кадри треба да им обезбедиш и услови за работа и напредување и усовршување.
    Иако тоа е најголемиот пропуст и на факултетов.

    Теорија учиш, бубаш книги од по 1000 страни што практично е невозможно све да запамтиш , а пракса нула.
    Барем 10 % од тоа што го учиш во книгите да имаш кај да го извежбаш или да ти биде демонстрирано.
    Пракса во првите години скоро и да нема.

    Кога си по клиники демек почнуваш да учиш нешто.
    Оставен си на милост и немилост на докторите и сестрите на клиника па треба да бидеш среќен ако успееш да боцнеш некого, доколку имаат желба да ти покажат. Ако не ќе си ја трпиш нивната ароганција. Вежбите на институтите се никакви, нема ни опрема ни експериментални животни.
    Треба да бидеш среќен ако барем еднаш видиш жаба или стаорче на вежба, а уште посреќен ако ти ја имаш честа да работиш на него. Но ова ретко да се случи.
    Опремата е стара ко библија и нефункционална а и поголем дел од кадарот неспособни (пошто дел од нив се вработени исто поради некој си нивен предок и завршиле исто како и горенаведените студенти)

    Вежбите се држат по подруми, во простории една педа место, немаш кај да се свртиш.
    Не си извел ниедна вежба а кога полагаш треба да го знаеш тоа.
    Ваљда ќе ти се сони на сон пред да полагаш или ќе имаш среќа пошто од вежби тешко дека ќе научиш и дека сите студенти ќе ја изведат секоја вежба посебно. -.-

    На факултетов до пред една година немаше тоалети.
    Замислете по цел ден си таму а нема кај да мочаш ( да ми извините) Па после долги години од молење на студентите до Деканатот им текна да направат тоалети, што одсабајле некогаш и забораваат да ги отклучат.

    Односот на професорите и асистентите да не зборам. Ароганција и преценување до небо.
    Секоја чест на исклучоците има професори кои и асистенти кои се многу коректни и спремни за соработка, но за жал се ретки.

    Инаку за постот дека ќе се специјализира тоа што мораш а не тоа што сакаш не се согласувам.
    Можеби јас сакам психијатрија или гинекологија, ме интересира таа област, сакам да си отворам приватна ординација пошто за да влезеш државно пак врски или партиска книшка, и сега ќе морам да специјализирам патологија поради тоа што нема кадри во државава. И тие кадри не би биле специјалисти во областа бидејќи со сила што се вика ќе го учат тоа а не од што сакаат.

    Уфф ама се распишав ама сакав да го споделам ова со вас.

    И доколку чита некој што допрва сака да студира медицина нека не се паничи од мојов пост
    Ако успеете да се запишете кога тогаш ќе завршите, и трудете се колку што можете. За вас.
    Позз.
     
    На kikkki, male, Victorya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Не знаев. Мислев дека само кај нас се задолжителни завршните испити, а дека на уким полагате завршен испит доколку сте паднати на еден од колоквиумите, а не на нов матријал како што полагаме ние.

    Caroline искрено ме зачуди твојов пост. Одсекогаш знаев за односите меѓу професорите и студентите, односно поклонетите оценки во зависност од „јачината“ на врските, и тоа беше основната причина зошто не се запишав Скопје, туку се запишав Штип. Инаку, за праксава навистина ме чудиш, особено зошто имам познаничка што студира медицина на уким и таа непрекинато ја фали праксата што таму ја имала. И сепак, главен град, клиника, институти... Според ова што ми го кажуваш можеби е и подобро во Штип, бидејќи на пракса се оди во група по 10-15 студенти и барем прв и втор семестар се што се работеше имаше за секој-во биохемиска и микробиолошка лабараторија, како и кабинет по анатомија, но таму учиме на фантоми, не на лешови.
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Морав да противречам на ова. Иако не сум на ниту на медицински факултет, ниту на УГД, две мои добри другарки се. Според она што тие ми го кажале буквално секој доаѓа до 6ка и тоа баш онака на лепи очи како што кажа ти. Самите кажуваат ако ти фали некој бод, додавале да правиш уште една семинарска (што не се презентира :!: ) и веќе имаш шестка.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    Ме интересира дали постои разлика во начинот на предавање,оценување,вежби.Многумина велат дека на Угд многу полесно се минува, во споредба со Уким каде било многу потешко.Ајде да направеме една споредба помеѓу овие два факултета.
     
  11. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Официјално УКИМ е на првото место по квалитет на образование во Мк, има најголема и најсеопфатна програма за студентите за разлика од другите факултети во државава и е многу попознат и вон државава, УГД мислам дека е на трета позиција.

    Конкретно пример со една другарка, сакаше на УКИМ Општа Медицина, но немаше доволно поени, па се упиша на УГД, што значи дека критериумите не се исти, на УКИМ сепак посериозно е мислам.

    Ако прашуеш за совет кај да се упишеш, ја би рекла УКИМ, башка и медицина е смер кај што сепак треба квалитетна едукација, не дека на УГД ја нема, но статистиката покажува дека УКИМ е најдобар за сега. :)
     
  12. libra89

    libra89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    24
    Угд доаѓаа на пракса во Скопје на клиника па и во странство бидејќи во болницата во Штип нема се што е потребно еден студент да види. Бев една година на Угд не би рекла дека и до 6 ка се стигнува лесно треба да научиш но имавме изборен предмет кој беше навистина глупост, а и јавна тајна е дека предмет како фарма во Скопје полагавме од прашањата од скриптара а потоа ги пративме на колегите во Штип за кај истиот професор да положат. Малку реално, по нешто смрди и на двата факултета
     
    На kikkki и blondegirl87 им се допаѓа ова.
  13. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Ако некој мисли да се запише на општа медицина во Штип и дека ќе си земе докторска диплома на шала се зафркнал. Исто како на УКИМ, и тука треба учење. Никој не ти пишува оценка така како што мислат некои.
     
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    22.802
    Пол:
    Женски
    ^^
    Хммм... Јас мислам дека има огромна разлика, сепак.
    Блиска личност дипломираше на УГД општа медицина, па баш се чудевме дека никогаш немаше книга фатено.
    Напротив, цело време ноќен живот, излегувања, и оп ќе рече утре полагам... :o
    И ние си мислиме детево ништо нема да направи, ама оп - положен.
    Си дипломира навреме, и најинтересното е шо сам си признава дека нема знаење од оваа работа и не би сакал да ја работи... :o :^)
    Не знам дали некој на УГД учи за повисока оценка, ама џабе е кога на крај ќе се стекнат со иста диплома. (facepalm)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Ако е така како ти што велиш сите ќе го завршеа и ќе станаа доктори. Зарем тие што учат се будали ? Штом можело така да се помине на испит, сите ќе излегувавме и шетавме, немаше да се замараме дали ќе положаме или не. Но разликата меѓу твојата блиска личност и нас што учиме е тоа што немаме врски и не може да поминуваме така :wasntme:
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Абе што е најжално, сите и завршија. Има квалитетни студенти и на УГД, тоа никој не го негира, ама покрај големиот број на ноншалантни студенти, и оние другите се претопуваат во масата.
    Не е ниту УКИМ Светиот грал, има недостатоци, ама факт е дека е подобар и има далеку поголемо искуство од УГД.

    Не е до тоа да имаш или да немаш врски, туку материјалот е многу поскратен и поедноставен во „корист“ на студентите.
    Јас кога бев таму ( не на медицински) учев многу и можам да кажам дека бев една од најдобрите од генерацијата, ама кога дојдов во Скопје, сфатив колку само сум се лажела дека знам. Добиеното знаење не е исто.
    А за дисперзираните студии пак, воопшто да не зборувам. Речиси сите кои ги знам се со многу високи просеци, а сигурна сум дека Машински на пример при УКИМ и оној од дисперзираните студии во Струмица се различни како небо и земја.
     
    На ilovemedicine, senza.parole и crimson им се допаѓа ова.
  17. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    22.802
    Пол:
    Женски
    @Blabla16, не бре какви врски, детево најнормално си студираше, мува не го лазеше. И пак ќе кажам, се работи за ептен блиска личност, не за на "другар братучетка му - тетка" итн. :D
    Да не спомнувам дека беше потпросечен ученик па кога се запиша влезе во трет или втор уписен рок (не се сеќавам точно) зашто претходно конкурираше во Скопје и тоа не на Медицина, туку на доста послаб (во однос на конкуренција) факултет. :) И не го примија, па ова му беше последна опција.
    И во право е Мишела, има ли некој ден-денешен кој не завршил?
    Искрена да бидам, мотив ми се ваквите дешавки да земам да фатам книга и да научам, зашто роднини, тетки, баби, стринки никој нема да ти верува дека ти е потешко тебе во Скопје на англиски отколку нему во Штип. И тоа медицина. :wasntme:
     
  18. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Тоа било некогаш. Времето тече, работите се менуваат :D Оваа година на општа медицина не се запиша студент што имаше под 80 поени, што значи за да ги имаш тие поени треба да си бил одличен во средно. Тоа може да се види и на страната на УГД. Конкуренцијата од година во година расте. Другарка ми имаше 76 и не ја примија. Е сега се е индивидуално, на некого му е лесно, а на некого тешко, но секако дека има учење, и тоа повеќечасовно, за да научиш во вистинска смисла на зборот. Тоа се приказни дека така се поминува на испити, без знаење. Кој не студирал - може само да шири дезинформации :)
     
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    5.290
    Пол:
    Женски
    УКИМ дефинитивно е подобар
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Just a human

    Just a human Нов член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Вака сега, мене сѐ уште ми е многу рано за факултет. Јас планирам да одам во средно медицинско, голема желба ми е. Ама ја прочитав објавата на Caroline и да бидам искрен, ме заплаши. Зарем е толку лошо? Зарем е толку страшно? Јас не се плашам за учењето, туку, ете, стравувам за „врските“, за условите за настава и професорите кои би те бутнале, зашто ним така им одговара. Дали сѐ уште е така? Дали неправедните професори се повеќебројни од праведните?