Точно е дека има врски, ама не е точно дека ќе “паѓаш неколку пати” ако немаш врски. Јас до сега сум падната само 1 испит, и тоа од причина што јас не одговорив добро, а немам ниту една врска.
Некои работи уште не се променети. Ковотите се поголеми 300 примаа до лани, годинава имаше слика во некоја од другите теми дека 200 ќе примаат, ама додека нема конкурс не зборуваме за ова. Уште има студенти плус покрај тие 300 и студенти што се префрлаат, а „забрането е префрлање“ од друг медицински факултет. Има со врска, ама не е толкав бројот. Ако учиш ќе положиш, ако не учиш нема. Преретко се случува да паднеш заради фрустрации на професор и лош ден. Не значи и дека треба да испопаѓаш 100 пати за да положиш, а и дека ако си без врски само 6ки ќе си. За практична работа тука е некаде, да ти се погоди асистентот, за претклинички некои се скроз бескорисни, некои ако успееш да видиш зашто 30 деца заедно држите вежби, за клинички асистентот е најзначаен за да научиш нешто и упорност твоја. Многу теорија, а пракса нула. И теоријата е со многу ситници, за на крај битни работи да не се знаат. Засега океј се вежбалните, нешто е реновирано, навака ќе видиме. Тоалетите вечен проблем се изгледа, ги има ама не се чисти или нема светло. Хигиена во минус. За проф и асистенти има од секој калибар и префини и арогантни, но генерално се праведни ако имаш научено и ако имаш добар однос, во смисла културен не лижење. Не е толку страшно и лошо, ама не е ни розово. Учење и помалку замарање за се останато.
Угд на почетокот било многу лесно се поминувало така ,денес на скоро секој предмет имаш тест ако не го положиш не можеш да полагаш испит. Ханџиски,Клинчева,Вело ,Марија и скоро сите ретко кој положил од прва !
Здраво. Ве молам кажете ми ја процедурата за проверка на плагијат, како можам да проверам и кој % е дозволен?