Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    490
    Годинава сум матурантка. Планирам да се запишам на медицински факултет. Би сакала да прашам за Ваше мислење- Штип или Скопје?
    И би Ве замолила да ми дадат повеќе информации околу факултетот (програмата, праксата, професорите, полагањата, стипендиите) тие што студираат таму.
    ПС: Не сретнав ваква тема низ форумов, ако сум прескокнала нешто, Ве замолувам да ја споите со неа.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    717
    Еве ја страната на медицинскиот факултет Скопје, има се, предмети, услови, програми. Најдолу има линк со курикулумот за општа медицина каде ги има сите предмети распределни по семестри и часови :)
    http://www.medf.ukim.edu.mk/mk_content_ ... =7&jazik=1
     
  3. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    46
    Јас сум студент на медицина - мн си го сакам, ама ми го згорчува животов, полека ама сигурно :@
    иначе јас имам прашање за некој поискусен медицинар, дали би ми дозволиле во втор испитен рок да преполагам за повисока оценка? за анатомија станува збор

    позз
     
  4. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    717
    Ако ја немаш земено оцената можиш без проблем да одиш да преполагаш, а ако веќе ја имаш земено се доставува молба до деканат, кај Пеце и кај Аце, па треба да ти ја поништат од деканат оцената, се плаќам мислам 3000ден или така нешто ( не сум сигурна колку, ама се плаќа), па потоа преполагаш. Ова важи за било кој предмет, и можиш да преполагаш кога сакаш :)
     
    На yummy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    46
    Ама проблемов е што јас полагав во прв рок во оваа сесија, а сакам да преполагам во вториот рок од истата сесија, е затоа не знам дали би ми дозволиле, зошто велат дека имам право само во еден рок да полагам, а за преполагање во јуни :worried:
    a, btw ја немам земено оценката
     
  6. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    717
    Е па нема да можиш во втор рок. Во јуни да. Ако ја немаш оцената земено, не ја земај воопшто, ама чим е за анатомија мислам треба да ја земиш, услов е, значи ти останува опцијата, во јуни да ја поништиш оваа оценка, па да преполагаш.
     
  7. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило што се сетиле пред мене да отворат темава...денес разгледував и викам дај да видам што е како е:)

    Истата процедура важи и за хистологија и ембриологија претпоставувам нели :^)
    Поздрав колеги :)
     
  8. AnnaSSnape21

    AnnaSSnape21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    ахахахахахахахаха ако се тупите уште од сега за анатомија или хистологија ке ве видам на патологија,клиничко,интерна или хирургија.П.С.за хистологија и ембриологија дури и да си ја земала оцената прашај ја Миленкова (мислам дека она е уште шеф на катедра)ке ти даде да преполагаш,јас така направив. ;)
     
  9. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Судска Медицина

    Ако може да ми кажете повеќе за факултет Судска Медицина. Колку време се студира , што како ????
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.842
    Допаѓања:
    88.337
    Пол:
    Женски
    Судска Медицина

    Нема посебен факултет. Се студира медицина по редовна програма, и после специјализација - ако ти ја доделат ;)
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    И колку години е сето тоа ???
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.842
    Допаѓања:
    88.337
    Пол:
    Женски
    Не знам колку се сега студиите по медицина, беа 6 години во мое време (јас кога студирав). И плус уште 4-5 години специјализација (не знам точно колку е, ама мислам 5 има), му доаѓа најмалку 10 години :) (секако, ако сега медицина е 5 години). А има новости околу специјализацијата, па може да биде и повеќе.
     
  13. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    оффф леле колку е многу !!!
     
  14. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    75
    јас сум уште средно училиште , можеби ќе се запишам на медицнинскиот факултет , и затоа би ве замолила оние кои учите таму ако можете да ми објасните како ви иде, колку имате за учење, часови дневно колку имате , пракса и сл. :)
     
  15. Sanjicka987

    Sanjicka987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Јас сум 5-та година на медицински, 5 години е континуирано со предавање и вежби а шестата е стажирање и секако дополагање на испитите што ке ти останат.
    Предавањата се напорни, окапуваме до 4-5 ако не секој ама секој втор ден, е сега сепак зависи и од фондот на часовите и колку ке ги следиш предавањата, ама сега воведоа картички за електронско куцање така да се води евиденција. За учење има многу....на секои 3-4 недели има по една колоквиумска недела во која се полагаат одреден број на колоквиуми и така чистиш дел од теоретскиот испит но, скоро за секој испит имаш и усмен и практичен дел на крај, така да за време на распуст кога другите си уживаат ти едвај ке чекаш да имаш слободен ден да учиш и се доага кнап со време...има 3 сесии- јануари, јуни и септември...и таман ке заврши сесијата одма почнува нов семестар.
    како и да е ако си се одлучила за медицински терај си , ако стварно тоа го сакаш и најбитно ако се решиш да се посветиш доволно, бидејки се си бара труд...впрочем како и секој факултет...напорен ни е факултетот, но ако си го организираш времето мислам дека ке се постигне!
    Ако имаш некое прашање слободни пиши, поздрав и со срека
     
  16. sheistheone

    sheistheone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Дали знае некој да ми каже нешто повеќе за фалултетот Логопедија на Медицина? Знам дека студиите се со 3 години ама ме интересира со колкав просек може да се конкурира. Јас ќе имам околе 87 поени а секап ова е на Медицина и можда ке има многу по јака конкуренција. Не познавам никој од мојот град што студира Логопедија на Медицина и немам кого да прашам, па ако знае некој нека ми каже позз
     
  17. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Судска Медицина

    Дали има некој што студира судска медицина . Нека ми пиши подетално за се ,како идат студиите,колку години има ли пракса...
     
  18. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    717
    Судска Медицина

    За судска медицина треба прво да се запишеш на Медицински факултет, 6 години, и после тоа да одиш на специјализација Судска Медицина, не знам точно колку дали 4 или 5 години. Порано беше 4 години, ама имаше некои измени па повеќето специјализции се направени по 5 години, ама не знам дали во нив е и специјализацијата за Судска Медицина.
     
  19. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Медицинари да не имате семинарска за Дигиталис-лек за срцеви болести инаку ми треба по медицинска хемија? и нешто за медицинска етика било каква тема?
    фала ви однапред :)
     
  20. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    490
    Има некоја феминка на медицински факултет во Штип? :)