Каков критериум? Мислиш конкуренција? Ако мислиш конкуренција, тоа секако не можеш нигде да видиш, тоа зависи колку луѓе ќе сакаат да се запишат на тој смер таа година, и со какви просеци ќе бидат.
Во конкурсот од оваа година стои дека на Медицинскиот факултет оние што конкурираат треба да имаат минимум 88 поени, така што според ова немаш шанси ниту да конкурираш, а не пак да влезеш во државна или приватна квота. Претпоставувам ваквата одлука е донесена поради огромниот интерес на матурантите за овој факултет. П.С. Ова мислам дека важи само за насоката општа медицина, а не и за тригодишните студии.
Мислaм декa не мoже дa се префрлиш oд привaтнa вo држaвнa квoтa. Прaшaј нa студентски прaшaњa зa секoј случaј.
Нема таква опција, барем не на УКИМ. Во приватна си со причина, дали уште при упис не си имала доволно поени и си паднала подолу во список, или си отиша во трет рок, па и со доволно поени, ама веќе пополнета квота си морала да се запишеш во приватна, или пак, си била во државна па три пати си презапишала еден предмет и те префрлиле во приватна, не знам, ама обратно не може.
Имаш 3 усни колоквиуми- коски на рака(октомври),нога (ноември)и глава( декември). Кога ќе ги положиш сите три во јануари имаш писмен испит на мускулатура, инервација и васкуларизација на рака и нога. Предметот е доста тежок и бара време за да се научи убаво. Мој совет ти е да не губиш време и веднаш штом ќе почнете почни со учење анатомија. Си бара многу повторување за да се совлада, никако со 2 пати прочитано. На интернет имаш слики за се што ти треба и 3д анимации кои многу ќе ти помогнат. Ако имаш уште некое прашање пиши слободно.
Дали некој може да ми кажи.. дали со логопедија (3 години) си дипломиран логопед и колку години после има за мастер?
Завршив средно годинава и имам доволно поени за да ме примат во државна квота. Дали ако се запишам до година ќе има некоја врска со уписот? На пример ако им дадат предност на тие што завршиле средно во 2018 а не мене од 2017?
Имам 85 поени и сакам да се запишам на општа медицина. Има ли шанса некаква да ме примат макар во приватна квота?