Јас таков список барам да видам од лани, или од полани. Од 2012 видов, последен со 95 поени бил, не верувам дека оваа година е така, паднат е критериумот ептен
Во моја генерација последниот беше со 88 поени. Колку и да паѓа критериумот, сепак општа на УКИМ е преголема конкуренцијата секоја година бидејќи се гледа како некој вид на „престиж“, па затоа влегуваат само со многу високи поени.
Мислам дека воопшто не можеш. На страната на МедФ ги објавуваат на одредено време списоците за да си видат пријавените дали се примени и по кој редослед, и потоа ги бришат.
https://ibb.co/dCbCjv Точка 5 извадок од конкурсот на УКИМ: (http://ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_I_ciklus_2017-2018.pdf) стр.10
Знам за ова, го видов. Но, прочитав лани дека во приватна квота беа промени студенти со помалце од 87 поени каде што на крајот од листата имаше студент примен со 60 и нешто поени.
Го немам видено ланскиот конкурс, ама претпоставувам дека лани (како и предходните години) можеа да аплицираат сите, без разлика на бодови. Во овогодинешниот конкурс ете, јасно пишале дека лица со помалку од 88 поени воопшто немаат право да аплицираат. Инаку, тие со толку малку поени (пример тој еден случај лани со околу 60) се лица примени под "специјални услови" - примаат по 4-5 лица од етнички малцинства, деца на бранители и сл., па бидејќи тие се водат како посебни категории понекогаш има од нив со помалку поени; сепак немаат врска со ова општото аплицирање.
Дали може некој што е на општа медицина на УКИМ да ми пише во порака, сакам да прашам нешто. Ви благодарам.
Испратен е предлог закон со измени од МЗ до Влада во кој што се наложени сите измени кои што Алабаковска ги бараше во писмото до МЗ и Таравари бара преглед, гласање и измена на истиот по кратка постапка затоа што и не бил некој многу захтевен закон за измена. Го имаат координаторите по групите генерацискив постирано, а мислам дека го има и во групата на АСМЛ што значи ситно се брои до укинување и измена, фали да се изгласа на владина седница.
Само лани беше паднат критериумот затоа што се примија премногу студенти околу 350 што е страшно лошо за УКИМ. Во моја генерација се примија 250 и тоа последниот во државна беше со 94, во приватна беше со 89.