Ниту доколку не се ослободи место во нареден период?? Другарка планираше од тетово во скопје да се премести..
При упис се пополнуваат сите места, а понатаму и онака се испишуваат, ама од годинава нема повеќе од никаде да се примаат други студенти.
Бруцоши, дали ви има стигнато нешто на мејл од факултетот? Видов на страната дека веќе од денес може да се упише семестар, ама уште ми немаат пратено податоци за најава.
Мене ништо ми нема стигнато,ниту iknow не ми отвара.Сакав да прашам што поточно треба да се нсправи во вторник на запишување
Тоа е за студентите од втора година па нагоре. Вас автоматски електронски ќе ви биде упишан семестарот. Само треба административниот дел да го завршите во деканат со поднесување на пријавите. Од iknow веќе немате потреба. Медф го користи iknow само за уписите, се друго понатака се прави директно на страната на медф, со влез во сопствениот профил. Тие профили дури до почеток на академската година ќе ги чекате пошто е процедура дур да се направат, а прво мора да завршат вашите уписи, па нашите уписи на семестар.
На соопштението пишува дека во учебната 2017/18 година нема да се примаат други студенти, значи ОВАА година, а не од годинава, за другите години не се знае.
Добро девојче, јас не ги пишувам соопштенијата, ниту ги носам одлуките од деканат, не мораш ама ич да си толку нападна со мене. Да, на соопштението пишува оваа година, и јас кажувам информации кои ги слушам на факултет. Понатаму што и како ќе е не знам ниту пак искрено ме интересира, само знам дека професорите се лутеа, особено после ланските уписи кога се примија луѓе со малку бодови, а и онака секоја година се запишуваат со малку бодови на други факултети па се префрлаат после тука, така што сигурно одлукава е донесена поради тоа.
Догодина здравје планирам да се запишам на медицински факултет Се мислам дали да се запишам Скопје или Бугарија Ако може да ми пишете некои што разбирате повеќе предности и мани Кај вреди да се запишам повеќе
Дали треба да се уплати утре 100е прв семестар(за брицоши зборам)? Што поточно треба ќе може информација?
А со кој е-маил ќе можеме да се најавиме на страната на медицински ,со тој што се најававме електронски за уписите или ќе ни дадат друг?
Дали ако не положам анатомија 2 во јунска и августовска сесија треба да го презапишам предметот во 4 семестар или може да го полагам во јануари?
Го полагаш во јануари со тоа што нема да слушаш и полагаш Анатомија 3, Физиологија 1 од 3 семестар, а со тоа последователно не можеш да слушаш Патофиза, Микро, Физио 2 од 4 семестар. Ако не положиш и јануари, го презапишуваш во 4 семестар.
Ние што се запишавме оваа година ,запишавме семестар ,но сега треба ли нешто друго да средуваме?тоа предмети кога се бират,електронски требали нешто да се прави,ако може некој да објасни бидејќи сум нова и не ми се уште јасни работиве?
Вас првиот семестар ви го запишуваат електронски вработените од студентски прашања. Од втор семестар натаму, прво мора да направите евалуација на слушаните предмети (и професорите и асистентите по истите), па дури потоа електронски сами си запишувате семестар и предмети во него. Како и да е, тоа понатаму ќе видиш, ништо комплицирано, сега не треба ништо да правиш ти.
општа мед. на угд: Физиологија 1/ Микробиологија 1/ Имунологија и Биохемија 1; дали се навистина муабетиве за професорите дека воопшто не пуштаат на испит и испрашуваат се до сите детал за да те бутнат?