Имам прашање до постарите студенти општа медицина.Дали сите предмети се полагаат усно? И дали англиски е задолжителен во прв семестар и дали исто се и усно? А да,воедно за сите бруцоши имате распоред за I семестар на странара на медицински факултет.
Да, според програмата акредитирана од 2014/15 год. наваму за секој предмет има писмен и усен испит. Отстапка од ова се прави само по многу мал број предмети кои се општи и за кои нема обемен материјал. Англиски јазик е секако задолжителен предмет во прв семестар, на сајтот на МедФ има листа на задолжителни предмети, можеш да ја погледнеш ако сакаш, и тој е еден од оние кои се полагаат само писмено.
Оваа што е за куцање за на предавања? Плаќаш на уплатница 500 денари, со назнака не ми текнува која (има во деканат на таблите слики со примери за уплатници за што било), архивски заверена молба до деканат да ти издадат нова картица бидејќи старата си ја загубила, и веднаш ти даваат нова.
Не ви треба тоа, од кај ќе се најавувате? Таму само требаше кога електронски се пријавувавте, отсега ви е само профилот на МедФ, нема ништо на iKnow.
На вас од прва допрва после почнување на академска година ќе ви стигнат мејлови за најава, сега за сега не може да се најавите, а реално немате ни потреба. Прво да завршат сите уписи за студентите од други години, па после ќе се занимаваат со новите профили, секоја година е така.
Амфитеатар 2 е во зградичката која се наоѓа десно од деканат, во која се институтите по патологија, хемија, хистологија итн.; амфитеатарот е на средина од холот, спроти библиотеката. Амфитеатарот на Студентски Сојуз или по ново таму е Институт за Епидемиологија е малото бело зградиче кое се наоѓа зад амбулантите на интерна. Да си се дополнам зошто синојка не сум го видела првото во табелата. РТГ институт е Рендген Институтот, има една мала темна скапана подрумска просторија која ја нарекуваат амфитеатар, во која на друго место ни метли не би чувале, но во Македонија студенти таму сместуваат
Да прашам.Што се случува на првиот академски час? И дали по име ги доделуваат индексите? И ова,кога ќе знаеме која група сме?
А знае некој од прилика колку време би се задржале бидејќи јас сум од 11,а треба да стигнам до 14 часот на работа??