Не би требало да трае повеќе од 2 часа. Општа медицина сме од 9 до 11,а потоа во истиот амфитеатар сте вие од 11 часот. Сигурно ќе стигнеш. А да ве прашам јас дали некој знае кога ќе може да се најавиме на профилот на страната на МедФ? Кој ќе ни каже пасворд?
Ќе излезе соопштение на страната на медф кога ќе ви бидат готови профилите и тие на меил ќе ви пратат пасворд за најава. Да завршат уписите на година, во тек е сигурно. 1 saat maksimum
Можеш да замислеш како е со оглед на тоа што најголем број од студентите или едвај собраа поени за испит или го презапишаа предметот. Многу малку излегоа на испит, а мислам дека ниту еден не положи од прва. Многу бара човекот, ако сакаш да положеш научи и оди во Ск да полагаш, од жал што си одил до таму ќе те пуште. Секако ако виде дека нешто си прочитала. Сменет е Дејан, на ВЗШ не предава, а за Општа не сум сигурна.
Штип не знам, ама Скопје е поим за хорор. Скоро 80 посто од генерациите што не фатиле услов за 4та е ради него... @MagsDestiny поише може да ти објасни ама во главно со среќа..
Јас го влечев факултетот ради него. Комисиски полагав, да не беше во Ск пак немаше да положам. Со плачки сум учила дома.
леле толку ли е строго? што бара за да положиш ? тешки ли се колоквиумите и доколку ја научам цела книга, пак ли нема да е доволно?
Тешки се колоквиумите и бара некои работи и ситници на кои најмалку обрнуваме внимание. Цела книга плус практикум нема шанси да научеш колку и да сакаш, огромни се и многу е тежок материјалот. На испит прашања што се паднале: Т клетки, Б клетки, имунитет, вакцини, систем на комплемент, имунонедостатоци, КПУ. Сите лекции може да ти се паднат и од практикум една вежба. Значи сѐ може да ти се падне.
Ти си во Штип? Колку што знам од годинава имате нова професорка, која дава своја скрипта. Плус, кај нас на УКИМ го скратија материјалот, и иако сѐ уште се учи и полага од книгата за специјализанти (Кјуби), не треба цела книга, туку околу 200 страни излегува, и плус практикум и книга анализа на случаи. Зависи како ќе си го распределиш времето за учење, и дали ќе одиш на колоквиум или директно на комплетен испит, толку и ќе ти биде тешко или лесно, а и реално на секој човек различни предмети му одат. За Скопје точно е дека секоја година огромен број студенти заглавуваат поради имунологија (покрај оние кои стандард заглавуваат поради патологија), ама нека не те плаши тебе тоа. Еве мене пример ми беше многу интересен материјалот имунологија, и кога нештото ти е интересно полесно ти е да седнеш, да се зачиташ и да не обрнуваш внимание на друго - така полесно се учи. А тоа што професорот си бара знаење - си бара, ама така и треба. Не се паничи уште отсега дека ќе дојде работата до комисиско полагање и што ти јас знам, полека
Во Штип обавезно има 2 колоквиуми, па ако собереш 42 поени од нив и од други активности одиш на испит.
Да да, и Скопје има еден колоквиум во колоквиумска недела, и потоа еден во испитна сесија, и од двата треба да се собере одреден број поени, не ми текнува точно колку, за да одиш на усен испит пред професор.
дада, годинава имало друга професорка ама бидејќи јас сега почнувам со втора ни рекоа дека оваа година ќе биде Дејан Трајков, а и во е-индекс ми стои Дејан Трајков, професорката била на замена само
Колку што знам Трајков предава само на УКИМ од минатата година.Имаше одлука од самиот универзитет да ги повлече професорите кои предаваат на други факултети.Имунологија предава привремено професорка но ни таму не се минува лесно се учи од презентации и книга од Куби- нема нејзина скрипта.Практичен 10 прашања од кои паѓаат 5.
Кога бевме на упис,им снема од тие студентските лигитимации и си купив од трафика,треба да ја носам на шалтер да ми ја потполнат или можам сама да го сторам?? Кога ги дават тие електронски картички???
На легитимацијата ти си пишуваш име и презиме, и мислам дека имаше да пишеш дата на која си запишана на факултет (и на кој факултет), и лепиш слика, ама на шалтер на студентски треба да ти го запишат бројот на индекс и да ти стават печат. Инаку ама баш за ништо легитимацијата не служи. Електронските картички за куцање ќе ви ги дадат на првиот академски час во петок, во деканат.