800 ден, на ул. " Водњанска" Спроти државна болница Мислам дека се викаше " Берта текс" ама не сум 100% сигурна.
дали некој знае дали е можно да се префрлиш од општа медицина во медицински сестри иако веќе започнаа предавањата?
Не можеш, а и реално битка е да се влезе на ОМ и ретко кој откако влегол сака на пониско образование од типот на СМС.Ако дефинитивно си решена ќе треба да чекаш до следната година,особено за смс одма се пополнуваат местата па нема шанси да те префрлат оваа година.
Здраво колеги и колешки, бруцош сум на медф во Штип. Дали некој продава анатомски атлас што веќе не му треба или му се смачило да го гледа по дома? )
@Saki15 Сите колоквиуми и по Анатомија 1 и 2 се полагаат усно кај професор или асистент зависи кој ќе ви ја земе групата. Прашуваат буквално се. Ви даваат коски, треба да препознаете за која се работи, да кажете основни работи како страни, рабови,краеви и сл. После тоа препрашуваат за обележја, бразди, канали кај што проаѓаат артерии, нерви и кои, припои на мускули и сл.
Заборави на најглавното - за максимум една година 98% од сево ова ќе го заборават Ти одговорив и во Општи прашања - зависи од марка, модел и аптека од која купуваш. Послабите се и по 300-400 денари, а има и многу поскапи но квалитетни.
Zdravo ,sakam da prasam ako izgubis sesija da ne polagas nekoj predmetporadi nekoja pricina dali ima sansa nekako da podneses molba vo dekanat za prepolaganje ili kaznena sesija
На медицински на УКИМ нема казнени сесии. Некои предмети имаат рокови од 3, а некои од 6 сесии. Ако не го положиш предметот во рок од тие 3 или 6 сесии соодветно, тогаш го презапишуваш.
@MagsDestiny хахахахаах дефинитивно ќе го заборават, ама реално и не е потребно толку понатака. За положување доволно е хахах
И јас исто така купувам анатомски атлас, доколку вие продавате или имате познаник кој што продава слободно контактирајте ме во лп.
Одгодина планирам да запишам медицина, па ме интересира колку год е факултетот, колку што знам јас е 6 но дали од нив едната год е само пракса, или е 6+1? И дали праксата е таму на фак. или ти си бираш каде?
Порано беше 6+1, а сега, по новата програма, официјално се води како 6+3. Всушност, тие 6 години се општа медицина, од кои првите пет се предавања и вежби, а шестата година е клиничка пракса, еден семестар на интерна и друг на хирургија, со уште нешто измеѓу, но ти не бираш ништо. Тоа +3 (што порано беше +1) значи дека по завршувањето на општа медицина треба да работиш уште 3 години (порано беше 1 година) во ординација на друг матичен лекар, со неговиот печат, за да можеш да се стекнеш со право на добивање на сопствен печат.
Ехее, па уште од академска 2014/15 година, откако стапи на сила Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите по медицина, закон кој беше разгледуван уште неколку години пред тоа, а кој за среќа го укинаа пред 1-2 недели на Собраниска седница. За од наредна година не знам дали пак ќе се врати она 6+1 или ќе си остане 6+3, бидејќи сега откако го укинаа законот се укина оној фамозен испит од Лекарска Комора после завршена втора година, обавување на пракса во траење од 45 работни дена и што ти уште не, хаос жив беше, па се надевам дека ќе се укине секој аспект од законот, вклучувајќи го и делот каде 3 години треба да работиш како општ лекар без свој печат. Едит: затоа на МедФ при УКИМ има отсек медицина (заклучно со генерација 2013/14), и отсек медицина-нова (почнувајќи од генерација 2014/15).
Поздрав женски Да бидам по кратка што може.Имам 31 година и имам завршено економски (Од многу Х причини) иако од секогаш ме привлекувала медицината.Ова ми е втора работа во сметководство ама некако ич не ме исполнува,се осекам празно и безкорисно.Многу пати се каам за погрешниот избор а веке последно размислувам да дадам отказ и да се запишам на медицина. Ме интересира вашето мислење: -Дали е касно да се запишам на медицина(Дали е логично да почнеш кариера како лекар во рани 40ти и дали воопшто можеш да најдеш работа во рани 40ти)? -Дали знаете некој сличен случај (Дали имате повозрасни колеги)? Благодарам
Имам колега кој е точно 10 години постар од мене, а јас сум 20 и нешто, така што, ете ти. Иако лично јас не би се нафатила на ова. Предолго е, реално е тешко, а кај нас многу малку, да не речам ич - исплатливо. Колку години требаат да завршиш општа, па дури да стажираш и да добиеш печат и лиценца, па да најдеш работа/да си отвориш ординација, а ако сакаш и да специјализираш нешто, до 45 па можеби и повеќе ќе си студент, и тоа доколку успеваш се навремено да положиш без презапишување и квадрирање. Мислам, муабетов не ми е за да те обесхрабрам, ако сакаш сосема слободно, секој треба да се проба во она кое го привлекува, но, само сакам да ти кажам дека патот, ако се решиш да го газиш, е многу трнлив
Ти благодарам на одговорот. Како што разбрав после 6те години општа ќе треба да стажирам уште 3 па дури потоа специјализација така??? Долго време сум во двоумица,ме гази времето(ако ме нема веќе изгазено).Ако пресечев до сега веќе може ке бев една година понапред,ке ме јаде ова. Дали имаш инфо за старосна граница за работа? 64 год?? 67??? Ти благодарам многу
Да, убаво си разбрала, 6, па 3, па зависи од гранката која би ја специјализирала - уште неколку. И тоа сиве овие години ги рачунаме вака под претпоставка дека сите испити се навремено положени. Инаку за старосна граница стварно немам поим, ако случајно го види некој прашањево а да знае нека ти пише, бидејќи нели скоро се поместуваше, па можеше произволно да се продолжи, и врска немам сега. Што и да решиш, искуство плус ќе ти е, така што со среќа