Здраво, сакам да прашам некој на медицина за презентациите на Проф Татијана Рушковска по предметот Биохемија 1, од која книга се? не можам да се снајдам заради тоа што во книгата Ленинџер воопшто не е така како што е во презентациите? и што бара на испит?
Ме интересира мислење за предметот Социјална медицина и здравствена економија, Здравствен менаџмент и за проф. Фимка Тозија и Моме Спасовски, мислења???
Можеш на 3годишните студии да се запишеш за сестра, логопед ,физиотерапевт или радиоог. Можеш и вонрено да ги запишеш, се оди посе работно време на некои предмети. А за општа медицина не се само годините проблем имаш професори со тежок карактер и его и може да те заглави да се изнамачиш.
Сум размислувала и за таа варијанта за 3 годишните студии меѓутоа како редовен студент,не мислам дека вонредно би ми одговарало бидејки сакам да сум што е можно по присутна во процесот. Што се однесува до професорите се согласувам во целост,сум го поминала веќе еднаш тој пат па го земам и тоа во предвид. Кажи ми твое лично мислење ако сакаш зошто мислиш дека годините се проблем и освен професорите кои би биле други потенцијални пречки. Ти благодарам
Вака ако те заглави некој, а обично така прават скоро кога си готова џабе си губела време. Треба да фаќаш или дебела врска или др.професор да те оценува или да продолжиш странство со медицина. Зошто мислиш толку нашинци се префрлаат од Скопје во Софија или Пловдив на медицина? Плис еве да завршип се во рок најбрзо за 7год. по старо можеш да имаш твоја ординација,значи 31+ 7 еве 8нека се=39 тек ти тогаш ќе земаш залет во исто време со некој 18+7 или 8=25 и 26. Верувај не е исто. На 26год. и на 39год. одговорноста и се останато проблеми и сите глупости не се дожувауваат на ист начин. Особено за медицинар се знае до кога се препорачува да се студира, кога да се почне и кога да се гради кариера се разбира во зависност од која област ќе ти биде предмет на кариера. Не е исто опш доктор, хирург, педијатар, епидемиолог итн. да не навлегувам во детали сега. Сепак твоја одлука и ти најдобро си знаеш.
Ти благодарам на деталниот одговор.Ме интересира само ако може да ми кажеш колку години си и до каде си со студиите. Благодарам уште еднаш.
Девојкиии ми треба совет и мислење. 4та година сум, гимназија на општ смер. Значи во 4та година не изучувам предмети како што се хемија, биологија, физика. Имав огромна желба на правен да заминам, потоа се предомислив за филолошки бидејки премногу ме влечат општествени науки кои се скроз неисплатливи кај нас. Е сеа како друга варијанта размислив за медицински факултет, поточно општа медецина. Цел ми е да бидам општ(матичен) лекар. Никакви специјализации, не би можела да носам човечки живот како товар и затоа матичен лекар ми е најсигурно. Конкретно прашувам за факултетот во Скопје, како е, дали е навистина толку тешко и напорно како што слушам, колку е исплатливо(конкетно општата медицина), професори, асистенти, се ме интересира? Доаѓам од втора по ред јака гимназија, три години сум врвела одлична(не скроз, ама сепак), се надевам и 4та ќе биде така, дали се прават проблеми ако во положените матурски предмети нема хемија и биологија?
За матурските предмети нема да има проблем од типот да не можеш да запишеш, ама можеби ќе ти дадат помалку поени, стварно не знам како им оди бодувањето. Тешко е, да, и тоа ужасно многу, ти кажувам од повеќегодишно искуство. Најтопло ти препорачувам да си запишеш или некој друг факултет, или после општа да специјализираш нешто бидејќи верувај ми кога ти кажувам дека ич не се исплати да си општ доктор, на сите тие фрлени години, време, нерви, пари, и што ти уште не, да зимаш толку мала плата и да не те ценат - не оди.
Не сакам да звучам дрско или арогантно или така да ме разбереш, ама мислам дека според болдов изборов да бидеш било каков доктор ти е тотален промашај. Протумачи ја реченицата погоре и размисли добро зошто, ќе разбереш.
jas se slozuvam so @srcence1607 najgolemite greski prvenstveno bas od maticnite lekari proizleguvaat se zavisi od toa kakva dijagnoza ke dades i kade ke go ispratis pacientot
Какви прашања даваат на првиот колоквиум по МиФ? Отприлика,по кој принцип се, дали е строго и на што да се обрне внимание?
Општо сите колоквиуми од катедрата по хистологија и ембриологија се релативно обемни, така и овој. Има доста на дополнување шо бараат долги одговори и има 2-3 есејски се на се можеби 25-30. Границата за положување е голема на овај колоквиум, но МНОГУ ЛЕСНО се губат бодови, поради тоа шо доста кратат на секое прашање по 0.5, 0.25 и сл. МНОГУ ВАЖНО Е ДА ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА ВРЕМЕТО! Нам ни даваа само по 35-40 минути, војни водевме два семестри! Учете и ситници, знаат да се закачат за нешто, и во однос на прашања, пред некој ден видов во книжарата земаа прашања по МИФ, но НЕ СЕ ТИЕ, тие се многу стари, има нови од кои доста се паднаа и ланската година побарајте во групата од генерацијава шо е сега втора.
Дали можам да се префрлам од Фармација на Општа медицина? Треба некои услови да има или?....Знам дека многу се откажале и има место. Прва година сум.
Нема шанси на почнат семестар и префрлање од различни факултети од оваа година укинаа дур и медицина од штип не примаат сега во ск. ќе си конкурираш следната год. за општа медицина.
Вака , втора година сум средно медицинско училиште и имам така да кажеме љубов кон медицината и медицинските науки и сум во голема дилема за факултет. Колку што гледав на страната на факултетот студирање за медицински лабораториски техничар (лаборант) нема па случајно некој да не знае да ми каже на кој факултет се изучува овој образовен профил
Тоа мислам дека е различно од медицински лаборант (се учи повеќе Хемија но ги нема оние науки , Микробиологија , Паразитологија , Хематологија , Патологија и слично)
Дали објавуваат нешто списоци на положени студенти после прв колоквиум Анатомија? Секако ни кажаа отцени на усно,но сепак дали ќе објават некаков список?