Тоа што ви го кажале не се оцени, тоа се бодови, од секој колоквиум можеш да освоиш од 6 до 10 бода, а на крај на семестар се собираат сите поени и се формира онаа една и единствена оценка. Инаку за писмените тестови објавуваат бодови на огласната табла, таа на скали што е, за ова не ми текнува.
Малку доцнам со одговор ама имам прашано во деканат и нема петта година за мастер тука, не знам зошто воопшто ја имаат внесено во тој студенскиот информатор. Четвртата година што ќе ја запишиш ти е уствари специјализација и е 1000 и нешто евра
Девојки имам едно прашање, значи сега за стипендија сакам да поднесам со таа со 7 просек ми фалеше малце з 8ипол и во прва имав 15 предмети сега странски јазик и во двата семестра, но како еден предмет го рачунам, имав еден изборен го полозив научен труд знаете. Немам положено основи на хумана генетика, интерна и сега терапија на болка исто така. Ама јас не сакам тој предмет значи дали може да ми се избрише од мое досие? Дали имам 80 посто за да аплицирам, се ми е измешано некој вака некој така ... пишете кој знае да ми објасни ако може
Многу лошо и конфузно имаш објаснето горе така да ништо не се разбира. За да аплицираш, треба од вкупниот број на предмети кои си ги слушала во текот на минатата/минатите година/и да имаш положено 80%. Вака кога ќе наброиш шо имаш/немаш слушано, (не)положено- не ми помага ништо. Ако ти се слушани тие предмети во минатата година, а не си ги полагала и немаш оценка, се паднати испити.
Здравоо Имам прашање до постарите колеги. За да запишам 2 семестар треба да ги имам положено во јануар Анатомија1, МИФ и Хистологија 1?
За втор семестар нема условни положени предмети, треба само да имаш собрано потписи. Еве овде имаш да си видиш услови по предмет и семестар.
Здраво,ме интересира за запишување на факултетот, со колку поени се влегува во државна и со колку поени минимум во приватна ?
Зависи од тоа колкава и каква ќе е конкуренцијата дадената година, не е секоја година исто. Од прилика, со 100 до кај 94/95 влегуваат во државна, а со 89/90 до 94/95 се пополнува приватната. Ова за на УКИМ во Скопје ти кажувам, за на УДГ во Штип појма немам како е, ама примаат и со помалку.
За предметите медицинска хемија,биохемија и биофизика дали се прават само колоквиуми или мора и испит?
И испит има, секако, и не е дали мора или не мора, туку задолжителен е. По сите предмети имаш во сесија испит.