На повеќето факултети, ДО 3та можеш трансфер да направиш. И се зависи и од тоа дали ќе се ослободи место, ако некој се отпише од кај нив. Си имаат и други услови, побарај си на интернет конкретно за кој факултет сакаш.
Колку минимално бодови треба да се има за да може да се конкурира на општа медицина УКИМ? И ако имате информации со колку бодови е влезен последниот кандидат во минатата година
Критериумот од ланската година за минимум 88 поени, мислам дека е укинат, шо значи нема минимум поени за конкурирање сега зависи се од просекот на апликантите. За сигурно провери го уште еднаш конкурсот на УКИМ. За листите од претходната година, можно е сеуште да ги има на web страната на медицински во делот уписи.
@AngelFaceDevilWays зависи од тоа колку матуранти ќе аплицираат и од бројот на слободни места. Лани последниот примен бил со 89 поени а пред неколку години со 93. Сепак секоја година има голем интерес за медицински факултет па затоа тешко би влегол некој со помалку од 90 поени. Еве провери си тука за резултатите од лани.
Ги сметав моите поени на калкулатор од една страна само од општиот успех од прва до четврта имам 57,7 а од матура ми бара и перцентуален ранг кој сеуште го немам затоа што не се излезени сите резултатите, до сега имам само две отцени таа од проектната и од интерниот предмет Ти благодарам многу, освен тоа има и истакнато за уписи за година 2018/2019 Го проверив и сега се ми е јасно, ти благодарам
Тригодишните треба да бираме 3 изборни предмети во рокот од 3те години. Дали ако избереме повеќе од 3 ќе ни ги рачунаат? Некои викаат да некој не.
Кај нас на општа ни требаат 5 изборни, сè што е над тоа нема да влезе во диплома, или бар така ни беше кажано, па најверојатно и за вас важи истото. Повели, пиши ми што ти треба.
Ме интересира само со колку четворки сте примени затоа што моја другарка сака да оди на мецински ама бидејќи има 4 четворки незнае дали ќе ја примат.позз
Кога ќе ги добие резултатите и од матура ќе си пресмета и ќе знае дали да конкурира. Секоја година на општа медицина при УКИМ примаат со најмалку 89-90 поени, ништо помалку од тоа, а зависи од годината може и многу поголема да е конкуренцијата. Јас лично бев 5,00 така што не можам да помогнам.
Како по колку? Само пријава за испит купуваш, тоа е лист од 30 ден., и за него плаќаш таксена марка по СМС од 50 ден. И ова е исто на сите факултети, нема посебни други плаќања.