So kolku poeni mozes da se zapises na medicinski fakultet skopje,bez razlika na drzavna/privatna kvota?
На општа медицина обично последниот примен во приватна квота е со по најмалку 89 бодови, но знае квотата да се исполни и со кандидати со повеќе бодови, така што за најсигурен влез секако ви требаат 90 и повеќе поени. На тригодишните стручни студии примаат и со многу помалку.
според вас кој смер да го одберам бидејќи се мислам помеѓу сестра и логопед според вас што е подобро ? ИСКУСТВА
Ако те интересира работа во стилот: трчање по ходници, цел ден на нозе, делење терапија, расправање со пациенти, ако си спремна за окапување по 2 смени едно-по-друго; тогаш дефинитивно сестра. Ако повеќе те интересира помирна работа, со дечиња кои имаат проблеми во говорниот развој, полабава еве да ја наречам (во споредба со сестринската, логопедите имаат далеку порелаксирачка работа, но тоа не значи дека дремат по цел ден); тогаш оди за логопед. Се надевам ти олеснив во изборот, ама што и да одлучиш, нема да згрешиш.
Пред се, се зависи од конкуренцијата. Ама шансите се прилично големи, не верувам дека баш сите кои ќе аплицираат и сите примени ќе бидат со над 95 поени. Мислам, тоа никогаш не се знае, ама пак. 94 не се малку поени, би требало да те примат.
Не, бидејки зависи од конкуренцијата.. пред неколки години со 89 поени имало во државна квота а лани со 95,4 беа во приватна квота.
Што е подобро да изнерам Лаборант или медицинска сестра,што мислите бидејќи планирам во германија да работам со некој од овие два факултети