За сестра погоре имам напишано мислење, ако сакаш по динамична работа, тогаш ти е супер. Лаборант е по статична, боцни, земи крв, стави во апарат. Во Германија и со двете можеш да најдеш работа, ама биди спремна како сестра да се “прекршиш“ од работа, што реално тоа и е работа на мед.сестра (а кај нас што си дремат некои, тоа е друга приказна) ама па и платено си е, супер услови за работа има.
Дали дипломи за освоени награди на државен натпревар по хемија и биологија имаат некаква врдност при уписот на медицински во скопје?
Од државен натпревар важат, ама не ми текнува како беа поените. Мислам при пресметувањето, си има означено кое место колку го вреднуваат. Искрено не се сеќавам, ама знам дека од државен вреднуваат. Годинава најверојатно нема, од причина што и самото екстерно е укинато веќе.
Ocenite od eksterno vleguvaat vo opstiot uspeh na ucenikot,znaci avtomatski vleguvaat vo presmetkite.
Не сум сигурен, но јас кога аплицирав пред 2 години, мене ми беше речено дека имаат многу мала вредност, односно ако постои некој со ист или релативно сличен бр поени, тебе ќе ти биде дадена предност наспроти другиот/другите апликанти. Плус поени не ми се верва да носат.
При пресметување на поени, посебно си внесуваш оценки од секоја година. Само не се сеќавам дали се пишуваа и од екстерно.
Да, треба сите оценки. Во конкурсот пишува дека се внесуваат сите оценки од свидетелствата, а во iknow системот при внесување на оценките има посебно известување дека треба да се внесат и оценките од екстерно. Што значи без двоумење се внесуваат и тие оценки.
Зависи од конкуренцијата при упис годинава, секоја година е различно. Ако не влезеш во државна - ако има преголема конкуренција - ќе влезеш сигурно во приватна со тие бодови.
Здраво дечки , сакам да прашам дали некои има искуство со летната пракса во некоја од клиниките во Скопје, и како е дали се “замараат“ ,или се чека само да помине времето?
Prasanje do postarite generacii Kolku casa od prilika ako ucis konstanto recisi sekoj den se potrebni dnevno za medicina?
Девојки, службата во деканат од кога почнува со работа? Ми треба да извадам потврда за редовност и уверение за положени испити Лани се сметаа и отсенките од екстерно