Не, но се крати доколку изборните предмети од полагањето матура не се соодветни со потребните за факултетот
Mislam deka na site fakulteti e potrebna elektronskata prijava. Za da bidesh najsigurna otvori ja stranata na fakultetot i proveri
Девојки, ве молам за помош, во дилема сум околу сместувањето, сакам да аплицирам за студентски но слушам дека не е можно да учиш медицина во студентски бидејќи постојано се правеле забави и ред други работи. Дали има некој што студрал медицина и престојувал во студентски и дали навистина е толку лошо?
Лани во конкурсот имаше наведено дека студенти со помалце од 88 поени не треба да конкурираат. Дали годинава некој/а го видела истово?
Не е точно! Јас студирам медицина и сум во студентски. И многу други колешки мои исто! Си има читална аде сите што сакаат да учат одат да учат на мир. Знаат да прават забава со соба некогаш, ама ако не си до таа соба не се слуша. И ако нешто ти смета, можеш да одиш да кажиш на портир, референтки и во крае случај да повикаш полиција поради бучава. Верувај, во студентски е супер. Кога ти се учи има каде да учиш на раат (имаш и гратски читални како 1000 книги, браќа Миладиновци), кога ти се пие кафе има со кого да пиеш, кога ти се прошетува има со кого да прошетиш и така
Оваа година нема такво нешто и затоа би требало да биде полесно да се влезе на факултетот. Мене така ми кажаа, ама не сакам да излажам некого ниту пак да дадам лажна надеж. Дали некој знае како се уплаќа за таксена марка со уплатница? Уплатницата ја барав по страните на факултетите ама никаде ја нема, а другари што веќе се на факс ми кажаа да не уплаќам преку порака затоа што не било сигурно (пр. пораката да не стигне, да стигне ама да не ти покаже дека стигнала и да платиш место 50ден, многу поише и слично).
Една мала помош.. Сакам да се запишам во штип физиотерапевт, имам 67 бода дали ќе ме примаат? Прочитав дека единствено општа медицина не примаат под 80 за ова не..
Дали одземаат поени ако изберам втор екстерен математика, а не англиски? И каде да се информирам за ова најубо? Барав на нет, ама не ми се отвара... по можност некој линк да ми пратеше
Лани беа отприлика до 14:00 или 15:00 часот. Ти го кажувам ова за ориентација да имаш, претпоставувам и оваа година ќе бидат приближно исто.
Уписите се на факултет, поточно во деканатот на медицински факултет кога ќе влезиш има два шалтери таму ќе ги доставиш документите. Ако не можиш да се снајдиш прашај некој што е таму, сите знаат каде се наоѓа деканатот. Од сабајле, од 8 часот најверојатно. Меѓутоа прашај и некој што е твоја генерација за посигурно
Дали таму даваат да пополниш изјава за согласност за личните документи уплатници и тн. Или треба да ги носиме кога ќе ги предаваме документите сами да ги испечатиме?
Девојки ве молам за помош... Ги поднесов документите на медицински факултет во Скопје но на изјавата за согласност за не подигање на документите и на согласноста за дозвола да ги користат моите лични податоци не напишав датум туку само се потпишав, дали е можно да ми ја поништат целата пријава и воопшто да не ме рангираат на ранг листата?