Можда темава не е за тука али сепак да прашам доколку некој студент има искуство или е запознаен Која клиника е најдобра за пракса во биохемиска лабораторија (конкретно кај што се боцка за земање крв , помала лабораторија , повеќе работа и контакт со пациенти). Средно медицинско сум и имаме преку недела пракса на клиника али кај што одам јас ништо не покажуваат и толку се арогантни мислиш професори или доктори на науки се. Само дремам напразно 2 ипол саати на нозе а ништо не правам , више не знам кај да одам а стварно морам да научам венепункција пошо сум медицинско лабораториски техничар и уште малце ќе завршам а игла не ми даваат да допрам а не па да боцнам пациент. Гледаат што побрзо да те избркаат и оставен си на милост и немилост ако имаш среќа да правиш нешто Некој студент што бил некаде по клиниките горе на државна и е запознаен?!
Od 08 do 15h si na fakultet i poveke ponekogas a potoa ucenje do 2,3 noke sekojdnevno,od ona sto sum go slusnala.
Тоа е многу индивидуално. Некој на предавање може да научи, па дома само низ материјал да помине и веќе да ја знае лекцијата. Ама не секогаш предавањата се корисни, и некои теми бараат убаво да се седне и да се прочита. Ама како и да е, барем 2-3 часа дневно сигурно се поминува над книга, за она редовното учење, после секое предавање. Ама не секогаш по план оди учењето, бидејќи многу време на факултет се поминува и дома кога ќе дојдеш сакаш само да легнеш и да одмориш.. Ама секој ден по малку учење е многу подобро отколку се во 1 ден.
Па јас како дете од страна возбудливо хахахаха, новата средина си го прави своето, посебно пак ако доаѓаш од помал град. Е сега некоја постара феминка да ми каже книгите од кај да ги најдам, што како, денес со некои колешки стапив во контакт, но девојчињата беа веќе во групи со познаници од порано па некако ниту една не прашав од кај ќе зема материјал за учење.
да така е, знам како ти е ама со тек на време се се учи да знаеш, и ништо не е толку тешко како што изгледа. Јас одев на Хирургија во лабораторијата, ништо не ми даваа да боцкам само гледав како се работи и седев таму 2 часа безвезе и мислев дека никогаш нема да научам. Би ти ја препорачала лабораторијата горе на Педијатрија, цело време работев со деца, ги боцкав на прст значи дури и на тебе оставаат одговорност после им носиш резултати и многу сум задоволна од таму. Исто така и во Интерна, кога се влага само право во лабораторијата. има сестри доктори и многу се фини, цело време работев кај нив ми даваа да боцкам венепункција све и носев резултати. Кога бев јас имаше и едно девојче на волонтирање, неа не и се работеше јас ги завршував работите. Незнам колку си запознаена со овие клиники ама пробај си ја среќата. Ништо не страшно и ти посакувам многу успеси, убава струка имаш
Не брзајте за книги, т.е. за скрипти, зошто има различни материјали, не знаете одма што ќе ви треба. Ќе ви кажат по сите предмети професорите, т.е. ќе ги прашате, од кој материјал да спремате, и после ќе си купите скрипти од фотокопирница - има една под Хипократ, или пред ЈБТ гимназијата, таму е поефтино.
Dali imase profesori /profesorki itn od strana koi be prisutni i ve gledaa dodeka vi gi davaa indeksite ?
се плаќа за презапишување предмет ?(објаснете ми како што) ми остаана два предмета што треба да ги презапишам,па наслушнав дека се плаќало
Се плаќа, нормално. По 205 (за државна квота) т.е. 410 денари (за приватна квота) од кредит. Помножи ја ценава со бројот на кредити кои ти ги носат предметите и ќе уплатиш на уплатница на сметка на факултетот.
Sakam da bidam zapoznaena so mn raboti vo vrska so faks...mmm...neznam od kade da pocnam -na primer sega koga kje se polaga prviot ispit -dali uste denes pocnavte so predavanje -knigite dali se obemni -dali e tesko za ucenje -kakvi se profesorite -dali site studenti od site smerovi ste sobrani vo amfiteatar ili podeleni ste site kako na grupi vo amfiteatrite -dali imate pauza za vreme na predavanjeto? fala odnapred
1. Прво се полагаат колоквиуми кога е колоквиумската недела, а на медицински тоа се три недели во семестар. Положувањето на колоквиуми ти дава услов да одиш на испит, а тоа е во испитната сесија (јануарска, мајско-јунска и августово-сепмевриска). Некои предмети се само со колоквиуми, но повеќето се колоквиум + испит. Распоред за испитите си објавуваат од деканат. 2. Се почнува со предавања од првиот ден на семестарот, нема лабаво хах 3-4. Некои книги, скрипти се обемни некои не, но тежината на материјалот не зависи од дебелината на книгите. Некои се 100-200 страни ама апсолутно се треба да се знае, некои се по 500 па не треба се. Има многу за учење, обемен материјал, а малку време. Повеќе е напорно отколку тешко. А за тешко многу јасно дека е, медицина се учи. 5. Општа медицина си имаат посебно. Рендген и физиотерапевти, сестри и логопеди; најчесто така се групирани, но не по сите предавања. 6. Има паузи, но некогаш и не се прави пауза со цел побрзо да заврши предавањето, тоа во договор со професорот на лице место. Доколку имаш уште нешто, слободно прашај. Се надевам разјаснив тоа што те интересира. Во прва сите се изгубени германци, потоа полека се адаптираш
Анатомија колоквиумите ви се остеологија без припои,доволно е да ги знаете основните морфолошки особености на коската:страни,рабови,краеви,итн.Исто за колоквиуми има и топографска анатомија на рака и нога,регии од крајот на учебникот.За изнајмување ќе ви треба за остеологија на череп,тука е најголема потребата,рака и нога навистина доволно е вежбање на Институт.
Сакам да прашам дали некој знае што се случува со пријавите за испит откако ќе ги однесеме кај професор? Денес ми кажаа дека ги береле како во досие за секој студент индивидуално па кога ќе сме дипломирале ни ги давале и ни кажувале дали нешто должиме во врска со нив односно таксените марки? Дали е ова точно или без врска?