Ми треба совет/помош од некој студент околу проектна задача (учам средно медицинско инаку) Проектната треба да гласи "Влијание на егзогени и ендогени фактори врз резултатите од клиничко-биохемиската лабораторија" , дали некој случајно знае од каде да користам материјал бидејќи барав по нет али ништо нема за ова и не знам баш на што да обрнам внимание?!
Епа обрни внимание на параметрите,кога се зема материјалот за обработка,егзогени на пр.како би делувало тоа пациентот да доручкувал/пиел антибиотици пред да го даде материјалот без разлика дали е урина,крв,фецес,кои би биле лажно-позитивни резултати како одговор на сето тоа,ендогени тука се и варијации кај маж/жена,односно различни пред се биолошки фактори на пол,возраст,физиолошка состојба,дено-ноќни варијации на одредени елементи(хормони,ензими,постои ноктурно кои се позастапени или лачат).Епа јас сега за сега толку може да ти помогнам со тоа што знам.
Да ве прашам постариве феминки од форумов за медицинска психологија прва година, прв семестар. Предметов како што слушнав од постари бил полесен од клетка и анатомија, па повеќе време им посветив на нив. Да бидам искрена целото време. Да споделите ваше искуство, да не биде после само тој го немам поминато. хахаха Како вие учевте, какви беа прашањата на тестот, мислам на писмениот дел, не сум сигурна дали од овој предмет се полага усно на завршниот испит.
Само писмено се полага, и мноогу студенти учат од прашања. Јас лично учев од учебникот, само ги пролистав прашањата и супер си поминав. А супер поминаа и тие што учеа само од прашања, зависи од тебе дали учиш за да знаеш или за да положиш.
Ah, epa se izvinuvam za pogreshna informacija Jas koga polagav imashe i usno Од тестови. Предметот нема усно како завршен така да се положува и овој на прашања пошо ни катедрата не обрнува внимание на овој предмет. Секретаркана ги праеше глупине прашања јас коа полагав и она е одговорна и за оценки и за се.
Ако може некој студент/студентка што учел клиничка биохемија или било кој предмет поврзан со тоа (крв урина фецес итн итн...) да ми слика од негова книга накратко за влијание на егзогени и ендогени фактори врз резултатите од лабораторија... ми треба конкретно тоа значи ендогени фактори тоа тоа тоа тоа и тоа и по кратко објаснување како влијае врз резултатот и така исто за егзогени, на нет нема ништо а ми треба Благодарам однапред
Во ниедна книга нема конкретно тоа што го бараш, така да џабе слики. А на нет можеш да најдеш многу информации поврзани со твојата тема, не е точно дека нема ништо, баш @ladyantebelum во коментар малку погоре во темава ти набројала примери за ендогени и егзогени фактори, тебе сѐ што ти преостанува е за нив поконкретно да прогуглаш и ќе најдеш тон резултати.
Некој случајно да не знае како да симнам книга од универзитетската библиотека на УГД? Ја отворам страната , ги има скриптите но не знам како се симнува , можеби треба да сум студент и да сум логиран или ?
Треба да се најавиш, па ќе ти излева на книгите ПРЕВЗЕМИ. Додека не се најавиш нема да можеш да симнуваш.