Само од прашања... Немаат книга за жал. И побарајте ги презентаците, ама да знаеш дека се истите прашања секоја година. Од презентациите ако сакаш плус да научиш - што реално треба.
Некој знае ли како се движат цените за копирање во Хипократ од лист? Имам скрипта од 150-160 листа за копирање да кажеме еве 150 листа , колку пари би требало да ме фати?
Некој што бил средно некој медицински смер, а се упишал на медицина факс ми треба Конкретно околу матурата ме интересира. Фармација средно сум, сега за проектнава време е да бираме тема и предмет, а и веќе да мислиме за интерен и екстерен предмет за полагање. Како што читав на интернет во врска со конкурсот на медицина соодветни предмети за стручно средно треба биологија или хемија и еден стручен предмет што сме го изучувале да е интерниот. Па, ме интересира дали ако проектна изберам фармакогнозија и интерен предмет фармацевтска технологија, а екстерен биологија ќе сум таман за упис на медицински? Или пак проектна биологија ќе е посоодветна? Исто да прашам и за интерниот може да е 1г учен или пак треба 2 години минимум? @MagsDestiny ако не сум грешка имаше и средно медицина учено така, можеби ти би ми дала најсоодветен одговор
Не повеќе од 200 денари. Одбери што сакаш, ако ти биле одлични сите четири години оценките, и ако оценките и перцентилите од матура ти бидат исто така високи, секако ќе те примат. Јас се сеќавам дека имав македонски и англиски јазик, екстерен биологија, и интерен хирургија со гинекологија (тоа е еден предмет), а проектна од предмет патологија - ама завршив средно медицинско за сестра. Во врска со тоа дали предметот ќе ти е слушан една или две години мислам дека нема врска, ама не сум сигурна, одамна полагав матура, така што за најсигурно сепак прашај си ги професорите, иако сметам дека не гледаат на тоа, ваљда ќе имате листа на предмети кои може да ги одберете за полагање или така нешто. Што и да одбереш - и за полагање и понатаму смер за факултет - со среќа
Можи да се симни анатомски атлас во PDF и ако знае некој можи да ми пратите линк? Било кој, не мора да биди од Netter.
Здраво.Бруцош сум на општа медицина при уким,во среда полагаме 1 колоквиум анатомија 1.Ме интересира,мислење од постарите колеги и искуства,на кои делови да обрнам максимално внимание и да се посветам во повторување?И ме интересира кој ќе не испрашува,професори,асистенти? И кај кој како се поминува?Ви благодарам,поздрав.
Најпрво ќе влечете регија, која ќе ти се падне за таа си раскажуваш на леш. Тоа што знаеш покажи на лешот,некој нерв,артерија, но во принцип не одземаат поени ако не се снајдеш со елементите на лешот бидејќи ви е прво полагање. (Барем така беше лани) Друго, да ги знаеш убаво елементите на коските,страни рабови,ѕидови.. Да знаеш да препознаеш кој каков пршлен е и елементи на пршлени прашуваа исто Не е страшно воопшто, не се строги на колоквиумот, а испрашуваат сите и професори и асистенти(освен професорката Стратеска, таа на усно не испрашува).
Колку што ми текнува за зглобови,ти покажува на лешот и ти да кажеш кој зглоб е тоа. Значи по општи работи, не навлегуваат нешто ептен во детали. Само не се плаши и биди опуштена кога ќе влезеш.
Не не. Влечеш само регија. Другите прашања сами си ги одбираат професорите, на некој ќе му даде коска и пршлен пример, на некој коска и зглоб. Освен ако оваа година немате некои измени, не знам што ви кажале.
Здраво, дали има некој на универзитетот во тетово вонредно сум и ме интересира од кои книги и скрипти се учи
Здраво. Тие што полагале лани МиФ и психологија прв колоквиум мислење искуства како беше? Тешко е? Паѓаат лесно? И дали има некој прашања што се поклопуваат со од претходните години?
МиФ велат дека се повторуваат исти прашања плус минус некое ново.Психологија исто.МиФ паѓале повише,психологија не.Искрено и јас полагам прв пат сега и многу ми е страв
МиФ немој да учите само од прашања. Може и скроз нов тест да ви се падне, затоа најубаво од книгата дека битен е предметот.А баш психологија се паѓаат од прашањата, мене истите ми беа