Отвори го студентскиот информатор. Дури и да не го чуваш оној кој ви беше даден на почеток на факултет (со документите или при врачување на индекс се даваше, не ми текнува), го има во електронска верзија на вебсајтот на МедФ. Во него ги пишува сите овие информации за кредити и услови и слични прашања. За упис во четврта единствено не е услов да ти се положени трансфузиологија, епидемиологија и општа фармакологија - од нив треба да имаш само потписи
10 поени,немој да леташ високо.Кога ќе положиш ЗАВРШЕН ИСПИТ,во тој момент потенцирај што и колку си добила.
Не ми беше целта да “летам високо”,ме праша,одговорив.Инаку,не разговарам никогаш за оцени,поени,тоа се менливи работи и не се секогаш во рамки на нашето знаење
Некои прашања за прв колоквиум анатомија 1 да не ви текнуваат или од прилика што се паѓа? За стоматолози прва година
Da te prasam koj Vi predava medicinska fizika Tomislav Stankovski t.e prasanjeto mi e samo toj e profesor po toj predmet ili ima uste nekoj dokolku znaes? fala
Како е најдобро и најлесно да се учи анатомија? И на што најмногу да обрнам внимание за на колоквиум?
Индивидуално е учењето, и нема лесен начин, анатомија има доста работи кои треба на памет да се запамтат. Ама дефинитивно не се учи без визуелна претстава, дали со коски, атлас или на интернет слики, видеа; изборот е твој, но имаш голем избор и може да комбинираш. Колоквиумите се усно, па највеќе обрни внимание на работите кои што можат да се видат и да се идентификуваат на леш или на коската; но тоа не значи дека треба да го занемариш останатиот материјал.
Прашање до постарите колеги..”Колку замараат на втор колоквиум во прва година по анатомија за нога,и кај е најзезнато да се пројде?
Кај нас, проф. Зафирова највеќе буткаше.. Ќе те држи 20мин и се да одговориш, доколку не и се допаднеш, ќе те испреврти некако само за да те бутне.. И дали на двајца ќе пише 10 бода, а другите преполагаат (обично пред испитна сесија даваат термин за преполагање колоквиум). А другиве, во глобала, океј биле, барем не се жалеа многу. Ама пак.. дискутабилно е, некои професори се за некој мајка, за други маќеа. Ама не е толку тежок долен екстремитет во споредба со горен
женски,доколку немаш се положени од трета,дали сите предмети во четврта ги презаписуваш? како нуклеарна медицина,клиничко испитување...
Не презапишуваш ништо. Од првите три години, само епидемиологија, транфузиологија и општа фармакологија не ти се условни предмети и не мора да ти се положени. Сите други мора да ги имаш положено за да имаш воопшто право да запишеш четврта година. Ако не положиш само еден од условните предмети ќе си седиш дома цела година дури во следната сесија да имаш право да го полагаш, и така автоматски губиш една година.