Не можам на памет да учам тоа е проблемот...дали има потежок дел тука од темпоралната коска,дали се поедноставни краниофацијалните јами ?
Најтешка е темпорална, јамите се релативно лесни. Чим ги знаеш коските, ќе ги знаеш и јамите. Јули и август. Со тоа што 2ра сесија може да трае и почеток на јули, а 3та сесија почнува крај на август, па не се ни цели 2 месеци одмор.
Гледај колоквиумите да ги исчистиш барем. Или барем еден колоквиум (поарно нешто отколку ништо). Ќе средиш завршен физио1, не е страшно.
Ако пратиш настава, и го читнеш материјалот, нема лошо да поминеш. Мене прилично лесен ми беше предметот, а и интересен. И предавањата беа супер.
За жал само едно предавање имам следено,ама бев пмб во средно и не знам колку време ќе ми треба да го научам?Инаку искуство од колеги,обично тие што се паднале кај асистент Аце Додевски на колоквиум,дали би можело да се паднат кај Зафирова,затоа што ги сметаат за најстроги?
Здраво, Не знам дали ми е за овде прашањето но бидејќи овде има најмногу студенти на медицина би сакала да прашам каде во Скопје можам да најдам медицински книги (оригинали) .Мене конкретно ми треба Прирачникот за екг од Дубин Однапред Ви благодарам @MagsDestiny (читајќи низ темава видов дека си доста активна па затоа те означувам тебе ако можеби знаеш)
Конкретно за тој прирачник не знам бидејќи не сум го барала, но јас друга стручна литература, оригинали, купувам од Академска Книга, Просветно Дело и др. книжари, па би ти препорачала, доколку таа книга ја има преведено кај нас, да ја побараш низ книжарите или нивните веб сајтови
Што се случува на вежбите по биофизика? Дали ве тераат да решавате задачи асистентите на табла на пример како во средно ? Јас сум ги видела задачите и искрено уште стојам зад тоа дека не можам да сватам што ке му е на некој доктор да ги решава тие задачи ( иако тука бев критикувана).Наместо некој да се посвети на анатомија и другите предмети да мора да се мачи и со физика. А дали сте имале предавања по хемија?или од 2 семестар ?
Те советувам да се посветиш на анатомија и хистологија,биофизика е предмет кој се учи во три дена без проблем.Вежбите се такви да мора да се поминат,немој да мислиш дека е нешто страшно.Не губи драгоцено време,доаѓа испитна и треба да направиш една дистинкција што е важно и најголем приоритет
Хемија е во втор семестар. А за биофизика, се согласувам со коментарот погоре. Вежбите се интересни, иако има решавање задачи. Во испитна фокусирај се на условните предмети, оние неусловни (како биофизика), може да се полагаат и во 2ра или 3та сесија, не е проблем. Обично во 3та се чистат тие, а во претходниве 2 - условните.
nekoj ovaa godina sto preslushuva anatomija i histologija 1, ako moze da mi kaze dali zadolzitelno se odi na vezbi i predavanja ?
На предавања анатомија одел не одел секако добиваш потпис.Хистологија се вреднува.На вежби исто е задолжително по двата предмета,при што анатомија добиваш само два поени од вежбите(но се мошне корисни и ослеснителни),додека хистологија си бодуван секоја вежба и е построго