Совет од постарите колеги и искуства: на што да обрнеме најмногу внимание за испитот анатомија за колку дена се спрема како да се совлада најлесно материјалот и општо на кои предмети се поминува најтешко?
Па вака,најпрво учи подеднакво исто за рака и нога и учи детално зашто многу е тешко,од кога ќе положиш писмено усното спремај го само најважните елементи според прашањата на страната anatomia.mk
Фала ти многу веќе почнав,не знам дали ќе положам многу ми е страв,колоквиумите ми се 9,10,10 имам ли шанси?
Trigliceridi,masni kiselini, razlika glukoza i galaktoza, vitamini, amino sekjer, celuloza, oligosaharidi, holesterol, omega 3 ... se moze da te isprasa
Дали има некој што е 2ра година на УГД, да ми каже кои се темите од Гајтон што треба да се знаат за втор колоквиум, знам за Циркулација дека ви е земена, Крвни клетки, имунитет и коагулација на крвта Дали треба: Течности и бубрези (стр.289), Респирација (стр. 469), НЕРВЕН СИСТЕМ (стр.553) ?? Ве молам за помош.
Ке ти пишам страни за полесно да се снајдеш во учебникот од Гајтон Од 161-252страница Од 419-475страница. Тоа што е патолошко-не го учи.
некој да ми каже како се пријавуваат испитите за во јануари ...на iknow системот? зашто отварам и ништо не ми покажува незнам како?
Најави се преку iknow и пријави ги доколку сакаш во повеќе рока да полагаш,тогаш оди на линкот од координаторите што е поставен на општа медицина групата и обележи што кога сакаш да полагаш
Ете отсекогаш ме плашеле биофизика и хемија и сум викала замисли да не може некој тие предмети да ги положи и да си губи години само од биофизика .На форумов многу беа против мене кога пишував што ке му се на некој др по медицина да учи такви работи наместо да се посвети на медицински предмети и јас да би била би ги укинала засекогаш.Ако мора баш..нека биде некоја теорија само а не решавање задачи итн. Сум прашала неколку студентки од пред 2,3 години ако ви е тој професор т.станковски или како се викал томислав мислам не сум сигурна еден млад,друг и немало тогаш ..ги испитувал се и теорија и задачи од цел материјал не само од прашања од копирница.Пред неколку години било многу поубаво кога оделе на институт за физика имало повеќе професори па можело и врски ако баш запне некој да се бараат ,сега колку што знам само тој е единствен што предава и испитува на мед.фак во скопје така да учи комплетно се ,не обрнувај внимание само на прашањата од копирница,пренесувам искуство од други,не лично мое.
Колеги,малку ќе ве изпозамарам ама ме интересира мислење затоа што сум несигурна и ме фаќа паника.Анатомија 1 почнав да го спремам веќе пред 4 дена и добро ми оди,паралелно читкам и хистологија,физиологија планирам да учам следна недела,бидејќи многу повеќе ми лежат физиологија и хистологија од анатомијата,за тоа ми треба повеќе труд.Исто така сакам да одам и на испит биофизика,доволно ќе ми се два дена за да го спремам и дали ќе стигнам се на време?
Јас би те советувала да се сконцентрираш на Анатомија и Хистологија. Тие два добро да ги спремаш. Треба малку повеќе време. За биофизика не е страшно, не е ни многу тешко во поглед на материјалот зборувам. Сега не знам како ви оди испрашувањето, знам дека ја сменија катедрата. Физиологија завршен исто не е многу тешко, се спрема за недела дена. Најважното е да не паничиш. Учи си по ред и ќе биде.
женски,ако сакате може тука да споделуваме прашања по предмети што ќе ги најдеме,или во дм.од прва година слободно можат да ми пишат имам прашања по некои предмети,а доколку има некој прашања хистологоја 2 и англиски јазик од прва година,физиологија 1,биохемија и анатомија 3 од втора година, некој нека ми ги прати би била многу благодарна,
Воедно сакам да прашам дали знаете дали е можно од уким да се специјализира во филип втори или систина? или мора да е на клиника?