Го имаш ли атласот? Земи повнимателно научи ги, фокусирај се малку не зезај, со теорија ништо не правиш, утре ќе те стават во лаборатурија нема да можеш да се снајдеш.
Гледај видеа на youtube со препарати. Има многу со доста добри објаснувања. Гледај слики во атласот, побарај истовремено и на интернет, на histology guide вежбај повеќе. Знам дека е тешко, а и многу зависи кај кого полагаш. Или ќе ти ја исцицаат крвта или ќе поминиш супер и со теорија. Сепак гледај да ја примениш теоријата во пракса ќе ти биде многу полесно.
Здраво, ме интересира дали можам да се запишам на медицински факултет во Штип на смер медицинска сестра и колкави се шансите да бидам примена. инаку сум 4та година информатика... фала однапред..Поздрав..☺
го избришав коментарот... значи државата не знае што е средно образование што е више, а што е високо образование... за пусти пари да се земаат предавачите, ги испомешаа сите поими медицинска сестра на факултет за медицински науки... мешање баби и жаби...бог да чува сестра си е сестра и не може да има факултет тогаш ќе биде доктор ако заврши факултет по медицински науки! сега бев на нивна веб страница се чудам како може вака каша попара со различно ниво на образование и со погрешна терминологија ...како и да е еве ТУКА информација и ТУКА !
Мислам дека нема потреба од вакви коментари. На Медицинскиот факултет постојат смерови за медицински сестри, радиолошки технолози, физиотерапевти, лекари. Се се тоа науки од медицинската област. За да биде ДОКТОР треба да заврши на смерот општа медицина.
не е точно за наука се учи теорија и тоа се доктори, среднисти ја усовршуваат својата пракса и завршуваат факултет по својата пракса ! и викаш за доктор треба да се заврши смер општа медицина,а за сестра смер каков на факултет? за медицинска сестра се оди во средно школо а не на факултет! е сега ...ако се преврте светот не сум јас крива...ионака све неписмени ги прават законите и полни се со „дупки“ а терминологиите испомешани!
За да бидеш успешен и во едното и другото треба добро да владееш и со теоријата и со праксата. Џабе ќе си доктор, ако немаш пракса. Доктори, сестри, лаборанти .... сите треба да соработуваат за доброто на пациентот, а не да се препукуваат. Сите се битни. П.С тука ќе завршам со коментарите. Постојано редактираш, бришиш, немам време за тоа. Поздрав и убав ден!
Некои Доктори едноставно, не требало да станат Доктори. За жал. Треба да ги сакаш луѓето и да се ставаш почесто на нивно гледиште за да ги сватиш, суштински. Медицинска сестра, радиолози техничари, лаборанти се смерови на медицински факултет-тригодишни студии. Доктор е завршена општа медицина со 5 годишни студии и 1 година пракса. Кога самите доктори се подудараме со ставови, што би останало со пациентите кога не би не почитувале!!! Да не сум офтопик-девојчето што праша од информатика може да запише медицина на смер медицинска сестра на медицинскиот факултет. Битни се оценките во овие 4 години од средното образование.
Уште нешто,дали знаете некоја апликација за да научам анатомија побрзо,нешто што би ми олеснило да е поефикасно и побрзо учењево?
Исто пробај со некои видеа и слики. Се имаш на интернет денес, разгледај убаво, расчепкај се. Иако јас мислам дека анатомија најдобро се учи со атлас и коски пред тебе.
Хистологија од Нада Митева да не го има некој случајно?? Го барам онлајн..и дали го има по други градови освен во Штип?
Здраво на сите. Ме интересира дали можеби некој знае дали ќе се полага практичен дел Анатомија 1 за нас што сме тригодишни студии?
кога полагав јас,имаше една интернет апликација visible body не сум чачнала у пц да видам дали постои сеуште. Многу беше добра и буквално за анатомија беше врв.Јас од таму учев,и положив.Ептен ми помогна.Пребарај на гугл visible body и види дали сеуште постои
Хистологија и ембрио 2 е доста обемен предмет за II семестар, пробај првично со концепти за најзначајните компоненти од системот/системите, па како тоа ќе го совладаш премини на ситниците(доста ги бараат). Учебникот има добар континуитет во излагањето на материјалот искорити го за да си евентуално асоцираш, што е следно обработено, особено во ембриологијата шо е како приказна, раскажувај, прераскажувај. Користи доста слики, тие од учебникот, на интернт, Histology Guide, Biolucida. Јас користев многу квизови на интернет со блиц прашања. Не знам сега од што се состои писмениот дел, но доколку има есејски, гледај што е можно поконцизно да го оформиш одговорот, не се расплинувај многу, иако прашањето е општо.