Го има во библиотеката на Институтите или во библиотеката во белата барака спроти клиниката за инфективни болести.
Како испрашува анатомија 1 на завршен испит штип? На што да обрнам повеќе внимание, дали бара детално се или повеќе на набројување?
Zatoa i ti rekov. Vo prashanje se 6 godini i 80 predmeti koi gi predavaat site mozhni doktori na cel Klinichki centar, Voena bolnica i Gradska hirurshka bolnica. Nema kraj na nabrojuvanje
Девојки,дали знаете што може да се направи доколку немаме пријавено испит онлајн во iknow системот? Дали може некако да направиме нешто во деканат да го коригираме тоа или?Значи целиот материјал ми е спремен, грев ќе биде доколку не можам да полагам. Била некоја во слична ситуација?
Оди прашај некого на катедрата, на студентски.. Ама знам годинава беа многу јасни и гласни кога кажаа дека мора да се пријави електронски во рок, се што се има на ум да се полага. Не знам колку ќе ти излезат во пресрет.
Па не, потребно е и од презентациите да читнеш, од скриптата.. Сите се надополнуваат и подобро за тебе е да имаш собрано информации од 3те; различни професори, различно бараат.
Да прашам некоја феминка да не има искуство со утнати анатомија и хистологија прв семестар? Болна бев и не можев да одам на полагање, ми кажаа уште некој ден да одмарам. Или ја утнав годинава... нека ми пише лп Или да знае некој со слична ситуација
Во прва година направија 2 датуми за полагање анатомија поради измени што се направија од катедрата по хисто и тоа се ни измени,некои полагаа денес а некои на 7 мислите дека нешто тестот може да е ист или баш на спротивно да обрнеме внимание?бтв колегите ни рекоа дека потежок тест немаат видено
Имаш шанса да ги полагаш во следните 2 сесии, ама мораш да ги положиш нив и анатомија2 бидејќи во спротивно нема да слушаш предмети од 2ра, а многу завлекуваат. И така се губи година.. Анатомија секоја следена сесија прават се потешки тестови, така да, нема да ме чуди ако сега на 7ми ви дадат сосема различен тест. Ама се положува, ако е убаво поминат материјалот. Есејските им се релативно јасни и конкретни, ама на заокружување се многу тешки. Детали бараат и треба време да размислиш, а време нема. Сепак мој совет е прво есејските да се одгворат, па потоа на заокружување. По било кој предмет вака. Колку толку ќе се извлечат поени.
Здраво, 4та година средно фармацевтско сум но би сакала да продолжам на медицински ф. Ме интересира на кои предмети т.е. успех од кои предмети се зема в обзир при пресметување просек? Прочитав дека не примаат со помалку од 89-90. Дали сеуште важи истотот или е сменет лимитот? Патем лично: 1ва ми е со 4ка, останативе со 5ка( и оваа сигурна 5ка е) просек.
Да, во Скопје уште важи тоа, дури некои години зависи од конкуренција не примаат ни над 92-93-94 поени. Во Штип примаат и многу послаби. 60 поени се од сведителствата максимум, а 40 поени од матурата максимално што може да освоиш. Секоја децимала е битна тука. Сепак се од матурата ти зависи, како ќе поминеш т.е како ќе поминеме и ја пошо исто како тебе сум и ја. За матура соодветни ги сметаат ако си избрала биологија или хемија како 3 екстерен предмет Мислам дека за несоодветни предмети одзимаат поени, е сега не знам колку е точно или само стои како правило.
Како се проаѓа делот од физиологија,од предметот морфологија и физиологија на клетка (1 год)на испит?