Веќе неколу пати се постави прашањево.. Погоре побарај низ одговори, убаво е објаснето се околу испитот.
Не. Единствено пред сесија може термин да даде некоја катедра, но тоа е во договор. И тоа не е казнена, туку е со цел да се олесни полагањето во сесија. Еден предмет порано да се полага.
Дали некој од постарите генерации полагал вовед во медицина кај проф. Моме Спасовски и да сподели искуство ако може, дали дава прашања од онаа листата кај што се 15 16 или постојано ги менува и дали е многу строг во одценување?
Јас полагав, наместо усно полагавме писмено, 2-3 прашања од тие понудентите и асистентите нè чуваа. Професорот не се појави на испит.
Искрено не знам, не ти гарантирам ништо.. Зависи кој е сега шеф на катедра, и колку тој/таа вам ви гарантирал дека понудените прашања ќе важат. Можеш да одиш и кај професорот да го прашаш во врска со прашањава, не се срамете, професориве мора некако да ве насочат и да ви дадат основни информации околу полагањата.
Од што да учам вовед во медицина за на испит кај Фимка Тозија,а да не е од книга зашто стварно неможам
Дали може некој од постарите колеги што е на Медицина и добро ги знае проф од катедра по анатомија да ми пише за совет?
Коректни се сите. Ако имаш научено не би требало да имаш никаков проблем. Анатомија така не може да се пројде. Тоа ти е алфа и омега во медицината.
Каде можам да најдам анатомски атлас по можност на старо пошо многу се скапи на ново.....И уште нешто......Неможам никако да ги разберам убаво овие рамнините на човекот...Жити се каде се најубаво објаснати? Да ги научам еднаш за секогаш
Јас можеби смешно ќе ти звучам ама еве јас како ги знам Фронтално е спрема замислена линија што ти го дели телото на предна и задна половина,сагитална на лева и десна половина а трансверзална памти го како хоризонтална линија
Латерална ти е ко палец,медијална кон градна коска,проксимално памти го како почетно,горно,дистално завршно,долно,палмарна-дланка,дорзално-спротивно од палмарно,како задна страна
Супер ти ги објаснила колешката погоре термините. Да се надоврзам, во некоја литература може да сретнеш и вентрално да не те збуни, значи кон стомак, предна страна. П.с. проксимално и дистално најдобро ќе ги запаметиш според екстремитетите. Пример рамо-проксимално, прсти- дистално. Поздрав