Ме интересира,дали некој користи дополнителни литератури што општо би му го дополниле знаењето од медицнската бранша од типот на книги речници и такви ствари во слободно време?Ми оди супер со факсот па сакам да го надополнам знаењето
Некоја медицинарка од Скопје да не бара цимерка за од септември. Станот е на 3 минути од клинички центар, киријата е многу евтина 4000 денари и сметките идат прениски. Греењето е централно, станот е во одлична состојба, нема проблеми со мувла и слично од што најчесто се жалат студенти. Ако има некоја заинтересирана нека ми пише во лична порака
Здраво сакам да прашам некој од УГД општа медицина , што бараат проф. Даринка имунологија и проф.Васо за микробиологија 1 на прв колоквиум ?
Како што ти кажала @mazikeen, Петличковски е врв. Јас кај него бев да прашам се што не ми е јасно, ме прими ми објасна се', немав потреба да отварам книга после тоа. Исто така за некој работи гледав видеа на YT и така уште повеќе ми се разјаснуваа работите, пробај така.
Дали може да се спремат колоквиумите генетика хемија анатомија абдомен и хистологија за репродуктивен и уринарен систем за 3 недели или подобро е да се остави некој?
Даринка не ми предаваше, но Проф Васо си бара доста на колоквиум и испит, но сите прашања се од материјалот што го дава не е ништо вон тоа. Читај си со ред, микро два повеќе има и почни си со време, да ти легне материјалот за да не паничиш на крај.
Hemija prviot kolokvium kje ima zadaci? Kako da se sprema anatomija 2 site kazuvaat razlicno za ucenje sto treba I sto ne treba
Полесно е на колоквиуми, отколку на цел испит. Барем мене ми беше, а некои пак велеа дека испитот бил полесен. Ама многу луѓе и го оставаат, си полагаат други предмети, и во август-септември, го полагаат целосен. Како и да е цел материјал треба да го спремиш за усното, но лично мене не ми беше проблем на колоквиуми да го поминам така на делови, па потоа за усно да си повторам само. Хемија мислам дека нема задачи прв колоквиум, прилично лесен е, теорија генерално основни работи бараат. Анатомија сега колоквиумот си го спремаш исто како и претходниот за торакс. Кажуваш елементи што гледаш, и плус уште некои работи што треба да се знаат (проекциони линии, точки, не знам што уште има). Тоа на вежби се поминува, и ако активно се слуша и гледа како објаснуваат асистентите, без проблем се минува на колоквиуми анатомија2. Ама потоа за испитот треба убаво учење. Скоро кај секој предмет секретарките ги делат студентите (рандом или со врски) , но некогаш може и професор да побара одредени студенти кај него да си ги земе.
Здраво нов сум на форумов Сакам да прашам дали имате информации за некој што држи приватни часови анатомија и хистологија Фала од напред
Висцерална е на органи и не се осеќа секогаш на точното место а париетална е соматска болка и точно може да се знае каде е,тоа е грубо кажано разликата