Зависи од кредитите ако си за втора 36 за трета 90 итн .. мора да ги имаш собрано , не се битни кои предмети се положени
На други факултети гледаат кредити, но на медицински, услови се "бркаат" до 4та, односно да запишеш 4та година потребно е да ти се положени сите предмети од првите 3 години (освен 2-3 за кои треба само потпис да имаш). Значи се квадрира ако не ги положиш навремено условните предмети.
@Bubencence Ај вака да ја упростиме проблематикава, во Штип бркаат кредити, во Скопје бркаме условни предмети. Simple as that
Да јас помислив за Штип инаку ако студираш во Скопје тогаш условните предмети , а за Штип кредити се собираат
Znaete li koja e procedurata za prefrlanje od Skopje vo Stip i kako e studiranjeto na medicinskiot fakultet vo Stip vo sporedba so Skopje?
Дали има електронско пријавување во Штип и дали можи да се пријавиш и на двете места и вп Скопке и во штип Штип?
Прашав и во темата за уписи ама тука може повеќе знаете, па да си прашам. http://medf.ukim.edu.mk/?p=3374 Според ова нема потреба да се плаќа таксена марка на обрасци за запишување. Но, на iknow системот откако се пријавив ми пишува вака. Дали не им е сменето на iknow системот или пак треба да плаќам?
И јас сум сега за прва на факултет мене ми кажаа дека може да се плати на жиро-сметка во банка,тоа на факултетот треба да си ја најдеш која е или на 144166 праќаш смс порака со твое име и презиме и некоја назнака пред тоа мислам ТМ беше и цената ја пишуваш после тоа. Ако ти е успешно пратено ти стига код и тој код после некаде ако ти го побараат го даваш(мислам дека е така).
Значи сепак требало да се уплаќа, а на факултетот нема пишано за тоа. Голема збунка им е ова. Фала многу.
Ај те молам малку за помош ако знаеш под 1 што пишува универзитетска пријава во тоа што е на iknow потребни документи и универзитетски пријавен лист под 8 исто ли е? Јас го протолкував тоа под 8 како упатство како да се пополни тоа под 1. Ама се бунам на едното пишува универзитетска пријава кај 1 , а кај 8 пријавен лист. Глупаво можда прашањето ама се збркав.
Тоа од линкот, "обрасци за запишување и заверување", е за понатамошни семестри, не е никаква збунка. Од годинава стапи во сила таа измена, па не се плаќаат таксени марки ни за пријави за испити, ни за семестри. За упис на прв семестар меѓутоа, штом ви стои наведено на iKnow дека таа пријава треба да се плати, платете си ја. Прати СМС со текст: "TM ime prezime 50" на бројот 144-166, и ќе ти стигне повратна СМС со код кој ќе го впишеш на назначеното за тоа место од дното на листот за пријава.
Ги ископирав и двете. Инаку универзитетска пријава е слична (т.е иста) со таа купена од книжара. Фала многу
Држам приватни часови за помош при учење за студенти од прва, втора и трета година општа медицина Скопје за сите предмети, кој и да ви треба. Контакт во лична порака.
Имам прашање во врска со ослободување на дел од партиципацијата на Медицински Факултет или да си во државна квота за ако родителот е воено лице. Дали тоа воопшто постои, имам слушано од колегите дека има такво нешто но никој не ми дава точна информација. Ако некој знае фала за одговорите однапред.