Јас сум веќе запишана, втора година сум. Дали се ваѓаат некој документи и какви за да им доставам сега?
Прашај во деканат дали да однесеш документи, ама зависи, ги земаат во предвид само ако се работи за тежок неработоспособен инвалидитет, или за починато лице. Ако е само воено лице/припадник на безбедносни сили, а да не е повреден или полошо, тогаш нема ослободување од партиципација.
Едно прашање, го читав конкурсот и не прочитав такво нешто,а постара другарка со сигурност тврди дека првите пет на ранг-листата биле ослободени од целосна партиципација или тоа веќе не важи? (ако воопшто и важело некогаш)
УКИМ ги ослободува од партиципација првите 10 студенти запишани во државна квота само првата година. Од втора си плаќаат партиципација. Ова важи за сите факултети.
За секој факултет посебно така ли? Инаку знам дека е само за прва година така и ми кажа другарка ми, но никаде не можев да го најдам тоа дека го пишува.
Првите 10 примени во државна квота (секако дека на секој факултет поединечно), прва година се ослободени од партиципација, а од втора натаму си плаќаат по 200€ годишно како и другите.
Здраво знае ли некој дали со 82 поени може да се запишам за медицинска сестра на УКИМ дали има шанси или директно Штип да одам?
Со 96 поени оваа година имам повеќе шанси за во државна или во приватна квота? Знам сѐ е до конкуренција, ама да не се разочарам, иако штиклирав дека се согласувам и за во приватна доколку не ме примат во државна. И платив таксена марка, си добив и код па на 29 ќе си го пишам, ако е потребно. Ги разгледав предметите во прва, ми кажаа кои се условни и така...
Дали некој има информација лани за мед сестра или логопед на УКИМ со колку поени беа примени последните на приватна квота?
Никој не може да ти одговори на ова, зошто буквално зависи само од конкуренција, а којзнае со какви бодови ќе бидат кандидатите. За пример, во моја генерација со 96 бода беа во приватна, а некоја година подоцна со толку беа во државна бидејќи конкуренцијата таа година беше општо слаба. Како и да е, со тие бодови сигурно ќе си примена, макар во приватна квота. Ова зборувам за општа на УКИМ.
Јас не сакам да делувам демотивирачки, но оваа година се направи хаос со препишувањето и до лани имало не дека не но умерено. Тоа што сега се случуваше еве и за скопските гимназии конкретно зборувам до сега се нема случено. И резултатите си го покажаа своето повисоки се од лани, плус укинато е екстерното и сума сумарум очекувајте да има конкуренција со високи поени..
Јас 96,543 и навистина не знам кои ми се шансите... Но ајде ако не во државна,во приватна квота секако би требало да сме примени