Отприлика израчунав околу 90 имаше што имаа повеќе поени од мене... Така да мислам дека секако би требало да бидеме во државна
Многу се измешани кај вас.На фармација се посебно по студиски програми, кој успее да се снајде секоја му чест.Веројатно во петок ќе ги имаат поделено,вака со ова само ти ги дава поените кои ти си ги знаеш, не ти пишува ниту во која квота си,ниту дали те примаат или не . Добро тие со појаки поени се знае дека се примени и без тоа.
Според пресметаното, државна завршува со 95,459, а приватна со 90,995. Ова е ако сите запишани на општа медицина се на една ранг листа, без да се земат во предвид посебните категории како националности и слично.
Да... Сега гледам дури со 59 поени има некој конкурирано а тоа се премногу слаби поени за медицина...
Е ако сме конкурирале со послаби поени не сме ви ги земале местата на вас со над 90, зошто ви пречиме што воопшто среќа сме пробале...? Другарка ми е со 89 поени непримена, сите 60 од сведителства ги има, девојчето учеше премногу, тоа што на матура не препишувавме не не прави слаби према вас со над 90. Знаеш колку е разочарана и колку потенцијална јака и успешна докторка изгуби нашето здравство? Ништо лично, не сум јас таа со 59те поени, да ова навистина е послабо, зошто само 60 од сведителства е, но сепак си имала право да конкурира ако ништо друго и покрај тоа шо не била со 5ки. Пред 3г и со толку поени беа примени, послаба генерација беше и екстерно имаше уште. Со среќа нека ти е инаку.
Да не дојде до некој забуни,немам ништо против за тоа кој со колку поени има конкурирано,секој заслужува да си ја проба среќата бидејќи никогаш ништо не се знае... Само сакав да кажам дека 59 поени се прилично малку во споредба на пример со 80/90 и слично. Инаку фала, среќно и на тебе.
Не знаеш чив човек е на крај ќе испадне и нејзе ја примиле. Шала на страна те разбрав да, но чим нема ограничен број на поени нека си конкурираат. На наш ризик беше да не сме примени. Јас свесно конкурирав со шанси за ризик да не сум примена. Фала.
Ама чекајте, има и луѓе што конкурирале и на другите листи(национална ранг листа, специјални услови...), ама со 59 тешко. Единствено во Штип. Мада и тоа не се знае. А, од 80-100 секој треба да си проба. Па и под... нема граници, во медицинава гледам само желба. Секоја година сме свесни дека е тешко, еве по распоредов на 28 окт. колоквиумска недела. Тоа е 28 дена спремање на 3 предмети или колку и да се? Не видов баш детално. Сакам да кажам со среќа нека нѝ е на сите, секоја година навалуваме и покрај тоа што нѝ викаат и од дома и сегде дека е премногу учење, и покрај тоа што знаеме дека е тешко. Ама желба што знае за тешко.