Dance92. Не е вистина дека се полоши генерациите што доаѓаат,туку оние со високи поени препишале на матура, со чест на исклучоци.Во најдобрата гимназија "Орце Николов" не смееше мува да прелета,така што со сопствено знаење супер ученици добија 4ки,што е и реално.Во мноооогу гимназии низ Македонијава се препишуваше без усул,но времето секогаш најдобро покажува што е квалитет!
Здраво , 4та година сум матурант. Пред се' , со среќа нека ви е на сите ново запишани и со лесно во наредното 6 годишно патешествие. Искрено ја гледав листата и се разочарав малку , толку јака конкуренција алал да ви е. Јас во прва година средно училиште не фаќав книга воопшто и се' терав на шала и завршив со доста слаб успех со 4ка (во однос на потребниот за критериумот на медицина). Веќе од втора ми дојде памет но пак не можев да завршам скроз одличен поради некои предмети кои ми беа одбивни. Веќе од трета ги немав тие и сега сум супер со оценки се надевам и 4та. Според некакви пресметки би имал 51-52 поени од вкупно 60 од успех. За матурата не можам да кажам но искрено нема шанси да ја направам одлична (макс бодови и сл.) од причина што и да научам се , по природа сум паничар и сигурно ќе згрешам. Не очекувам да имам повеќе од 80 макс 85 поени а не дај боже и помалку со тоа што мојата желба за медицина застанува тука и не можам да се гледам себе си како лекар кога нема да влезам. Гледам во примените има и листа со некои други категории како специjaлни услови (бидејќи јас живеам со самохрана мајка , додека татко ми е починат) , за што е тоа поточно? Фала за одговорот.
Ми го снема коментарот, знаеш зошто е точно бидејќи држам вежби на студенти и најобјективно тврдам дека се полоши генерации се. Се сложувам за разлика од средно до средно и од тука доаѓа проблемот после. Поздрав
Точно дека препишувањето е најлошо нешто и необјективно се мери "знаењето". Не знам сега каква ти била среќата и тестаторот, но и јас сум од Орце и кај нас во просторија се препишуваше до сега не видено нешто за школото зошто со години се знае дека не можеше да се препишува,но ете што се случи. Баш и погоре напишав 2-3 страници наназад дека годинава скалата ќе се покачи во однос на минатогодинешната баш поради ова и поради екстерното што веќе го нема.
Здраво дечки ве молам за помош,имам проблем со iknow системот.Не ја знаев лозинката па решив да ја сменам,се одјавив од iknow и стиснав на заборавена лозинка ми стигна линк на емаил отворов линкот сменив лозинка и потоа да се најавам и проблем, Ми покажува дека невалиден обид за најава.Продолжив да го правам истото и еве сега ни линк не ми стигнува на емаил,дали има некој што имал ист ваков проблем и дали на студенски прашања би го решиле ова.
Кога треба да се логираме повторно на iknow?? И што треба со изборните предмети?? Ништо не знам некој ако може helppp??
Оваа уплатницата од 1000денари што цел на дознака ќе има? И таа од 750ден ИКСА на УКИМ ќе биде цел на дознаката? Ако добро сфатив... И образец пп50 сиви се пак уплатнициве? Уште нешто ако некој знае, ова индекс, студентска легитимација итн., се исти за цел УКИМ или има некое знакче посебно за секој факс па директно од пред медицински треба да се земат? Стварно сум неупатена овојпат, изгубен бруцош, не ми се смејте.
Луѓе, дали индексот се зема на факултетот и колу пари е? Дали картичката за евиденција ќе ни биде дадена сега на упис?
Оваа година изгледа првпат е направено да се купуваат. Нели ние треба да ги доставиме у вторник/среда...
За таа од 1000 би требало да се напише за студентски информатор, наставна програма, електронска картичка за евиденција, одржување (како што е наведено). За таа од 750 ИКСА на УКИМ. И да пп50 пак. http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2019/09/OM.pdf На последната страница имаш се’ што ти е потребно за упис. Без паники, се’ ќе биде во ред. Тоа што треба да се купи ќе биде сигурно во книжарата пред факултетот, како што беше за пријавниот лист на поддавање, бидејќи образец за запишување мора да се купи, а таму ќе бидете известени за индексот и легитимацијата.
Здраво дечки, не сум примена медицина во Скопје па сакав да прашам дали ќе има втор уписен рок во Штип?