Кога ќе се логираш на iknow во лични податоци се гледа групата. Треба на меил да ти пристигне за да го ресетираш профилот.
Важи, на фармација беа обележани дека не треба ништо да плаќаат. Оди на факс, прво прашај си дали си во тие, па после ќе платиш ако случајно требало и ќе доставиш документи.
Не е толку тешко хемија иако изгледа страшно на прв поглед се учи, ке биде малку потешко ако немаш основа, и јас немав, може ке ти треба повеке време да го совладаш материјалот ама професорите се коректни во врска со термини и дозволуваат одложување доколку не се чувствуваш спремно така да ако се потрудиш да научиш сигурна сум дека нема да имаш проблем
zdravo se izvinuvam bi sakala da prasam dali nekoj znae kade se naogja katedrata za interna medicina na medicinski fakultet vo skopje t.e. kade mozam da zemam ocenka
Лево од зградата интерна, по патчето што води напозади кон амбулантите, има скали на ќошот од зградата - порано кај што беше пекарата. По тие скали, па внатре низ долг тесен ходник (полно е со гајби празни шишиња, нема да утнеш), па по скалите на први кат, една врата е, низ неа, па прашај било кој ако директно не ја најдеш секретарката, ќе те упатат.
Не знам кој и зошто ти кажал на гастро, зошто таму си е оддел гастро, а не катедра интерна. Ако ти треба секретарката од катедрата - а таа ти треба за да ти стави печат откако ќе положиш и професорот ќе ти стави оценка во индекс, тогаш ќе одиш ваму каде што ти објаснив.
Не можам да се најавам на iknow ми стигна и меил за ресетирање на профилот и пак не може, има ли некој друг проблем или само јас?
значи дека сеуште не си внесена во системот, деканатот треба да го среди тоа,обично после предавања на документи после неколку дена може да се отвори системот,почекај малку не ја менувај лозинката
И да си ослободена од парципација ми се чини дека си ослободена само 2 семестри, значи втор и трет ако се ете не знам (по правило прв и втор). Нема зошто да се буниш.