1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Женски
    хаххаха верувај медицински ништо не поклонува.... сами треба да си купите на почеток, на предавања не се носат ама на вежби ви бараат
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Yellow456

    Yellow456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Ќе сака ли некој да ме информира за тоа кои професори се построги, коо бараат помалку, на кои предмети треба да се посвети повеќе внимание, а на кои помалце итн.? Добра информација би била како за почеток..
     
  3. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за анатомија и хистологија треба да посветиш внимание на сите,мислам секако Зафирова од анатомија е најстрога ама за знаеење сите бараат знаење и Зорка,Лена и Марко од Хистологија знаат да бидат строги зависи кој како е расположен. Од другите катедри сите професоори се горе долу океј а и немате контакт со нив бидејки ги полагате писмено

    не знам за кој предмет ти го кажале тоа но за предмети од 1 година нема такво нешто, другите предмети се полесни на предавања предаваат вие слушате на вежби исто објаснуваат тука има соработка и објаснување ама нема одговарање и учење лекции однапред освен хемија зависно од асистентот ама и тоа не е за оцена туку е начин на држење вежби за да не спиете на вежби ве тераат како во средно секој по 3 реда да научи и раскаже...

    Би ве советувала само хистологија да си ги читате лекциите однапред пред вежби чисто ако сакате нешто да разберете на препарати и да запамтите...
     
    Последна измена од модератор: 18 септември 2019
    На mira.mira, Dream-Girl и Yellow456 им се допаѓа ова.
  4. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    2.576
    Пол:
    Женски
    Зафирова најстрога,сериозна си? :rofl::rofl:
    Си слушнала за Анѓа Стратеска, Лазарова и Аце Додевски?:rofl:
     
  5. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Женски
    Стратеска е во пензија, Лазарова е променлива понекогаш е многу добра понекогаш само вика и Аце колку го збореа за лош врска нема хахахах ми беше неколку пати на вежби и полагав глава кај него и беше сосема коректен во врска со оценување и попушташе затоа не дозволувам никој ништо лошо да каже за Аце верувајте не е лош...
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NYC

    NYC Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Еве совет и од мене за колегите бруцоши . Обрнете внимание на анатомија, хистологија, Миф и хемија. Анатомија читајте, прашувајте ги асистентите да ви објаснат, објаснувајте си со колегите кој како сфатил, бидејќи само така ќе научите. На почеток изгледа страшно ама нема откажување. Миф учете си особено делот физиологија, не знам зошто ама доста колеги заглавија со предметов... за хисто исто како и анатомија прашувајте, сликајте и по можност доаѓајте со колку толку научен материјал на вежби, бидете активни на вежбите се земаат во обзир верувајте. За хемија зависи каква основа имате, но како и да е може да се научи не е премногу тешко. Со среќа на сите!
    Прашање до постарите колеги за искуство со физиологија и анатомија 3, некој совет фала однапред
     
  7. Gregoriana

    Gregoriana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Керка на пријателка на мајка ми заглави Физиологија порано кај 2 професорки кај некоја Васка и Весела,3 години или 2 мислам губеше од Физиологија и избега во Варна. Тоа беше пред 9,10 години но ми остана во секавање.Не знам дали уште предаваат тие професорки таму.А познавав и една друга знам зборуваше како на некој тест што го имале физиологија се одговорила до точка и таа Весела и рекла ти ставам оцена 10 нема потреба да доагаш на испит изгледа усен или завршен.

    Да прашам не ми е јасно за книгите од книжара во деканат,
    Дали бидејки сме студентки на факултетот ни ги даваат да ги копираме во копирница или може да и дадат книга на моја роднина да копира ако сум случајно зафатена или само на нас студентите ни даваат? и исто ме интересира за која копирница зборувате кај Хипократ? каде е поточно таа и дали таму има и копии од некои книги од мед факултет како што сватив на пример копии од анатомија,ги продаваат или само вршат копирање?
     
    Последна измена од модератор: 18 септември 2019
  8. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Женски
    копии од книгите имате во самата копирница, во деканат само продаваат книги оригинали а ако сакате фотокопирани верзии од книгите одите во копирницата што е накај Public room една е не може да ја промашите,сите книги ги имате таму освен анатомија бидејки од оваа година имате нови книги не знам дали ке ја пуштат во фотокопирница
     
    На Gregoriana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. deadsunflower

    deadsunflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Лелее уште оригиналните книги да треба да ги купуваме фина работа ќе завршиме
     
  10. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Оригинални книги по ништо не мора да се купи. Тоа е ваш личен избор дали сакате. Сите книги ги има во копирницата кај Хипократ или кај Жетвар, што е поефтина варијанта ама секој со желбите нели. Дури и да нагласи некој проф као дека треба да му ја купите книгата, не мора. Никој тоа не го гледа. Имам купено оригинални нормално ама за книги што вределе за оригинал - клинички предмети.

    Секој што научил - положил. И кај Стратевска и кај Костовска и не знам Докиќ и Малеска и бла бла. Се друго е мачкање очи. Може се тешки професори, ама секад има опција. Не слушајте такви глупости. 5 години со мојата (не) среќа се паѓам кај хардкор професори или шефови на катедра па неам изгубено година ни заглавено.
     
    Последна измена: 18 септември 2019
    На Glossy-girl, Flora_, MeckaCia и 2 други им се допаѓа ова.
  11. BSH

    BSH Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Здраво.Сакам да прашам дали некој има искуство со префрлување од општа медицина УГД на општа на УКИМ или барем знае како оди таа постапка?
     
  12. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Женски
    колку што јас знам не дозволуваат префрлање,барем пред неколку години имаше такво известување на УКИМ..
     
  13. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Забранија префрлување од Штип и Тетово на Уким веќе 3,4 години
     
  14. BSH

    BSH Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Тоа само за општа? Затоа што на уким за ветерина можно е префрлување од било кој универзитет
     
  15. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Женски
    за општа знам дека не дозволуваат а за други не знам...
     
    На BSH му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Unicornus

    Unicornus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Факултетот за ветеринарна медицина си е посебен факултет и за него не знам како се регулирани префрлувањата, но кај нас на Медицински не се дозволени префрлања од причина што на факултетот во Штип се запишуваат многу послаби апликанти за разлика од тука во Скопје каде конкуренцијата е многу голема и се примаат најдобрите според успех во средно образование. Па оттаму, не е фер некој со многу послаб успех кој првично се запишал во Штип, да се префрли и да учи во Скопје, а притоа има студенти со каде каде подобри поени што аплицираат директно во Скопје и не успеваат да се запишат.
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Дали има измени и отстапки од распоредот некогаш? Сакам да закажам утре полигон, вака од 10ч коа сум според распоред на факс ама ми е страв да не изменат нешто во распоредот, па да не стигнам ни ваму, ни таму. :?:
     
  18. Unicornus

    Unicornus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Скоро секогаш предавањата се одвиваат според дадениот распоред, ретко се случува некој професор да го премести и/или да не дојде, ама тоа најчесто го најавува и е во договор со студентите. Прва недела претпоставувам ќе имате само предавања, па и би требало да имате фиксен распоред. Штом почнувате во 10, слободно можеш да бркаш работа пред тоа.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Женски
    може да направат измени во распоредот но ве известуваат за тоа, вежби имате уште од првата недела,гледај на вежби биди редовна бидејки со повеке од 2 минуси колоквираш а за предавања можеш да дадеш картичката на некој друг да те куца
     
    На Dream-Girl и Unicornus им се допаѓа ова.
  20. Unicornus

    Unicornus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Во право е членката. Само што видов дека од прва недела имате вежби, во мое време немавме уште одма :D
    Вежбите во моето досегашно искуство секогаш биле на време (некогаш неколку минути покасно, никогаш порано) а за предавањата, како што кажа членката можеш и само да се куцнеш.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.