На распоредот пишува дека се што е ставено во распоредот таму значи теорија, предавања, испити, колоквиуми се оддржува во амфитеатар 1. Само вежбите се на други места. Ако грешам нека ме исправи некој.
Скелет? Мислам дека легално не можеш никаде ако грешам поправете ме... Коски имаш на факултет коа сакаш да вежбаш, не ти вреди изнајмување и купување, за џабе фрлање пари, коски најмалкку испрашуваат
Надвор од анатомија повеќе нема да ти требаат, без разлика на струката. Понатаму како што ќе ги учиш предметите ќе ти се вклопува сѐ, коските ти се буквално само за анатомија, ништо друго, а и се прилично лесни за учење, единствено черепот е малку покомплициран. А ако веќе сакаш, подобро ти е да вежбаш на институт или да изнајмиш вистински од негде, зошто пластични/гипсени ги немаат сите анатомски обележја. Може да се изнајми, баш од генерација другарка имаше изнајмено од музеј, со документ, печат, легално. Во моментов не ми текнува точно кој, меѓутоа мислам дека од било кој музеј и сл. институција, доколку имаат, би можело да се изнајми на одредено време
sto dokolku nemam potpis vo indeks za predmet ke mozam da zaveram i zapisam semestar?se plakja za potpis kako na drugite fakulteti?
Dali na tie sto ste prva godina fakultet vi ima stignato email za elektronski indeks jas seuste nemam
Дечки вие од прва година имаат направено група на фб за вашата генерација со цел полесно комуницирање, запознавање, договарање за вежби и слично, побарајте, приклучете се Со среќа
Здраво дечки. Ова е исповед, воедно и прашање за сите што некогаш биле или уште се студенти на општа медицина при УКИМ. Барам помош бидејќи очајно ми треба. Јас сум сега за трета година, редовно запишана со сите фатени услови на време. Проблемот е во тоа што јас сега влегувам во трета година со 5 предмети (Физиологија2, микробиологија неположен колок и практично, Патолошка физиологија1, Имунологија и Генетика). Навистина многу се потрудив оваа сесија, меѓутоа трудот беше залуден. Прашањето ми е - дали е можно се да исчистам на време (најискрено) и да го фатам условот за четврта година? Сакам искрени коментари базирани на искуства, бидејќи само така ќе можам да се утешам. Исто така, одлично би ми дошле и совети и идеи со кои можам да си помогнам - пример консултации, вонсесиско полагање и слично. На сите ви благодарам однапред, не знаете колку ќе ми значи вашата помош?
Никој не може да ти каже дали е можно да положиш се' на време затоа што таа можност зависи само од тебе и оние кои те оценуваат. Ако вложиш време и труд, веројатно ќе успееш. Ако не, залудно ќе е било кој тука да ти кажува дека се' ќе положиш, затоа што не те оценуваат тие туку професори на факултет. Знам дека понекогаш изгледа како да е залуден сиот труд вложен, но никогаш не е. Само треба да го најдеш вистинскиот пристап за конкретниот предмет и тогаш полесно оди. Ама еве да не мудрувам многу бидејќи не сум од овој факс, па можеби тие кои го студираат имаат некакви совети во однос на учењето кои би ти помогнале.