Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. manu-cao1

    manu-cao1 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    дали знае некој лани во државна квота со најмалку колку поени бил последниот ученик што го примиле?
     
  2. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    24.101
    Пол:
    Женски
    ^^
    Мислам 97.7 беше.
    Нека ме поправи некој ако грешам.
     
    На manu-cao1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Ајде матуранти, објавен е Конкурсот за уписи на студенти во прва година 2014/2015 на Медицинскиот факултет во Скопје. Објавен е на страната на Медицинскиот факултет. :rock:
     
  4. cookie19

    cookie19 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Девојки, ме интересира како се пресметуваат поените за упис на факултет, зашто барав по интернет и не можев да најдам, а сакам да продолжувам на медицински. Ако некоја може да ми каже ке ми направи големо добро :)
     
  5. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Девојки сега завршив трета година општо, од година 4та јеје матруант :D, еден чекор поблиску до факултет. Инаку јас сум подрачје ПМБ бидејќи ја обожавам биологијата и медицината. Сакам да се запишам на медицински факултет, бидејќи чичко ми има приватна лабораторија т.е. поли клиника, и тој и јас самата се надевам дека еден ден ќе работам таму,или пак во некој друг оддел од медицината. Но сакам да признаам дека многу ми е страв, и покрај мојата љубов кон медицината, јас се сомневам во самата себе си и мислам дека нема да го завршам факултетот како што треба, или пак дека ќе го заборавам сето тоа што сум го учела, дека не сум доволно добра за да станам докторка. Другарките, моите дома ме тешат за тоа и веруваат во мене, постојано викаат дека имам надпросечна интелигенција, чичко ми поготово има најголема верба во мене и јас не сакам да го разочарам, но никогаш нема да бидам добра колку него. Се чувстувавам многу несигурно, бидејќи мислам дека нема да успеам и голем минус ми е тоа што не сум со средно медицинско и немам никакво претходно искуство во подеталното проучување на човечкиот систем и ја немам праксата која ја имаат учениците од медицинското училиште. Па може ли да ми дадете некој совет за догодина, како е на факултетот, дали е лесно, интересно, како да учам за полесно и подобро да го запамтам материјалот итн..
     
  6. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37



    Малку потценувачко за другите знаеш... :) Не мора да имаш надпросечна интелигенција за да завршиш Општа медицина :) Според мене секој што има желба и секој кој сака од дното да душата да биде доктор за да спасува човечки животи а не за да биде носител на чинот го може тоа . И не да бидеш доктор зошто чичко ти има поликлиника па да ја наследиш, мислам апсурдно според мене иако секако тоа ти е еден голем плус но што да кажам според мене денес е сосема загубено вистинското значење на она вистинското односно што е она да се биде доктор . Во гимназија никакво предзнаење нема да имаш за на медицина кога ќе се запишеш на факултет бидејќи она што ние во средно медицинско го видовме на практика не може да биде научено во ниту една книга . Медицината е преубава . Се заснова на логика,ниту еден учебник нема да ти го понуди потребното знаење како она што ќе го видиш со сопствени очи и каде што ќе ти биде објаснето на лице место :)
     
    На Depresijate6ka, MalaMedena и srcence1607 им се допаѓа ова.
  7. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Не мислев да потценувам никој друг со тоа што го кажав, бидејќи знам дека има и ќе има многу поуспешни лекари кои ќе придонесат многу во светот на медицината. Јас сакав само да си го искажам тој товар на душата тука и дека можеби некој од вас феминки ќе ме бодри и ќе ми појасни како е да се биде лекар. Реков дека сакам да бидам лекар бидејќи тоа е моја желба но воедно и да исполнам желба на некој друг. Знам дека медицниата е прекрасно нешто и треба да се негува, свесна сум за тоа. Сепак фала на твоето објаснување, знам добро да примам критики :)
     
  8. Faith.M

    Faith.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Дали има некоја што планира да се запише на Логопедија во учебната 2014-2015 година? Или некоја што веќе е запишана? :) :) :)
     
  9. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    127
    Со колку поени е влезен последниот кандидат на општа медицина штип со конфинасирање лани?
    Имам ли шанси со 70 поени во втор уписен рок?
     
  10. cancer993

    cancer993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Немаш никакви шанси затоа што на Општа медицина не примаат кандидати кои имаат помалку од 80 поени :!:
     
  11. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    127
    Но по резлутатите лани видов дека со конфинасирање влегува и со под 80 поени, мислам дека имаше некои и под 70 поени и тоа во втор уписен рок. Затоа барам некој да ми каже со колку е примен последниот на општа медицина-штип минатата година
     
  12. shivaree

    shivaree Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    7
    Што мислите, каква ќе биде конкуренцијата оваа година за Општа медицина во Скопје? :?:
     
  13. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    127
    Искрено оваа година се гледа дека е актуелен медицинскиот факултет, скоро секој втор човек што го познавам ќе оди на медицина, така што очекувам голема конкуренција, каква што не била досега.
    Штета. Толкава желба имав да се запишам на медицина, уште како мала мечтаев за тоа, средно беше невозможно да се запишам, не ме примија во скопје на медицина. Па сега ниту факултет ќе видам од медицина ниту ништо. Душата ме боли. Секој ден плачам.Катастрофа.
     
  14. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Конкуренција има како и секогаш и е доста јака на Медицински, но факт е дека на Медицински факултет се запишуваат 90 % деца со гимназиско образование, а 10 % дали и толку се од средно медицинско училиште што е стварно жално.
    Жално е што медицинарите немаат никаков интерес за оваа струка да ја продолжат а учат ради реда пошто нема математика ФАКТ е тоа или пак мислеле дека е лесно па ајдее.
    Еве кај мене секој што ќе го прашам дали ќе продолжува медицина ми вика "Нема шанси ова да идам, ја не го сакам ова, преку глава ми е од глупостиве, бегај бе таму каква црна медицина". А малце само ако се заинтересираат да го разберат материјалот, како организмот функционира и други основни нешта, нема да им биде тешко бидејќи ние за овие 4 години имаме ОГРОМНАААААААА основаа дури и слободно можам да кажам предност пред гимназијалците (без навреда ама така е), само што многу малце сме оние кои го користиме тоа знаење и предност :!:
     
    На Depresijate6ka и Doryana им се допаѓа ова.
  15. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    127
    Имате основа само од областа на медицина. Да признавам. Гимназијалците сме во предност пред сите вас. Имаме каква таква основа од секоја област. Основни знаења имаме од секоја област и лесно можеме да се снајдеме на било кој факултет. Што за жал вие од медицинско и останатите стручни не го можете тоа. Познавам случаеви каде некои од медицинско отишле на правен или економски и не се снашле велејќи јас можам да извадам крв од вена ама ова не можам да го сфатам. А гимназијалците сегде се снаоѓаат. Тврдам за тоа. Имаат знаење.
     
  16. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37
    И според мене е штета кога сите гимназијалци ќе се напикаат на медицина. Да можеби знаете секаде да се снајдете но не туку така лесно и со сигурност тврдам дека ја немате потребната основа за медицината. Да не речам но,не знаете ни шприц ни игла во раце да држите а камоли да ја аплицирате,без навреда но така е.А најстрашното од се е што на некој начин ни ги земате местата на факултет :)
    Се надевам еден ден ќе има приемен испит и ќе ја нема оваа неправда :)
     
    На Doryana, luncika, srcence1607 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Тоа да, затоа и зборев конкретно за медицинскиот факултет и медицинарите. Тоа што сакав да кажам е дека е жално што со таква јака основа и такво добро предклиничко знаење многу од нас се гадат од професијата и не се надополнуваат на толку убаво поле. Ние не учиме секакви предмети затоа што сме насочено стручно а вие сте општа и затоа имате секкави познавања, нели. Поентата ми беше да кажам дека ние од медицинско сме многу малце кои го користиме тоа знаење и таа предност за да успееме на медицинскиот факултет, а дека можеме сите. За тоа и јас викам дека си во право. Ние врска немаме од физика, математика, право, педагогија, филозофија, статистика, менаџмент и слично. Ние знаеме за хирургија, инфективни болести, лекови, крв, физиотерапија, коронки, заби, протетики и слично, тоа што сме го виделе на клиничката пракса, на операции, на смртни случаи, се она што сме го доживеале со пациенти не може никој да ми докаже дека истото може да го најде во книга и да го набуба. :)


    Ќе се надополнам на мислењето на Екатерина пошто се согласувам потполно. Ќе споделам една случка на праксата која ја доживеав а е една од многутеееее :) Дипломирани доктори со завршени 6 години на општа медицина со просек над 9 запишале специјализација и дојдоа на предавање. Нешто збореа со сестрата и таа ми вика Девојче ај те молам имам една многу важна работа, објасни им на докторите како се вади крв од кубитална вена. И јас фацијалната експресија во моментот ми беше WHAAAAAAAT?!?!?!?! :o Земам им објаснувам се и дур објаснувам детално ги прашувам па вие не го знаете оваа?? нели сте завршиле медицина?? средно што имате?? Ми вика докторката ние сме од гимназија, ние ништо не знаеме од овие работи, вака медицина знаеме разбираме дипломиравме со просек ама вакви работи не сме учеле, не знаеме. Дали ќе сакаш девојче да ми објасниш како ја бараш вената?? :x :x :x

    Уште една случка која ми остана така запаметена е дека побарав да ми дадат Бетадин пошто правев преврска на оперативна рана и дека истата докторка ми даде средство за дезинфекција на подови, што значи џабе и е се кога нема основа од стерилизиација и дезинфекција.
     
  18. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Демек медицинарите не би се снашле во било која област, само гимназијаците го можат тоа :!:

    Извини, ама не можеш ти со четири години учење каша попара од се' и сешто да имаш повеќе знаење од областа на медицината од мене што четири години сум учела анатомија, физиологија, и др. стручни предмети. Значи да тргнеме од анатомија и физиологија кои се основни предмети од кои вие ама 1% немате знаење. Знаеш каде се наоѓа максила, каде темпорална коска? Знаеш како функционира Кребсов циклус?
    А да не почнам да зборувам за конкретни лекови нивен метаболизам, апсорпција, дистрибуција, елиминација, интерации со храна!

    Ме нервира тоа генерализирање сите гимназијалци можат да се снајдат во било која област, а медицинарите само во медицината, па дали и во неа! Па, да ти кажам и среќна сум што не ја избрав медицината за мое понатамошно образование за моја животна професија, бидејќи навреме се соочив со некои факти. Еве ме мене од медицина во сметководство и ревизија, со солиден просек на додипломски студии, и со уште посолиден на постидипломски. Воопшто не жалам што не се определив за медицина, секој ден сум се' посреќна поради тоа!
     
    На naturally, Dvolicen и MadeToLove им се допаѓа ова.
  19. MadeToLove

    MadeToLove Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    ^ Точно е тоа.
    valery15
    Може гимназијалци се добри во многу области, ама не и во медицината. Не можеш ти со гимназија да имаш исто знаење како оној со медицина. Знаеш ли колку им е тешко на гимназијалци кои одат на Мед. факултет, м? Анатомија си учела, физиологија. Основата на медицината ја немаш.
     
  20. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Токму тоа Мејдтулав додека гимназијалците се мачат со која коска каде се наоѓа, молат за некој скелет за да учат и да бараат кое каде е, како функционира ние веќе го знаеме и полесно учиме и не се мачиме. Додека се мачат со интерни болести, заразни болести, хирургија, рани, операции, додека се смеат на психијатриски случаи и се чудат на деца со синдроми и бегаат од болни со сида, додека се тргаат да работат со наркомани, да стапат во контакт со нивната крв нас ни е сето тоа секојдневие и не се мачиме. Веќе знаеме што е со пациентот, сам поставуваш дијагноза врз основа на симптомите, знаеш која терапија да му ја спремиш,Како да ја спремиш и како да ја аплицираш Стерилно во асептични услови, додека гимназијалците трчаат по нас со книгите и бараат во книгата што му е на човекот :)

    Затоа признајте дека тука немате основа и не знаете колку нас, нема да ви падне круната сите сме луѓе :*