Дали ако во 2ра година,имаш да запишиш само 3 предмети, без Физиологија и Анатомија 3, плаќаш цел семестар? на iknow ми пиши дека треба да платам само 5330ден, не ми е јасно како е
Toa od iknow ne e tochno - ne treba da se vodite po toa, normalno si go plakjash semestarot kolku shto se sekjavam. Bashka za takvi raboti, najtochno ke vi kazhat u studentski, ne znam zashto takvi raboti prashuvate tuka.
Karshi vlezot na vashiot amfi ima desno drug vlez so skalichki, ke se kachite po niv i od leva strana ke se kachite po skalite na prv sprat. Tamu e institutot po anatomija. Nema praktikum, tuku obichno mozheshe od uchebnik da se prochita toa shto e predavano. Eventualno ponovite generacii neka kazhat ako im teknalo nekoj materijal da dadat ili praktikum da izvadat
Каде се одржуваат предавањата анатомија 1 .. Пишува дека во амфитеатар 1 , но дали на факултетот или на институтот??
И колегии, како ви помина вашиот прв ден како мислиш на факултет или на институт? тој амфитеатар на институт е амфи2, амфитеатар 1 е тој карши рептил по скалите до биохемиската лаб.
Мене амфитеатарот ми делуваше депримирачки и старо ,не е нов и современ како на други факултети. Само што си дојдов дома и умор осетив а сега си викам леле па утре пак леле како ли ке се учи кога предавањата ке си земат замав од сите предмети се повеке и повеке материјал,ме фака паника искрено.
Мене ми беше океј . Едвај чекам да почнеме да видам како ќе бидат предавањата. Не ми е ни страв нешто, прилично се изненадив и ја сама од себе. И колегите се фини и дружељубиви, поготово постарите, кој и да прашав за нешто ме упати на вистинско место за шо и да требаше, навистина позитивно се изненадив. Подобро е од што очекував, бар засега така мислам.
Сите предавања се одржуваат во амфитеатар, вежби на институтите. Амфитеатрите изминатава година ги реновираа делумно, сега се топ. Требаше да ги видиш пред 6-7 год., стари преку 50 год.
Кај е најдобро атлас да купам и кој е најубав за учење всушност? И за книгите ме интересира гледам анатомија 1 денеска сите оригинал книга купиле, а јас разбрав дека можело и со копии... Па, дали да купам оригинал книги или да ги копирам?
И јас се мислев ... планирам да ја купам, бидејки отсекогаш ме привлекувал мирисот на нова книга .Тоа ке ме мотивира да ми се учи. а за другите предмети планирам копија,единствено хистологија викаат паметно било да е оригинал. да се гледаат сликите во боја,што знам?!За атлас сум слушнала повекето го фалат Собота отколку Нетер, па не знам кој ке го земам.
Малку недостасувашр И јас би сакала да ја земам оригиналната книга по анатомија бидејќи рекоа нова била, е сега ако е прескапа па да се предомислам тоа веќе друга работа
Корицата на книгата ти е во боја само, внатре се е црно бело. Ако ти мења нешто дека е оригинал и корица во боја, купи си ја. А дека може копии, може по сите предмети Евентуално ако смениле нешто ново, мада разгледај ја како ти фаќа око од тие што веќе купиле оригинал и процени си. Секој различно ќе ти каже за атлас. Некои користат Нетер (македонски / англиски изданија), некои Синелников зависи. Првиот ти е во боја, македонското издание го продава и човекот пред амфи и е 3то издание, англиски имаш понови оригинал во Академска книга. Синелников ти е црно-бело во 3 тома, и тие тешко се наоѓаат, на кејот кај што продаваат стари книги - евентуално од постари генерации ако продаваат. Јас користев Нетер 5то издание на латински (тогаш беше најново издание - сега има ваљда понови, и го порачав од Белград). Мене лично одлично ми послужи, немав потреба од додатни помагала, коски, скелети глупости.
Атласи имаш повеќе ама јас би ти препорачала Netter или Sobotta со латинска номенклатура, ги имаат скоро сите елементи што треба да се знаат и што се наведени во книга. Јас кога купував, земав од Академска книга, но македонското издание на Netter го имаш во книжарниците Литература. Се движат околу 6000 денари, на старо можеш да најдеш и поевтино. Исто така, имаш и PDF верзија со англиска номенклатура од Netter, во случај да не можеш да купиш. Од книги, јас лично купував како стигнев, нешто оригинал, нешто копија, но конкретно за анатомија поубаво ми беше копија зашто ми беше многу попрактична за учење и подвлекување (криво ми е книга да шкртам ).
Атлас се наоѓа и во електронска верзија. Ако сакате да купите, најефтин за купување е Нетер (англиската верзија од Академска Книга, 3000 ден., македонската е 6000 ден.), а и сосема доволен за анатомија 1 и 2 (за анатомија 3, ЦНС, има посебен атлас на ЦНС, за 150 ден. од Просветно Дело). Книги не ви се исплати да зимате оригинал, скроз нелогично е да давате илјадници ден. годишно за тоа, кога имате скрипти во фотокопирниците околу факултет.
Same here Стажирам. Знам дека одприлика тука некаде бевме, ама кој да памти конкретно. Декември здравје?
Нетер користев и јас( околу 5-6000ден го платив од тој човекот кој дојде во амфитеатарот и ги продаваше-уште го чувам) а анатомија книгите ми беа скрипти. Црно бели се сликите, не ми менуваше дали е нова или од скриптара.
Ептен си поигруваат со цените значи. И ден денес истиот човек пред амфи 1 продава книги, атласи и практикуми, ама ептен му се високи цените. Нетер конкретно, буквално единствена разлика е што корицата е тврда, црна, на македонски, тој го продава за 6000 ден., а во Академска Книга корицата е мека, сива, на англиски, и е 3000 ден., па кога внатре и онака сите слики се идентични, и сите ознаки си се на латински, зошто да дадеш плус 50€ за наслов на македонски