Дали има вистина во тоа дека на клиниките каде што сте на стаж ви даваат потписи дека сте биле цело време а на пример за да не им се моткате ве пуштаат да си одите дома наместо неколку сати да сте таму ?
@matidos pozadi barakite na Interna klinika, vo malata zgrada do Nevrofiziologija. Dole ima edna vezhbalna i amfi 3, gore ushte edna vezhbalna ima.
А како планираш да научиш ако не одиш? Секако дека многу зависи и од тоа кај кој ментор ќе се паднеш, ама реалноста е дека на баш ниеден од нив нема да му текне дека 'еј имам студенти' па сам да ве бара, туку ти треба да си се ангажираш и да ги бараш нив, и во амбуланта, и на оддел, и во сала, и да си договараш термини на кои ќе се појавуваш, без разлика дали ќе бидат цели 8 часа, или макар 2-3.
Biohemija - Bogdanska, Labudovic, Krstevska, Topuzovska, Tosheska, Kavrakova, Cekovska i mislam sega vekje i Kostovska Genetika - Petlichkovski, Shukarova, Kochova
Да не мислиш на Академска книга? Таа ти се наоѓа спроти собрание, влегуваш во улицата наспроти стара железничка и вртиш лево на втората уличка. Така мислам беше. А јас да прашам дали таа анатомијата од фотокопирница е поскоцкана и поконцизна? Некако оригиналов не се учи од латински поими и детали.
Тоа е истата книга само што во фотокопирница е копија и е поевтина е во однос на таа во скриптарата во Деканат.Инаку без латинските термини тоа не би било анатомија,пробај да учиш со разбирање,визуелно со атлас,имаш толку убави 3д апликации на интернет,тоа е анатомијата доколку прв пат се среќаваш со овој предмет,секако дека ќе почувствуваш страв и сомнеж дали ќе успееш да научиш.Јас на сите ви посакувам среќна и успешна академска година,бидете упорни,посветени и редовни со учењето.Тешко е да,ама невозможно не.
Дали на анатомија вежбите ( општа мед.) доколку не се потпишеш се важи како минус? И дали се паѓа предметот доколку надминеме 3 минуси?
Ако не се потпишеш или кога прозиваат ако не се пријавиш, без разлика каква евиденција водат, нормално ќе се важи како минус, зошто како поинаку би имале како да знаат дека си била присутна - ова важи за сите предмети. Имаш право на два минуси, не на три, исто така важи за сите предмети; во случај на три или повеќе минуси не се паѓа предметот, туку за да оствариш право на потпис од асистент ќе треба да ги колоквираш вежбите на кои не си била - да ги научиш и одговараш усно пред асистентот.
Дали може некој да ми каже околу предметот физио 1.Прв пат го слушам и препрашена сум.Како учевте,од каде,како сте задоволни од предавањата,колоквиумите...
Jas uchev od nivnite skripti, dobri se. Za Gajton treba dosta vreme da se razbere i prouchi, normalno deka e podobar ama tie prevodi ne mi se svigjaat i zatoa ne gi uchev. Inache korektno e gore dole, za usno zavisi kaj koj ke se padnesh, mene cela katedra voopshto ne mi se svigja od nieden aspekt ama bukvalno. Ali se polozhuva. Nema potreba od plashenje
Што маки видов со предметов. Не дека е нешто ептен тежок но професорите се дно. По секој колоквиум на нивна катедра обавезно има колона од десетици студенти кои чекаат за увид. Мене за 0,5 поена не сакаа да ме пуштат и на крај ми дозволија увид и кога глеам цело есејско прашање не ми беше оценето... Испит зависи кај ќе се паднеш, јас се паднав кај таа една ниска русокоса со очила, боза беше испитот. Имаше една колешка што не знаеше што се алвеоли и што спаѓа во дишен пат и ја пушти со 6ка.