Некои совети од постарите колеги како да се учи анатомија? Буквално 3 саати блеам над книга никако латинскиве да ги запамтам без да ги гледам од атлас..
Па во ред само што сте почнале со учење, таман работа од прво читање цел скелет да се научи. Поделете го материјалот за учење, секој ден учете по 5-10 нови латински изрази, запишувајте ги најтешките и најважните зборови, вежбајте во група, асоцирајте ги со некој предмет, делете ги на слогови и како што ќе студирате понатаму несвесно ќе почнете да ги користите тие изрази најнормално.
Јас кога учев Анатомија, најтешки ми беа крвни садови и нерви. Не знаев каде почнува едната, каде завршува другата. Мене многу ми помогна цртањето. Ќе залепев до селотејп по 2 или 4 листа и ги цртав сите артерии и плексусите. Мускулите и нивните делби ги пишував на ворс документ, па после го принтав. Исто така, принтав слики од тие делови што не ми беа јасни (пр ете коски) и со фломастерчиња ги обележував рабовите со една боја, па страни со друга и така.. Нормално да не ти е се јасно од прва, јас уште се сеќавам како плачев кога 2 саати ја учев клавикула и никако не можев да ја сфатам. После се смеев колку била проста. И така. Среќно❤
Здраво, дали некој ја познава Пепица Кандикјан Кочмановска која работи на институтот за физиологија и што работи поточно? Ве молам пишете ако знаете, итно ми е.
Jas uchev samo od knigata i vo atlasot si gi gledav samo za vizuelizacija, inaku ako chitate bez panika i frustracija deka nema da nauchite - ke vidite deka se ima mnogu logika vo terminologijata i samata anatomija. Nemav potreba lichno ni togash ni sega od nikakvi crtezhi, pishuvanja i sl, mene mi e gubenje vreme toa a i zamaranje mi , plus se toa mi beshe naucheno vo sredno. A del od kolegite uchea so koski, so crtanje crtezhi, shemi, podelbi, crtaa po raka, memo cards i sl. Bitno e samo da ne panichite i da se organizirate Ke uspeete
Дали знае некој дали проверуваат уппи за продолжување стипендии? Бидејќи некои од постарите колеги ми кажаа дека не се замарале многу за продолжувањето, построги биле само за првиот пат. И дали некој со сигурност знае да ми каже дали iknow систем е цело време отворен? Пример ако полагам следна недела и доколку положам, дали ќе може веднаш да ми се внесе електронски и во индекс оцената или ќе мора да чекам зимска сесија?
Ајде еден совет од постарите колеги... Вреди да се купи учебникот по инфективно..? Колку би ми послужил во иднина?
Каде во Скопје можам да купам Littmann стетоскоп? Или ако нема, некој сличен поквалитетен и со цевка во боја?
Sekako ti treba za uchenje knigata nezavisno dali e kopija ili original. Original ne vredi posho nema nishto vredno a i ne e kvaliteten ich, stranite se lepeni i se raspagja na edno vrtenje Muki isterav dur uchev @Unicornus nema Littmann vo Makedonija.
За оригинал мислев дали вреди да се има како книга долгорочно.. Ама изгледа ќе ја копирам, штом велиш така.
И јас исто како @srcence1607 Учени ми се во средно, па само од слики гледам и од книгата читав теоретски и ги повторувам кои делови ги има коската иако сакам и да ги нацртам чисто за да сум сигурна дека сум ги научила сите делови и да не заборавам некој. Лесен ми изгледа материјалот некако засега.
Mojata e original ama ko da ne e, heftana e celata dzabe frleni pari, odma se raspadna @Dream-Girl raka e najboza
Немој да ме сфатиш погрешно, воопшто не ми е таква намерата. Ама од болдираново мене ми дојде тешко. 3 години веќе поминаа откако не успеав да се запишам на медицина и верувај ни ден нема а да ми е полесно. Деновиве морав нешто да одам до Државна и буквално се скаменувам на самиот влез, не регистрирам никој кога ми зборува само гледам околу мене и во себе умирам. Кога ќе поминам покрај факултетот само ми доаѓа сликата пред очи од денот кога бев да си ги подигнам документите. И ПРЕМНОГУ БОЛИ. Верувај, се би дала да сум "будала" што цела ноќ ќе учи хемија, анатомија и сите остали предмети. Најискрено, деновиве баш си мислев пак да пробам на медицина да се запишам и целиот труд од новиот факултет да ми падне во вода. Е до тој степен би одела за медицина. Треба да ти е чест што имаш можност да студираш на овој факултет затоа што верувај ми многу би сакале да се на твое место. Ти посакувам се најдобро и да го завршиш факултетот во рок.