Здраво дечки Сакав да ве прашам вас постарите колеги за совет и искуство во однос на учењето. Имам предмети и од претходната година, па сакам максимално да ги искористам овие месеци пред сесија. Кои сте желни споделете искуства и совети што ви помогнале во учењето- дали во еден ден учите еден или два предмети, дали вадите забелешки или директно од книга, се што ќе ви текне. Фала однапред❤
Jas ucham nekolku dena pred kolokvium/ ispit - direkt od kniga, i toa kako mi se otvori, ne idam po red i sekad raspredeluvam za da ne se zamaram premnogu, da mozham da si iam vreme i za socijalen zhivot
Пред 6 години дипломирав, еве го моето искуство. Само несакам да ве исплашам. Од прва до 3та година учев во читална, некогаш во ден по 14, а некогаш и по 16 часа(со паузи, нормално). Секој ден после предавања читав, полесно ми беше се да си прераскажам и нацртам во тетратки од учењето. Анатоомијата ми е цела по тетратки испишана. Усно на тогашниот ми дечко,сегашен сопруг му раскажував(ништо не ме разбираше, но мене ми беше добро да се слушнам на глас што зборувам). Од 4та година часевите ми се намалија во учење, можеби 5-6 часа дневно. Живеевме во стан, претходно во студентски дом. Повеќе окапував на вежби, и по предавања, самоволно си останував на клиника. Многу интересно ми беше. Да не ме сватите погрешно, не завршив со 9,9 просек. 8,7 ми беше крајниот просекдете сум на Недокторска фамилија, и се кај потешките професори се паѓав да полагам, и на државен бев такабев и стипендист 4 години. Битно ми беше и да не ја изгубам стипендијата, сама се школував и книгите си ги купував, зошто и сестра ми на ПМФ стидираше, и не сакав многу да ги оптеретувам моите родители. Забегав долго со постот, но одмори ретко имав за на лето, спремав сесии. Положив и дипломирав точно во предвиденото време. И за ништо не жалам сега. Си ја сакам својата професија
Дечки, ваквите прашања мислам дека баш не се продуктивни, што знам? Не ме сфаќај погрешно, само, секој си има свој метод на учење, и џабе му доаѓа споредувањето со други. Лично немав нерви да учам секој ден по цел ден, бргу губев интерес и си барав други занимливости. Во зависност од обемноста и тежината на предметот учев максимум по една недела пред испит, најчесто помалку, ама обрнував повеќе внимание на вежбите, додека предавањата не ми беа нешто многу полезни. При учење ништо не цртав/пишував (единствено анатомија 1 ја раскажував во тетратка но сфатив дека тоа само ми одзема време и ми е контрапродуктивно па баталив), а не користев ни маркери - скриптине буквално ми се чисто нови. Седнував, целиот материјал го читав еднаш, а потоа второто (по потреба и третото читање) не проаѓав сè, туку само она што при првото читање сум го запазила како поважно. Исто така, кога учев читав на глас што значи дека во исто време и се преслушував па полесно помнев, ова бидејќи сум од Скопје па си учев во спална без никој да ми пречи, ниту јас да пречам некому. По потреба, доколку увидев дека скриптата е лошо напишана, или доколку воопшто немаше материјал по некој предмет (ова веќе зборувам за клиничките предмети, од четврта и петта година), ги читав и презентациите кои професорите ги оставиле после предавањата, барав информации на PubMed, NEJM и слични сајтови, и гледав видеа на Osmosis - имаат 30 day free trial на вебсајтот, но имаат и канал на youtube па некои видеа им се наоѓаат таму, а се прекрасно направени, со графикони, цртежи, објаснувања, топ за учење на болести, од етиологија, преку клиничка слика, до терапија. Овој метод ми се покажа мене како најфункционален за мојот карактер и внимание, па го пројдов цел факултет со топ просек, без губење години, а си земав и стипендија. Пак ќе повторам, гледајте да си најдете метод кој вам ќе ви одговара, не се споредувајте со другите, и не си стварајте однапред психолошки притисоци и стресови дека е претешко и невозможно, зошто не е така
Дали вовед во медицина за колоквиум треба да се спрема од цела книга материјал или може и со прашања да се помине убаво?
Од книга за испит, оваа година на колоквиуми прашањата се паднаа од прво до последно, така и години уназад...
Здраво женски Прва година сум на општа медицина УГД и ми треба анатомски атлас од Неттер.Па сакав да прашам дали има некоја од вас што го продава тој атлас,ако има пишете ми лична порака. И ме интересира дали тој атлас ни треба само за анатомија оваа година или се користи и во следните години од студирањето?
Nema ocenka na vezhbi. Poeni stavaat, a raspredelbata na tie poeni zavisi od katedrata kakvi pravila si ima (dali se za prisustvo, aktivnost, meshano i sl) . Gi pishuvaat na kraj na semestar i na prijavite za ispit koga ke idete na usno za da formira ocenata na kraj
Се продавале копии по книжари за 500 денари. Оригинал во Штип појма немам дали се продава, во Скопје има во Академска Книга ако не се лажам. Дали ќе ти треба во иднина атлас, мене освен анатомија не ми затребало по ништо друго. Може колку да се потсетиш по некој предмет во иднина но до тогаш не би требало да ти е проблем анатомија. Нема оценки на вежби само поени. Едино може да има практичен испит ама тоа е друго.
Како иде добивањето поени од вежби освен присуството што е задолжително? Секој пат мора се да знаеш, да одговараш прашања и да си активен за поени и за да добиеш потпис или ако не си активен па ќе ти дадат поени и потпис само не сите?
Потпис добиваат сите присутни а поени 0.5 ти се присуство и 0.5 активност коа прашуваат да одговараш или дискутираш, сеа зависи за кој префмет прашуваш секоја катедра различно
Devojki da ve prasam vo vrska so atlasot anatmoski od neter tocno li e deka ima delovi koi falat mn, za vo treta godina? Deka taa od knizarata mi rece taka bilo i na kraj site ja kupuvale sobatta pokraj toa sto veke ja imaat neter Sto mislite vie koj atlas e najuspatliv
Osven za antomija za nishto ne ti treba atlasot. Shto ke ti e vo treta godina? I ne fali nishto vo atlasot na Netter posho jas i anatomija 3 spremav so nego odlichen beshe. A taa od knizharata, vrska nema sho se deshava pogotovo ete shto ti kazhala deka za u treta ke ti treba
Исти се двата, мислам зависи мене за анатомија 2 повеќе ми помогна Собота ама пак и Нетер е сосема доволен за да разбереш, сепак тоа е тоа сите елементи се означени на латински, така да кој и да купиш нема д згрешииш
Ne se rachuna taka spored otsustva. Treba na elektronskata evidencija da imate minimum 60% od prisustvo za da zemete potpis nekade ako ima spisok, potpishuvajte se na spisok