Па еве и rinlover од медицинско средно се определила за економски факултет без притоа да има основа за економија и ете остварила просек. Така е и со гимназијалците. Не мора да значи дека некој со гимназија нема да го биде во медицината. Потешко ќе му е, но не мора да значи дека нема да успее.
се е тоа точно, јас не ни сакав да ја дотерам работата во оваа насока но зазаборевме за основата која ние ја немаме во општите познавања, а они ја немаат во стручните Мојот муабет беше дека треба медицинарите да покажат интерес спрема овој факултет пошто имаат големо предзнаење и дека ќе им биде полесно отколку на гимназијалците. Дека е жално што медицинарите не ја усовршуваат ова студија а имаат огромна шанса, но нели секако, секој иде спрема своите интереси и желби. Не секој што учи медицина, го интересира медицина.
Тоа е главниот проблем. Добар дел од тие кои отидоа медицина, а кои лично ги познавам, отидоа на факултетот заради престижот кој го нуди белиот мантил, ако можам така да се изразам. Медицината е една од најхуманите професии која бара најмногу жртви, а додека тој кој ја избрал како своја животна професија не е свесен и спремен за тоа - џабе. Мене не ми е јасно зошто ваквите се запишуваат на медицина. Зошто си го трошат времето на нешто кое не ги исполнува. Тука не е важно дали си од гимназија, од медицинско или од некое друго стручно средно, важни се нештата кои ги набројав погоре; иако не го оспорувам фактот дека медицинарите имаат веќе сосема солидна основа од средното, ако се сака може да се постигне ама баш сè, нормално, доколку навистина се има желба и љубов кон професијата.
Тоа е проблемот. Повеќето, ако не и повеќе се запишуваат медицина и покрај тоа што не ги интересира медицината како наука, туку од разни причини, дали моќта на белиот мантил, демек ако го носат повеќе ќе бидат почитувани, дали поради желба на нивните родители. Многу малку ја сакаат медицината. Убаво кажа медицината бара жртви (зависи од струката), медицинските сестри се оние кои се соочуваат со поголем стрес и повеќе работа, тоа и докторите можат да го потврдат, 24 часовно работење, постојана нега и грижа на болните, не секој го може тоа. Важна е желбата и љубовта спрема она што во иднина ќе го работиш. Ако тоа го нема, нема ни успех во работата да има, само механички и ладно ќе се праве она што се мора, без никаква грижа на совест, а тоа е најмалку потребно во лекувањето на болните. Јас искрено не би сакала некоја сестра/доктор кој ме прегледува да се однесува дрско, грубо и незаинтересирано за она што треба да го работи.
Некој што е запишан на смер медицинска сестра или што е добро запознаен со смерот што и како има ли?? Ајде јавете се срцки
НЕКОЈ ДА МИ КАЖЕ ДАЛИ ИМАМ ШАНСИ ДА СЕ ЗАПИШАМ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО НА ОПШТА МЕДИЦИНА СО 70 ПОЕНИ. НЕ БИДУВА НА УГД, МН СЛАБА СУМ И ДАЛИ МОЖЕ ВО ВТОР УПИСЕН РОК.
Јас мислам дека ,воопшто имаш слаб успех за да размислуваш за медицински ,сепак такви се критериумите
Еве јас учам средно медицинско и колку и да имам познавање не би продолжила на факултет на медицина барем за сега. А дека ќе им биде полесно на тие од медицина точно е, но за време на средното се премислуваш и сфаќаш дека не сакаш да бидеш доктор/медицинска сестра па и економски да продолжиш на факултет зошто да не
Девојче вкупните поени се 100, јас си ги сметав и имам 66, 22 поени до сега од кои 56,22 од успех ( од можни 60), 4 поени од проектна физика (имам 5ка истата се множи со 0.8 ) и 6 поени од интерниот по Биологија( имам 5ка помножена со 1.2) Да стигнам до 80 ми фалат уште 13,78 поени, а тие ме следуваат од трите екстерни. Инаку од трите екстерни можеш да освоиш најмногу 30 поени. Како што гледаш мене не ми се потребни ниту половината . Aма барем да имам за во прв уписен рок. Али озбилно загрижена сум. Oooo Medicine, my big, big, big, dream.
Медицината е наука во која се случуваат чуда Јас уште од сега си кроам планови.Еве на средно медицинско се запишав сега
Јас искрено не сум многу навлезена за во медицината, има време за факултет али сакам да кажам дека голем број од тие што се запишуваат на средно медицинско завршуваат на сосем друг факултет, не сите да се разбереме има некој што навистина има љубов кон професијата али одат и како што кажа некој пред мене заради престижот од белиот мантил, за жал.
Резултатите од матурата сеуште не се излезени, така да не губи надеж, можеби ќе имаш и повеќе од 13,78 поени на екстерните.
Па добро, затоа и реков, не секој што учи медицина тоа го интересира. И јас учам средно медицинско, ама го учам затоа што многу ја сакам професијата и ме интересира истата. Луѓе и на денот на уписи за факс се премислуваат и запишуваат нешто сосемо трето а не па уште во средно. Ехее, уште колку време ќе има. Еве и јас душа давам за на општа да се запишам ама многу се плашам и со години копнеам за тоа да се запишам и се повеќе како се наближува времето за уписи, ме фаќа страв и се мислам дали да запишам 3 годишни студии за сеста. Не знам ни јас, се уште размислувам што повеќе ќе ми одговара и сега а ќе ми го испати трудот во иднина
Ќе може некоја од вас што студира физиотерапија да ми прати ЛП Итно ми е имам неколку прашања па ако сака некој да биде љубезен
јас сакам да продолжам на медицински. но се двоумам дали да биде странство или тука во мк. некој да сподели некое искуство од типот студирање во странство и слично...
Ако имаш услови, дефинитивно оди во странство! Порано или подоцна и ние од Македонија ќе одиме во странство. Така да без дилема