0.5 се на заокружување,1 есејско секогаш било така, инаку мислам дека девојчето што праша не е општа така да веројатно немате иста програма
10 поени е писмениот тест. Сите се по 0.5, запишав во понеделникот баш кажуваше професорката. Секој на свој начин си сфаќа, затоа и сите свои верзии си имаме. Нема врска, ќе видам утре.
Сакав мислење од постарите колеги за карлица,веќе што ја полагале,како ја учеле и што ги прашувале на испит.сепак сакам од сега да ја знам гледам дека е многу комплексна,нема шанси да се учи 5 мин до 12
Карлица мене ми беше доста лесна и од анатомија 1 и анатомија 2. Секој елемент наоѓај го во атлас и/или на интернет, а има и апликација на телефон, Human мислам се викаше кај што елементите ги гледаш во 3Д. Без паника, сите бевме така исплашени на почеток, но верувај со доволно труд нема нешто што не може да се научи
Карлица мене ми беше најлесно нешто од анатомија... Не знам може изгледа покомплицирано на прв поглед ама мислам дека најдобро поминавме сите на ксрлица, лесно беше
Ke se soglasam i jas, karlicata e prelesna, nema nishto spektakulano vo nea zboram za vo kecot, poteshka e vo anatomija 2 koga treba da se nauchaat soodnosi, ova ona so/i organite, inervacija, vaskularizacija i. sl a vo sporedba so site delovi, najlesna e da. Tek za anatomija 3 e glavnoto uchenje taka da chuvajte energija za togash. Se ke zaboraite od anatomija detalive sea sho se zamarate, bazata e najbitna
Писмено положив анатомија ама за усно искрено страв ми е малце. Толерантни ли се ако од паника нешто малку не ти текнува или се збуниш? Како се одвива уствари усно колоквиумот, поготово на коски што ќе е, а сега и артерии, вени и нерви ќе се плус, како да ги објаснувам, во глава да си ги имам некако замислено?
јас како што видов денеска, многу студенти се паднати... буквално чистка ви направија така да мислам дека усното ке ви биде полабаво нема многу да ве замараат,ионака веке бутнаа повеке од 50%, инаку многу се толерантни и да не можеш да се сетиш помагаат со асоцијации па објаснуваат,прашања си влечете ке ви дадат најверојатно ливче да си направите концепт малку општо за артеријата или нервот и после конкретно тоа што ти бара прашањето, не е страшно ке видите, океј се на усно битни работи бараат не им се слуша многу не навлегуваат толку во детали
Да, 40тина% од цела генерација положено само имаме, тежок тест беше многу... Аха, епа фала ти многу, малку ми е полесно сега, бидејќи на тестот многу ситници што мислев дека се небитни имаше, па викам уште вака на усно ако е, цела ќе се испомешам.
Факултетот во Пловдив велат бил мошне добар за медицина, но школарината е 8000ЕУР за една година. Не знам како е со стипендии...
A dali ke greba da ucam koi muskuli se pripojuvaat koga ja ucam karlica samo za osteologija ? i na primer koi ligamenti pominuvaat bi trebalo i toa da ucam? И јас положив писмено Кога реков дека ке бараат ситници ! такви совети добивав и затоа гледам што можам повеке да запамтам .
Не знам, тие шо учеа се на памет и ситници испопаѓаа зошто се им се измеша. Мојот метод на учење е таков, навикната сум да го учам најглавното, со разбирање (никако на памет) и да правам селекција на материјалот, сметам дека не е ни ефективен тој метод да не тераат да учиме такви работи, подобро поглавното и нешто бар да ни остане во меморија отпосле... Како и да е битно сме положиле, честитки колешке и на тебе.
Апсолутно не се фалам,но пред да го почнам факултетов уназад слушав многу поплаки околу анатомија ,како се губат години итн ,но некако мене ми тргна со разбирање и јас го учам ,мислам разбирам што зборам кога раскажувам и од голема полза ми се 3d на мобилниот кога ке ги видам коските а сега видов имало и на интернет,денеска баш тоа си мислев,порано студентите немале ваква можност да ги видат коските и во 3д само на вежби памтеле колку можат,ке видам како ке оди понатаму.и на тебе и на сите останати честитки а и на оние кои не положија да не се обесхрабруваат,само прв колоквиум беше. Инаку мислам дека книгата за учење ни е катастрофичка бидејки сам треба човек да селектира некако што да учи од лекциите бидејки некако се гледа дека му е преведувано и само лепено што се вика од странски книги некако не раскажано него само набројувано ,мене ми е конфузно навидум навистина мислиш којзнае каква тешка е лекцијата а кога ги видов некои коски објаснати на youtube se mi stana jasno kako den.
За првиот болдиран дел: си го слушала тоа и ти а впрочем и сите други, не оти толку биле потресени или неспособни тие студенти да научат, туку зашто постоеја професори кои беа страв и трепет, кои бараа ситници кои не би му требале никому освен ако не решиш да работиш на таа катедра, и кои паѓаа за, на пример, 0,2 поени. Па замисли како е да изгубиш година за нецел поен, оти не ти текнало име на гранка од гранката на главната гранка на некој нерв. Е, откако истите тие професори се во пензија а катедрата има нов шеф, работите се сменети за 180° и начинот на предавање и полагање е многу олеснет за вас. За вториот болд: оваа книга по анатомија ви е сега нова, од професорите на катедра, што е огромен плус и за секој поздрав оти се обиделе да ви олеснат со наоѓање и спремање материјал. Секако дека секој сам ќе си прави селекција на главни и не толку важни информации за колоквиуми, зошто на крај секој може да се падне за усен испит кај било кој професор (не само по анатомија, туку по сите предмети), и секој професор има различен начин на испрашување и обрнува внимание на различни работи, па или ќе ви треба да учите сè до детал, или не. Ќе видите понатаму на клиничките предмети дека по голем број од нив не ни има книги па студентите се снаоѓаат со странска литература (хрватски и амерички книги) и учење од проверени веб страни. Се надевам дека дури да стигнете вие до клиничките предмети, ќе им текне да извадат некоја книга и да ви ги олеснат студиите, зошто верувај дека имање на скоцкана книга многу значи
За анатомија нели има 1,2,3. Ехее,до 3 колку мислења ќе се сменат за анатомија. Ова енос почеток ни е,додека завршиме..
@Gregoriana ние кога полагавме анатомија беше пред 4,5 години и целиот концепт на нашето полагање, книги, тестови и професори тогаш, е сѐ сменето сега и затоа не знам сега што и како бараат за да ти помогнам конкретно. Најдобро е да учиш ома што ти мислиш дека е важно да се знае додека читаш. Ние едвај книги добивме тогаш, практикуми не ни постоеа по тој предмет и сл. Магс е скроз во право за губењето години, и претходно имав пишано околу тоа. Нашето положување зависеше само од тоа чив тест ќе добиеме. Можеше да ни се падне тест на Живадиновиќ или Ники и да положиме 18/20 души кај неа или да добиеш на Стратевска тест и да паднат 18/20 души. Тоа беше првата борба, е после усното беше следниот хорор у случај некако да си го положил тестот на Стратевска кај што знаеш дека на усно 90% ќе те падне И ова вака функционира на 90% скоро од сите катедри и предмети. А на клинички дека нема книги, нема. Вежбаш јазици до полагање као гратис на студииве, така да и такви се бољи него ич да ги нема Во секој случај ова ќе ви трае дури влезете у шема и да се навикнете. Јас како и сите други, сме отрпнати на се со годините, и промени и принципи и неправди и свашта
Еднаш да ми се паднеше тест од Папазова, само еднаш кога ќе го видев тестот како научна фантастика, знаев каде ќе полагам усно=Стратеска Постресен период од анатомиите немавме во цел факултет, нашата генерација
Кај проф. Стратеска мораше да имаш се убаво напишано, читко и јасно, во спротивно и за тоа се кратеа поени. Ама и на проф. Матвеева тестовите не беа баш лесни. Најмногу прашања имаше од шака и стопала, а тоа на сите студенти најтешко му беше. Ама сепак, срцка е професорката, имам полагано и кај неа .