Не вервувам дека асистентите испрашуваат. Само напишав во смисла дека различни луѓе испрашуваат и затоа сме во ист термин.
Јас мислам дека регија ќе влечеме зошто пред дисекциона сала беа наведени регии и пишуваше испитни прашања за 1 континуирана проверка по анатомија 1. Ама само мое мислење. Па за таа регија, би биле прашувани прашања можеби.
Epa po novo e neshto ova, kaj nas ne mozhea da isprashuvaat site shto imaa ponisko zvanje od docent. I na kolokviumi i na ispiti, isto e i na klinichki predmeti.
Кај нас асс веќе нема, по ново има демонстратор. Тој држи предавања и колоквиуми. Профа само за испит.
Ние кога полагавме професорите испрашуваа и колоквоуми и испит. А сега усното за колоквиум, нели ви е истиот материјал што го полагавте писмено? Топографија нели ви е за крај, за во јануари?
Да, така ни е. Не ни кажаа кај кој полагаме, во среда ќе сме виделе кој ќе ни се погодел у термин така да ништо не се знае. Среда ќе видиме што како е.
Dobro, toa e skroz druga pricha, site tri univerziteti rabotat na razlichni principi a za DUT vrska neam tamu shto se deshava. Nashive komentari se za na UKIM kako e hierarhijata za isprashuvanje.
Анатомија 1, пред неколку години јас кога полагав, на колоквиумите испрашуваа и професори шо обично беа во термините наутро и асистенти во термините попладне. Бидејќи немаше ваков преелиминарен тест, туку само усен колоквиум, а бевме многу студенти имаше термини за полагање дууури во 17-18h.
Мислам немс врска кој е сабајле кој попладне и мене така ми збореа ама мешано беше и испрашуваа сите за побрзо да завршат најверојатно и сега така ке биде, а тоа дека се полага до касно тоа секогаш е така затоа што колку што знам ја вкупно 24 групи се... Хисто се случувало и до 8 навечер да чекаме и да ни речат дојдете во понеделник деца
Ајде сега јас идам со резиме од изминатиов месец. Кога почнавме со првите вежби, тоа беше после 1 недела на предавање, петок, а потоа дома требаше да си одиме... Ме фати таква паника од тоа непознато, на атлас гледам плоскати работи, а на коска грешавав и страни и сѐ. Прво предавање, одма паниките, купив атлас од академска книга и дома си се вратив со првиот автобус и мислев дека таму ми е најубаво учењето откако не заседнав ваму 3 месеци. Паниката не почна од тој ден, почна од 2 октомври кога Живадиновиќ почна да предава и почнаа да ме пукаат филмови како ништо не знам, како ми е тешко. Помина месец, тешко е... посебно таа фаза на прилагодување и плус нови работи, ама со секој ден поминат над книга, пред сѐ желба и упорност - можно е. Е сега, пред сѐ - би напоменала дека има разлика и повеќе е среќа во прашање. Јурковиќ(ч,ќ)-не знам се падна и мислам дека подобра од неа не постои барем засега на институт. Значи сите нѐ помина и јас не знаев за една гранка бидејќи, реално сѐ уште не знам освен восприемање информации селектирани поинаку да учам, народски "напамет", сѐ се меша, посебно припои на мускули колку и да имам визуелизција при учење... Ама ми даде 14/15 затоа што пак кажав за сите прашања, посебно последото ми се погоди плексус брахиалис општо, само стеблата и гранките. Писменото 8.5... сепак си велам пак трудот ќе се награди. Ако не сега, може кај вас друг пат. И плус, и мене ми следи паѓање, колку го искусиш со повреме можда подобро е. Со моето учење неучење,а не велам дека е минимално само не сум го нашла ефективниот метод кој нема да биде од денес за утре и сѐ ќе се заборава, ќе паднев кај Аце што ми е асистент и Биљана кај која 90% паднале. Така што... не знаев дур не дојдов на медицина дека и среќата е пресудна, а кога збориме за почетничка...ова е тоа. Нетипично за мене ама не се разочарувајте никако. Има поправни, нема демотивирање. Плус... правев паралела како од толку изгубеност и незнаење кој правец да се фати, успеав да извлечам нешто добро што дотогаш сум мислела дека е невозможно и е научна фантастика. Не ми се допаѓа системот, посебно соодносите. Учете од слики, демек можам да ги барам во атлас, а на интернет артеријата ја има ама не со сите садовно-нервни елементи и мускули, така што пројде, се надевам нога ќе е полесно, а тоа ќе почне да се учи одма после колоквиумска. И остана вовед кој треба да почне да се спрема, ама некако после колоквиумска сум исцрпена, а после факултет не ми се спие за чудо. Ќе го почнам. Ајде гушки и само напред.
Ајде и мое резиме за месецов Искрено малку се разочарав од однесувањето на асистентите. Значи кога заклучија од прва вежба дека сме ПРОСТА ГЕНЕРАЦИЈА, превртување на очи ако секунда се замислиш за одговорот, се понашаат ко да се не знам ти што, а асистенти се, не можеш да ги прашаш ако нешто ти е нејасно бидејќи ќе те направат партал, на анатомија вежби ти даваат коски и излага асистентов и ти вели за 15 мин ќе прашувам за humerus на секоја клупа (пример давам). За тестов анатомија проф. Живадиновиќ едно кажа, асистентиве друго, а тестот испадна скроз трето. За професорите ќе кажам дека се добри, убаво предаваат и се разбира тоа што го предаваат. Материјалот е обемен, да, но мислам дека се постигнува да се научи се. Месецов ми беше многу стресен, се ми е ново, уште не можам да се навикнам, но ќе биде наскоро
И ја истово мислење со @Lollipop_123 го делам. Катастрофа асистенти, не се достапни ништо да ти објаснат, лечат комплекси врз нас. Плаќаш 200 евра семестар, а уствари ништо посебно на факс освен стрес не добиваш. Ако не разбираш и сам не си помогнеш и објасниш дома џабе... Никаква мотивација и поддршка не ти е никој, не третираат со многу лош однос, со чест на исклучоци... Исто и со тоа шо едно кажуваат, а друго излегува за материјал за колоквиум. Денеска на усно ме прашаа работи шо шефот на катедрата рече нема никој да ги прашува, не учете глупости такви од тип физика на зглобови. За некој мајка, за некој маќеа е факсов. Ама откажување нема, колку и да ме деморализира сево ова, желбата да успеам и љубовта кон медицината нема да ме натераат да се откажам. Со труд и мака ќе се успее. Едино сум задоволна што групата на вежби ми е супер колегијална и убаво си работиме, барем нема себичност у тој поглед, сите сме си вредни. Ете и нешто позитивно.
@Lollipop_123 @Dream-Girl Toj stav na prof i asistenti na bazite ke go skapirate za nekoja godina koga ke vlezete potpolno vo shtosot i ke vidite kako funkcionira cel zdravstven sistem, klinikite, politika, zakoni i sl. Toa ne e izgovor, ama seto toa ima glavno vlijanie vrz se shto se deshava. Ipak i tie se obichni lugje/rabotnici na krajot od denot. Mene Ace mi beshe ass (drugite ne gi komentiram posho bea i ostanaa isforsirani i so sila napikani na tie poziciii kaj shto se sega) ali muabetot mi e deka chovekot ne e losh, kao i drugite tuku samo ve spremaat za toa shto iskreno ve cheka a ne ste ni svesni, a toa e opstanokot na faksot. Ne mi e poentata da deluvam demotivirachki ili negativno tuku bash da se ojachate za da ne se iznenaduvate ponataka. Primer: sega vi e isto ko u prva sredno, koga se upoznavte, site se sakate, besties forever bla bla si pomagame, si uchime zaedno. I do matura pola generacija ochi ne saka da si vidi Sad but true Tuka se menjaat lugje, grupi, karanja, dechkovci, licemerie, ogovaranja, lazhenja, muabeti, trachevi, haosi sve i svashta sme videle za ovie godini pominati tuka, uzhas. pogotovo periodot koga se fakja uslov pa se deshavaat borbi za mestenja kaj prof i gazenje preku leshevi za fakjanje uslov. Motivacija ste si sami na sebe i nikoj drug tamu ne go stava drugiot pred sebe, shto e normalno. Sekoj se bori za sebe, za svoeto znaenje na svoja sovest so svoi sredstva i metodi (kakvi god da se). Teshko e ama se uspeva. Okej e da dobiete pomalce bodovi, okej e da padnete, ima shansi, sè se polozhuva. Koga ke polozhite, be proud na samite sebe i terajte na sekoj nareden ispit. Stresot e ogromen ama zadovolstvoto na kraj studii ushte pogolem