Потпис од спорт и здравје е условен за упис на втора година. Според мејлот од кој имаше слика во групата пишуваше дека часовите ни се сведени на минимум и никакви отсуства не се дозволени. Доколку не одиме на овие и се одлучиме на тие в сала, треба да одржиме 30 часа како што било предвидено според курикулумот.
Од 27ми декември до 8ми јануари сме слободни, така што има доволно време за да се припремат неположените работи.
Од деканат вадиш потврда за редовен студент, со неа и со индекс на увид одиш на некој од шалтерите на ЈСП каде што издаваат картички, ќе те сликаат и ќе ти дадат годишна картичка. Потврдата за редовен студент сигурно знаеш дека се плаќа на уплатница 100 ден., а во ЈСП за картичката се плаќа 200 ден.
На тие што паднаат колоквиум анатомија уште до физичко му дошло па искрено и мене не ми се оди Да прашам за една роднина од стоматологија ,прашува на која страна од неттер атласот може да најде за пазувен предел (regio axilaris) ? jas i posociv no ne e zadovolna вика дека неможе да научи бидејки не гледа скоро ништо на страната што и ја пратив ,на мојот атлас само на таа страна има за фоса аксиларис ,што да и пренесам каде да бара во атласот како би научила полесно за пазувен предел (regio axilaris)? fala
Нека побара слики на интернет, исто и видеа има за буквално се. Исто на вежби нека обрне внимание на лешови кога покажуваат професорите. Може на слика перфектно да научи се, бидејќи сите елементи ги има, а кога ќе дојде на кадавер да полага да и биде тотално нејасно, бидејќи многу елементи нема и не се познаваат/разликуваат.
Здраво , ме интересира каква улога имаат поените од вежби МИФ што беа пишани до резултатите , и дали ако имам помалку од 4 поени се важи положеното?
Здраво, ако има некој постари колеги на форумов од СРТ. Дали имате некој прашања по фармакологија? фала ви
Мислам поените од вежби си се исклучиво за вежбите поврзани, согласно колку си била активна. Но не секогаш се реални, има колеги што добивале максимум поени, а глас не им се чул на вежбите; и некои кои секоја вежба се подготвени и активни, па не го добиваат максимумот.. Поените во формирањето на крајната оцена влегуваат, кога се собираат сите поени од тестовите, присуството на предавања итн. Ако резултатот кој си го добила, бил над минимумот, тоа значи си положила, не се грижи
Здраво, да прашам за потврда за редовен студент дали да уплатам 100 ден на сметка на уким или на сметка на медицински?