Не дозволувајте да имате повеке од 2,договорете се до асистентот заменете вежби иначе мислам дека колоквирате
Во аптеки кај нас, или да си купиш од странство. Само ако нарачуваш онлајн, гледај да се официјални сајтови, да не те прелажат.
Да прашам колку да не е прашано, дополнителните текстови ги читавте по ембриологија? Дали се паѓа некое прашање од нив? Секако ќе ги поминам(зависи од тоа колку времето ќе соработува со мене, нормално), а и интересни се.
Па професорката рече ќе имало некое прашање и од нив на тестот така да за жал цела книга е за колоквиум
Дали книгите психологија и физиологија на клетка се нови изданија? Имам книги од постари колеги и се мислев дали има потреба да купувам нови или тие се истите изданија и ќе ми завршат работа...
Психологија е истиот од 2004, а физиологија е нов 2019, има измени во однос на стариот (нешто скратено, нешто додадено) и е правен во однос на самите предавања од професорите.
Сакам да ве прашам колку е цената на оргинал учебници од факултет по Морфологија и физиологија на клетка,Ембриологија и хистологија,Основи на хумана генетика? Ако може некој да ми каже
Генетика мислам дека само во копирница има, нема оригинал, ама мислам. Најдобро да си видиш во книжарницата во деканат што е, има листови од страна, и си пишува цени за се.
Шо е финтата со овие избори на медицински факултет за претставници и не знам шо? Задолжително ли мора да се присуствува или кој сака иде?
пожелно е да одите и да гласате бидејки се избираат 3 кои ке ја претставуваат вашата генерација, мислам дека веке нема да има координатори
Над 60% за потпис мислам. Ама како шо почнале со списоциве пуштање по секој предмет ништо од ова изгледа нема да важат. И колеги што се презапишани рекоа дека не ни гледале многу ова со картиците, колку е точно не знам.
Дали во институтот за анатомија мора да се закаже за да земеш коски за вежби ии до колку саат смееме?
колку што знам ја не мора да се закаже само треба да одиш и да погодиш коа немаат вежби т.е коа има слободна вежбална