ке има отворен ден на медицински факултет за идните студенти на ден 16.04.2011 год. (сабота) и 28.04.2011 год. (четврток) во периодот од 09 до 17 часот, во деканатот, може таму да се распрашаш подетално, поздрав
Јас сум заинтересирана за медицина и сакам тој правец да го одберам ве молам сите кои се насочени во таа насока да ми напишат примери од нивните искуства која година се како се чуствуваат дали имале проблем со прилагодувањето таму
Медицински и стоматолошки се два различни факултети, кажи за кој посебно те интересира. Имаат различни деканати, управи, квоти
obrazovanie/stomatoloski-fakultet-t3722/ Еве има тема за стоматолошки, за тоа можеш таму да се обратиш
Знае ли некој колку најмалку бода требаат за Општа медицина во Скопје, а колку за во Штип? Има некој ваква информација?
За во Штип секако ти требаат помалку бодови, лани за во Скопје требаа најмалку 92 поени, додека во Штип со 80 и помалку од 80 дури мислам и со 70 и некој поен беа примени и тоа во државна квота а плус останаа места и во вториот уписен рок, што не беше случај и со Скопје, кадешто се пополнија местата во првиот рок. Еве на оваа страна од факултетот http://www.medf.ukim.edu.mk/mk_content_ ... =7&jazik=1 можеш да ги разгледаш сите предмети кој во која година се учи, за учење си има прилично мн, но тоа е ... имаш и распоред можеш да погледнеш на страната и да видиш колку часа дневно се поминуваат, отприлика пред 14, 15 часот не си дома ( најчесто почнувајќи од 8 ) позз.
Знае ли некој како се одвива специјализацијата? Дали истовремено може и да се работи? И колку отприлика чини специјализацијата? Пред некое време прочитав дека изнесува околу 10 000 евра
специјализацијата обично трае по 5 години отприлика, една година чини до 2000 евра, зависи сепак за областа за која ке се одредиш, но сега нешто најавија измени, не знам дали ќе се усвои тоа....за работа , пак зависи колку ќе си флексибилен со специјализацијата, може да одиш на специјализација и да работиш попладне, повторно ти кажувам зависи колку ти е флексибилно местото како специјализант.
Да, треба оригинал документи,и мислам дека во истиот рок не можеш да алицираш на двете места. А за тие што сакаат во Штип, мислам дека доколку имате успех подобра опција ви е во Скопје, бидејќи повеќе се учи тука и подобри услови има колку толку, иако не е сјајно. Некои што живеат во Штип доаѓаат тука поради тоа а и оние на кои им бил поблиску Штип се одлучиле да дојдат тука бидејќи сакаат да научат нешто повеќе. Во Штип колку што знам од другари што имам таму порелаксирано им е, не се замараат толку колку тука, но вежбите се на кукли а тука на лешеви. А утре ќе треба да работите со луѓе а не со кукли.
не можеш, убаво ти пишале само со оригинални документи се аплицира. ако не те примат евентуално после ако има слободни места на другиот факултет, во втор рок. затоа убаво размисли си и реши се точно за каде сакаш
Дај кажете како е сега за запишвање за специјализација,како одат работите? Дали има места,колку пари,каде? Се ме интересира,јас учам Бугарија,ама сум при крај и можи да се вратам тука кај нас,пошто ми е смачено од настрана...
Девојки јас сакам да се запишам на медицинскиот факултет во Штип но не знам апсолутно никого таму ни па некој од мојот град дека учи таму ако има некоја феминка што ке се запишува таму нека ми пише..би ми било мило да имам некоја другарка со мене...поздрав...